- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
Немири во Косовска Митровица по натпреварот Турција - Србија
Албаници и Срби се каменуваа на мостот на Ибар!
Во 10-минутното каменување се повредени седум лица, а се слушале поединечни и рафални истрели од огнено оружје
Седум луѓе, меѓу кои и еден припадник на ЕУЛЕКС, прексиноќа се повредени во немирите во Косовска Митровица, што избија по завршувањето на кошаркарскиот натпревар Турција - Србија. До немирите дошло откако околу 500 Албанци прославувајќи ја победата на Турција, се упатиле кон главниот мост на Ибар, каде што биле пречекани од Србите, кои го следеле натпреварот во околните кафулиња. Настанало десетминутно каменување, но се слушале поединечни и рафални истрели од огнено оружје. Нешто подоцна на мостот дошле и припадниците на ЕУЛЕКС, кои околу полноќ, со помош на солзавец делумно ги растрале Србите, кои целосно се разишле околу два часот по полноќ.
Во болницата во Косвска Митровица хоспитализирани се петмина млади луѓе од српска националност, од кои еден е повреден со огнено оружје во левата рака, но ниту еден од нив не е во животна опасност. Портпаролот на Косовската полициска служба (КПС), Бесим Хоти, изјави за Танјуг дека припадникот на ЕУЛЕКС е повреден на главниот мост на реката Ибар откако бил погоден од куршум во нога. Меѓу повредените има и еден етнички Албанец, а од канонадите камења се оштетени се и четири возила на косовската полиција.
Вчера во Митровица состојбата беше мирна, а од раните утрински часови на главниот ибарски мост комуналните работници ги собираа купиштата камења. Потоа, мостот е
отворен за сообраќај, но се забележливи засилени патроли на КФОР, јавува Бета.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CDC50907F230AE48AF9968ACA626F28F