Анксиозноста предизвикува и физички промени
Секој од нас повремено доживува страв и анксиозност. Стравот е емоционален, психички и бихејвионален одговор на јасно препознатлива надворешна закана (при насилство, сообраќајна незгода и сл.). Анксиозноста е вознемиреност, непријатна состојба на нервозност и непријатност, чии предизвикувачи се помалку јасни и уочливи. Анксиозноста е помалку врзана за точното време на заканата, може да се јави и пред заканата да се случи или, пак, кога заканата се случува во недефиниран облик. Таа често е придружена со физички промени и однесување слично на она предизвикано од страв.
Извесен степен на анксиозност е "приспособлив" и и помага на личноста да се подготви, да вежба и да го подобри своето функционирање и помага во тоа човек да се биде соодветно внимателен во потенцијално опасни ситуации. Но, над определено ниво анксиозноста предизвикува несоодветно однесување и дисфункција. На тоа ниво анксиозноста може да биде сметана за симптом на нарушување.
Анксиозноста кај повозрасни лица може да биде дел од симптомите на широк спектар психички нарушувања. Анксиозноста може да биде и примарно нарушување во кое таа е предоминантен симптом.
Примарните анксиозни нарушувања се класифицираат како: генерализирано анксиозно нарушување, опсесивно компулсивен синдром, панични напади, фобични нарушувања и стресни нарушувања (акутно стресно нарушување, посттрауматски стресно нарушување).
Манифестацијата на симптомите понекогаш се разликува кај повозрасните од оние кај помладите.
Кај повозрасните луѓе психичките и менталните нарушувања, како и несоодветна употреба на лекови се најчестата причина за анксиозност и на неа слични симптоми што лесно бидуваат заменети со анксиозно нарушување.
Сенилноста е често причина за анксиозност кај постари лица. Раните знаци на сенилност вклучуваат и губење на меморијата. Кај социјално активни лица чувството дека слабо помнат предизвикува анксиозност и социјално повлекување. Анксиозноста може да предизвика и силни промени во однесувањето, кои можат да ја маскираат сенилноста што лежи во заднина.
Депресијата често предизвикува симптоми на анксиозност.
Причините за примарните анксиозни нарушувања не се целосно познати. Многу луѓе развиваат анксиозност и без видливи дефинирани причини.
Акутниот стрес и посттрауматски стресни нарушувања се најлесни за да се навлезе во трагата на специфичен настан. Во повеќето случаи вакви нарушувања се предизвикани од незгоди, сексуални напади и сл.
Тежината на анксиозноста варира од одвај забележливи тегоби до напади на паника. Анксиозноста може и ненадејно да прерасне во паника или постепено, во тек на повеќе минути, часови, денови да го зголемува својот интензитет.
Траењето на анксиозноста може да биде од неколку минути до повеќе години. Подолгото траење е карактеристика на примарното анксиозно нарушување. Но, најтешките панични напади обично траат краток период.
Способноста за толеранција на определено ниво на анксиозност обично варира од еден до друг човек.
Примарните анксиозни нарушувања можат да бидат вознемирувачки и може да бидат следени со различен степен на депресија. Од друга страна, анксиозното нарушување и депресијата може да коегзистираат, но исто така е можно симптомите на депресија први да се развијат, а подоцна да се јават симптомите на анксиозност.
Дијагнозата на специфичните анксиозни нарушувања се базира на карактеристичните симптоми и знаци. Семејната историја за постоење на анксиозно нарушување кај блиски роднини исто така може да укаже на предиспозиција кон истиот тип нарушување или, пак, кон генерализирано анксиозно нарушување. Но, освен предиспозицијата, предвид мора да се земе и можноста дека во овие случаи се работи за стекнато нарушување преку научено однесување од роднините.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2971&stID=72022
--- надополнето ---
темата е за
подфорум психолоѓија, не за здравје
Едит: веќе имало ваква тема таму
http://forum.kajgana.com/showthread.php?49368