Социологија... да можам да се вратам назад не би го одбрала пак... од проста причина што професорот благо речено ме зафркна при крајната оцена... тој е фин, малку се губи при предавањата, прилично се досадни, не знае до која страна е и сл... колоквиумите се прелесни со прашања да кажеме од општа култура.. јас лично сите три ги минав без читање на книгата, иако за џабе ја купив... значи на тогашните три колоквиуми плус есејот што го пишувавме имав доста задоволителни оцени со кои според мое мислење требаше да имам 10ка (две 10ки и една 9ка).. но кога отидов да си ја земам оценката, тој ми заклучил 9ка... јас нормално го прашав зошто и ми рече: „епа ете јас така заклучив“... ми беше малку криво и го прашав дали може да му однесам семинарска пошто видов на масата неколку... и ми рече: „епа колешке јас кога сакам да јадам баклава ја сакам веднаш, а не за неколку дена“... секако предметот е доста лесен, поголемиот дел од групата што бевме добија 10ки, 9ки и мислам дека имаше и по некоја 8ка... а се случуваше и понекој да оди на испит.... не ми е намерата да ти наложам да го смениш предметот, сепак тоа е твое право, само сакав да ја споделам мојата ситуација...