Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Еххх.. ја пишував на темава еднаш и видов дека е безполезно. ама ај...

Добро, кој ти дава право да се мешаш во туѓ живот и да кажуваш што треба и што не треба да се прави???
Да се доизјаснам... велите дека абортусот е убиство? Што е тоа што го убивам? Ја можам слободно да кажам дека не убивам човек. Кажи ми што е тоа што човекот го прави човек, па да одредиме дали човек убивам? Ембрионот човек ли е? Тој зиготот што се создава со спој на сперматозоидот и јајце-клетката, човек ли е?

И, впрочем каква штета правам? На кого сум наштетил? Зошто општеството треба да се залага за презервација на овие деца кои родителите не сакаат да се родат. Ја кажував дека постои добра шанса тоа дете да биде повеќе товар за општеството отколку благослов. Па зошто тогаш да си ствараме додатни проблеми?
Накратко, Абортус - Зошто НЕ???
 
дивајн, може нема да одат со книшка и картончиња, ама ќе собираат пари за абортус во приватна ординација, која заради можноста да работи легално, ќе има доволно добри услови за да се изврши тој абортус како што треба. и да, има еден куп девојчиња кои отишле во болница легално да абортираат. тука кај нас, во државна болница.

А сега не им е дозволено? Затоа што знам дека го прават.:toe:
Инаку и да имаат дозвола и да биде се законски, јас не верувам дека секоја приватна ординација би била спремна за секаков случај. Да тргнеме само од бројот на запослени во неа, кој најчесто се движи помеѓу 4-5 (кои најчесто работаат по една смена или двократно цел ден), зависно од тоа од колку лекари е истата и дали имаат запослен кој седи на маса и запишува тоа што треба. Не мислам дека тоа не би можел да е стручен тим, но сепак сум скептична. Бедно ми изгледа да се појде во приватна ординација за нешто друго освен за обичен преглед или поправање заб. И со муабетов не мислам на сите ... знаеме дека има приватни ординации кои се подобри од една државна болница, но зборувам за тие побројните и поанонимните во кои најчесто одат жените за абортирање.
Иначе ... јас не познавам некоја што најнормално абортирала, како да е тоа секојдневна работа, што и не е секако. Тоа е кај нас табу тема од која секоја се устручава и да ја спомне. Има и такви кои и од своите сопрузи или родители кријат, а тоа е крајно лошо. Значи бременоста е сведена на такво ниско ниво и не се цени како што би требало да се. И покрај тоа што нејзиното спречување е лоша и опасна работа, сепак испаѓа дека толку здраво за готово се зема, што почнува гадно да изгледа. Значи никој не се пази, затоа што се знае - а се киксне, одиме на абортус. И да, буквално такви случаи има, буквално.
 
тоа дете да биде повеќе товар за општеството отколку благослов.
Накратко, Абортус - Зошто НЕ???

ова ми падна во очи! Товар на општеството??? ондак според тебе абортус е геноцид над луѓето. (општо)
Затоа не!
 
Ај пак ќе ве прашам сите тука, сте се нашле у ситуација, да сте 15 годишна девојка, со дечко кој исто така дете ко неа, уште сте средно училиште, немате никаква финансиска подршка сем од родителите кои едвај крај со крај крпат, и што ќе го роди и ќе го даде во дом, и после ќе го гледа сопственото дете, како други му донираат хуманитарна помош за да опстои и не умре за јадење, а каде е грижата бе, каде е мајчина, таткова љубов, или тука се паѓа во вода, битно да не абортира, кога ќе ви се случи како горенаведената страшна ситуација, да дојдте сите и шамар да ми акнете ако не сум у право.
 
ова ми падна во очи! Товар на општеството??? ондак според тебе абортус е геноцид над луѓето. (општо)
Затоа не!

