Пакет за македонски јазичен интерфејс за Windows 7

  • Креатор на темата Креатор на темата toni-bitola
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2009
Мислења
671
Поени од реакции
557
Локација
Битола
ИЗВОР

Од неделава е достапен пакетот за јазичен интерфејс за Windows 7 на македонски јазик.



Овој Пакет за јазичен интерфејс (ПЈИ) за Windows обезбедува делумно преведена верзија од најчесто користените области на Windows. По инсталирањето на ПЈИ, текстот во волшебниците, дијалог-рамките, менијата и темите за Помош и поддршка ќе биде прикажан во јазикот на ПЈИ. Текстот што не е преведен ќе биде на основниот јазик на Windows 7. На пример, ако купите англиска верзија на Windows 7 и инсталирате македонски ПЈИ, дел од текстот ќе остане на англиски. Можете да инсталирате повеќе од еден ПЈИ на еден основен јазик. ПЈИ за Windows можат да се инсталираат на сите изданија на Windows 7.

Истиот можете да го преземете од следниот линк (достапен и за 32 и 64 битна верзија)
 
откако се инсталира.. дали може да се избрише? и дали може да се врати на англиски?
 
Добра новина ама не сум многу убеден дека ќе се користи. Горе доле сите сме "навикнати" на Англиски јазичен интерфејс. И мислам дека кога ќе се инсталира на англискава верзија добар дел од текстовите ќе останат на Англиски.
 
Долго се чекаше ова.

откако се инсталира.. дали може да се избрише? и дали може да се врати на англиски?
Е ај да неможи. Можи и да се менува јазикот без одстранување. Пример ставаш вакви 10, и си бираш 1. Не треба дури ни рестартирање, треба само log off - log on.
 
Абе јас сум толку глуп или шо е работава? :)
Јазичниов интерфејс не мом да го инсталирам, значи фајловите што ги симнав од мајкрософт страната се *.mlc
Како да ги инсталирам?
 
Абе јас сум толку глуп или шо е работава? :)
Јазичниов интерфејс не мом да го инсталирам, значи фајловите што ги симнав од мајкрософт страната се *.mlc
Како да ги инсталирам?

Двоен клик o.0?
 
Двоен клик o.0?

Не ми ги препознава бе брат.. unknow ми ги дава. Али како и да е.. се снајдов
Средив преку Контрол панел таму во региони.. вамте-тамте, имаше нешто како импорт на фајлот и така :P
 
ЕЈ ми треба вакво за 2003 windows итно ми е а неможам да ја најдам темата никаде ај ако може некој линк да симнам.Го имав на цд ама ми го нема сега а итно ми е ( до понеделник морам да го имам)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom