Аууу Абрамович и остали пропагирале за правилото и најголеми борци за фудбалот испаднаа. Бре бре, жими таквото. Кога имаа пари за нови играчи не го бараа правилово така? Отиде сега пола богатство на Абрамович кај жена му, Берлускони троши на курви и ете ги борци за фудбалот. Правилото е тапа како и да е, се знае кои клубови имаат заработувачка и САМО тие ќе можат да се засилат. Стоук или Мајорка со 100 дреса продажба годишно што ќе може да купат?
Ако до толку се загрижени за фудбалот, нека воведат правило за играчи од академијата да мора да играат во прв тим. Нека бидат 6 од нив. Останатите 5 да може да бидат донесени од друг клуб. Каде ќе оди тогаш и Морати со 0 Италијани во прв состав или Абрамович со пола Африка во Челзи. Тогаш фудбалот ќе биде каков што бил, а не бизнис.
Кој како перцепира бе. Јас сметам дека ова е голема грешка, и мамата на сите тројца, најмногу на Платини ко четврт. Само ти си ми контрадикторен, еднаш велиш „испаднале најголеми борци за фудбалов“, а после викаш дека регулатививе кои тие ги пропагирале се тапа.
Како и да е, ова правило е најкапиталистичкото шо можи да се донеси, Манчестер Јунајтед како најискомерцијализиран клуб е прв шо ми иди на ум дека ќе профитира од ова. После и Реал е тука, и Барселона не е многу далеку, како и Баерн Минхен.
Имајќи во предвид од кога фудбалот е бизнис, од кога фудбалерите/тренрите се професионални работници, јас мислам оти малку појќе си закаснил со барањето. То шо го бараш можи во Северна Кореа. Иако веќе еден фудбалер станува акционерско друштво, ти не можиш да му забраниш право на избор на подобра средина за него.
Друго шо е терсене, многу земји има и секаде различни регулативи и системи. Од „најголемите“ ко ќе тргниме: во Шпанија буквално се е така „подесено“ да биди во полза на посилните, пред се Реал Мадрид (зад кој стои кралската столица) и Барселона (зад која стои Каталонија, најбогата шпанска провинција или како и да се смета); во Англија ко ќе тргниш од медиумите се е насочено против најјаките екипи ѓомити во корист на „помалите“.
Нека има 6+5 правило бе, нека има, ама ко ќе можи и Челзи да регистрира
втор професионален тим во пониските англиски професионални лиги ко што тоа го имаат Реал, Барселона, Севиља, Виљареал во Шпанија. Едно е ко ќе ти дој некој 20-годишник со 100+ професионални натпревари во нозете, друго е некој со помалку од 10. А позајмиците се најглупата работа шо постој, бар за то не мора објаснување.
Или поентата, 6+5 правило не е „спас за фудбалот“ ко шо сакаш да кажиш, тоа ќе биди само привилегија на шпанскиот систем. А така, тешко.