Геноцид на луѓето??? Немам појма што збориш, стварно.
Види, јас објаснував како дете кое родителите не го сакале или не биле спремни за него, може да заврши поприлично штетно за општеството во кое живее. Без грижата, негата, љубовта и вниманието.. па воспитувањето од дома... може да заврши како крадец, силувач, убиец, може кога тој/таа ќе има деца да не е способен да ги одгледа добро, можеби ќе ги малтретира - има секакви случаеви, да те потсетам на Фрицл, таков бил заради односот со мајка му. Во Македонијава, ми се чини ни се накотиле педофили на секој чекор, уште сакаш?
Покрај тоа што може да биде штетник за општеството, детето станува и товар, ако решат да го остават во дом. Државата треба да води грижа за него, во домови и што ти не. Просто е жалосно што тие морале да завршат таму и сите знаеме колку им е "прекрасен" животот на децата во дом за деца без родители.

Затоа, поштедете не сите. Ако не сте спремни за гледање деца... не ги ни правете (се слагам со повеќето на темава). Ама ако е веќе направено, подобро е да се абортира - отколку тоа самото да страда, како што пишуваше Тикви4ка, родителите со него и целото општество севкупно.
 
Ај пак ќе ве прашам сите тука, сте се нашле у ситуација, да сте 15 годишна девојка, со дечко кој исто така дете ко неа, уште сте средно училиште, немате никаква финансиска подршка сем од родителите кои едвај крај со крај крпат, и што ќе го роди и ќе го даде во дом, и после ќе го гледа сопственото дете, како други му донираат хуманитарна помош за да опстои и не умре за јадење, а каде е грижата бе, каде е мајчина, таткова љубов, или тука се паѓа во вода, битно да не абортира, кога ќе ви се случи како горенаведената страшна ситуација, да дојдте сите и шамар да ми акнете ако не сум у право.

Не, затоа што не ни бев сексуално активна на 15 години ... играв кошарка пред зграда.:toe:
А некоја што има таков живот и се е*ава кај стигне, па макар и со дечко (дечко бе:pos2:) и остане трудна нека дојде јас да и акнам еден шамар и нека ме моли на тоа да останам. Страшна работа. Тоа ли треба да го оправдам?:nesvest:
Еве јас сум далеку од семејство, но ти имаш мали сонциња. Незнам дали имаш девојче, но ако да, што ако тоа ти дојде трудно на 15 години пу пу пу? Ќе го носиш на абортус?
 
не реков дека сега не е дозволено, само реков дека сега одат во државна болница со картончиња и книшка, нешто што ти го спомна дека не го правеле. или јас погрешно сум разбрала :toe:
а за вториот дел, се сложувам, многу девојки и жени кријат. и да, јас лично знам еден случај кога беше буквално заради глупост, не пазеа, мислеа ништо нема да се случи и на крај испадна најлошата можна варијанта.

А сега не им е дозволено? Затоа што знам дека го прават.:toe:
Инаку и да имаат дозвола и да биде се законски, јас не верувам дека секоја приватна ординација би била спремна за секаков случај. Да тргнеме само од бројот на запослени во неа, кој најчесто се движи помеѓу 4-5 (кои најчесто работаат по една смена или двократно цел ден), зависно од тоа од колку лекари е истата и дали имаат запослен кој седи на маса и запишува тоа што треба. Не мислам дека тоа не би можел да е стручен тим, но сепак сум скептична. Бедно ми изгледа да се појде во приватна ординација за нешто друго освен за обичен преглед или поправање заб. И со муабетов не мислам на сите ... знаеме дека има приватни ординации кои се подобри од една државна болница, но зборувам за тие побројните и поанонимните во кои најчесто одат жените за абортирање.
Иначе ... јас не познавам некоја што најнормално абортирала, како да е тоа секојдневна работа, што и не е секако. Тоа е кај нас табу тема од која секоја се устручава и да ја спомне. Има и такви кои и од своите сопрузи или родители кријат, а тоа е крајно лошо. Значи бременоста е сведена на такво ниско ниво и не се цени како што би требало да се. И покрај тоа што нејзиното спречување е лоша и опасна работа, сепак испаѓа дека толку здраво за готово се зема, што почнува гадно да изгледа. Значи никој не се пази, затоа што се знае - а се киксне, одиме на абортус. И да, буквално такви случаи има, буквално.
 
Не, затоа што не ни бев сексуално активна на 15 години ... играв кошарка пред зграда.:toe:
А некоја што има таков живот и се е*ава кај стигне, па макар и со дечко (дечко бе:pos2:) и остане трудна нека дојде јас да и акнам еден шамар и нека ме моли на тоа да останам. Страшна работа. Тоа ли треба да го оправдам?:nesvest:
Еве јас сум далеку од семејство, но ти имаш мали сонциња. Незнам дали имаш девојче, но ако да, што ако тоа ти дојде трудно на 15 години пу пу пу? Ќе го носиш на абортус?

Се надевам дека ќе ја воспитам ко шо треба, за да не се доведе до таква ситуација, и да не и текнува на 15 години за секс, ја на мои 15 години ластик играв, е сеа арно ако се случи сигурно дека ќе ја прашам прво неа дали го сака пред се тоа дете затоа што има опција и да абортира, али далеку било.
И да шамарање обавезно, и двајцата, се знае дека со децата треба отворено да се разговара, мајка ми моја беше ифрит сторга, ни с несум смеела да спомнам за секс, затоа немора да значи дека јас нема да разговарам со неа за тематикава, бар да ја престрашам и да си знае дека без кондом никако.
 
Кратка дефиниција за устав :Единствен пријател на човекот покрај безброј закони во државата.
Понатаму...

Уставот го гарантира правото на човекот слободно да одлучува за создавање деца, се вели во компаративната анализа што ја подготвило Министерството за здравство и ја доставило до владата. Според критичарите, ова е спротивно на тенденциите на владата со новиот Закон за абортус да го ограничи ова право на жената.
Анализата, повикувајќи се на Светската здравствена организација, вели дека абортусот е една од најбезбедните медицински постапки, доколку се изведе професионално. Владата со кампања, преку видеоспотови и преку плакати планира да ги советува жените дека абортусот има штетни последици за нивното здравје.
Во овој документ се вели дека абортусот е прекинување на бременоста пред фетусот да биде способен за живот надвор од матката, што не се совпаѓа со дефиницијата што владата ја дава во тендерската постапка, според која, абортусот е насилно прекинување на бременоста.
Истата анализа покажува дека бројот на регистрирани абортуси континуирано се намалува и според Републичкиот завод за здравствена заштита во 2006 година изнесува 6.690, што не се совпаѓа со тврдењето наведено во тендерската документација дека бројот на абортуси е ист со оној на новородени.
„Донесувањето нов Закон за прекинување на бременоста мора да води сметка за меѓународните обврзувачки норми, поради фактот што тие се ратификуваа и кај нас. Со Уставот се утврдува дека меѓународните договори што се ратификувани со него се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“, стои во документот.
Онколозите вчера реагираа и на изјавите на битолското здружение „Ревита“, кои исто како и владата почнуваат кампања против абортусот. Тие тврдеа дека абортусот предизвикувал рак на градите и на матката, за што лекарите велат дека научно не е издржано.
Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници ја повикува владата итно да го повлече од јавност тендерот за кампања против абортусот или да направи негова ревизија.

Извор:Весник Шпиц.
www.spic.com.mk
 
Истата анализа покажува дека бројот на регистрирани абортуси континуирано се намалува и според Републичкиот завод за здравствена заштита во 2006 година изнесува 6.690, што не се совпаѓа со тврдењето наведено во тендерската документација дека бројот на абортуси е ист со оној на новородени.
Дека ти е офарбано и здебелено затоа и ќе ти го коментирам.
Зошто мислиш дека на твојата или бројката на Шпиц ќе поверувам?Зошто не ја прифати бројката пред тоа поставена,туку гордо и напрчена ја истакна оваа?Сакаш да кажеш дека некој лаже...епа баш ме интересира кој!Можеш да откриеш?
Ај потрудисе чекам одговор да знам дали да примам извинување или да дадам извинување,ама вака...само може да се натпреваруваме со бројки,и да се смешкаме позади пц (демек ги докрајчив) :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
А зошто па јас да ти верувам тебе или на некој друг овде шо ќе речи на форумов.Многу нормално дека ќе поверувам во тоа шо го пишува во весник.Извинувањето нема потреба ни да го даваш ни да го примаш,чувај си го за украс никој тука не го спомна и јас не ја ставив информацијата со цел Наташа да ми се извини и.т.н
(Всушност мојот дел шо го болдирав и обоив затоа што некој тука викаше дека е ист бројот на абортусите со бр на родени деца)
друго..едно кратко филмче:Отвора тетка Наташа www.dnevnik.com.mk. И ја гледа истава информација малку изменета.И на тетка Нате и паѓа во очи тој делот каде шо пишува дека бројот на абортуси е ист со бројот на родени деца...како смеат да помислат на абортус жените и знајш такви ситници... и и текнува дека Енџи тука рекла дека бројот на родени деца е значително поголем...и многу нормално дека поуверливо звучи тоа шо го пишува во весник отколку тоа шо некој го рекол тука(обичен смртник) и тетка Нате прај копи-пејст и тој делот го болдира,накосува,подвлекува и го прај со фонт Седумка.(затоа шо сум сигурна дека и ти тоа ќе го напрајш):smir:
п.с. Не играме стрит фајтерс да ве докрајчам:pos2:И не се замислувам дека сум на училиште на дебата по социологија каде што тој шо докрајчува добива + в дневник(5 плуса-оценка 5)
Ова е форум,можам да пишам информации онтопик како шо и многу други тоа го прават и можам да ги користам функциите за болдирање боја на нукви и.т.н за да бодат очи,и мило ми е шо ми реплицира т.е знаев! =) ...ете така тетко Нате =)
 
Ич не ти го прочитав постот напишан затоа што од старт постапуваш дрско и глупо,затоа и немам намера да го прочитам.Никаде Енџи те немам навредено,и секогаш смирено пристапувам со тебе(дури некогаш и со мала доза на хумор) но приметувам дека тоа го злоупотребуваш.Затоа иди прошетај се и научи смирено да постапуваш,на ти 10 денари за кафе.

МФГ
 
Доза на хумор со себе носи насмевка.Не прајме муабет во живо за да знаам со каков тон е твоето обраќање.Друго,можеш да го прочиташ постот до крај,и јас настапувам со доза на хумор затоа шо знам дека ти секогаш тука ме реплицираш...далеку од тоа дека ми смета.
Друго,10 те денари прати ги по мсн тука нема да стасаат:smir:
Не знам во шо се состои мојата дрскост,некогаш работите не ги разбираме баш како шо треба,затоа шо да повторам не прајме муабет во живо. И трето никогаш не сум била дрска со тебе.Туку знајш...онака сите си го браниме мислењето.
Стави тука некоја насмевка да знам дека е хумор зато шо поинаку те перцепирам уште на почеток.
п.с и да те потсетам дека јас бев таа шо овде пиша еден изреволтиран пост пред некој месец поради тоа што примив некоја навреда и дрски настапи од многу од вас шо не ми сте истомисленици,пролистај ќе видиш.А ти ми рече:Е па ова е форум! И од чисто поштовање не ти вратив на тоа,зато шо можев ..да те потсетам дека давеникот се фаќа за сламка,а сламки секогаш има безброј и безброј.Али ова е веќе офтопик,ако бев дрска немаше да ти вратам на постот на ваков начин туку ќе се докарав.
 
Абортусот е Убиство!
Ние сме се родиле затоа што сме биле зачнати!
Приликом абортусот плодот се трга и не сака да биде абортиран!
Ние постоиме затоа што не сме биле абортирани!
Не го прави она што не ти го направиле на тебе!
Не те абортирале? - Постоиш? Тогаш не абортирај!
 
Како што кажа претходниот член кој го сметам за доста паметен и доста реален абортусот е убиство на нешто кое никого не навредило не потчинило не му згрешило на никого.Ако не сакате дете има презервативи и др глупости кои би спречиле несакана бременост.Да абортирате е најголемата глупост и мислам дека треба да се забрани.
А да заборавив и исто така е голема опасноста за стерилитет
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom