Абе како со стуб да разговарам.
Од кај хармонија , зошто не хаос?
--- надополнето ---
Црни дупки се претпоставка , ама да речеме дека постојат(има доста шанса да е така).
Освен што голта ѕвезди таа и емитира нешто , нели?
Прашањето е што е тоа и кој ефект го има кога ке помине низ ДНА на пр.
Како што расте црната дупка, таа започнува да емитира силен ветер од високоенергетски честички, кој не доаѓа од самата црна дупка, туку од дискот од материјал (наречен акреционен диск) кој се формира околу црната дупка. Дискот се состои од материја која се свива околу дупката и кој покасно и целосно „потонува” во неа. Овој гас се загрева до екстремно високи температури и исто така може да има и магнетни полиња кои се мешаат предизвикувајќи бура од субатомски честички.
Во одреден момент ветерот создава обвивка околу црната дупка и го спречува секој надоаѓачки гас упатен кон неа. Тој исто така го одвејува подалеку и гасот од кој во спротивно би се формирале нови ѕвезди. Со таков развој на настаните, галаксијата престанува да создава ѕвезди во своето јадро, а црната дупка престанува да расте. Во овој момент, сѐ уште постои доволно гас во галаксијата, но тој е далеку од центарот, надвор од дофатот на црната дупка.
Вакви беа досегашните размислувања за тоа што би можело да се случува во новородените галаксии. Меѓутоа новите истражувања на институтот на Јеил (Yale) укажуваат на аномалија во ваквото објаснување. Имено, вршено е проучување на младите галаксии во период кога тие формираат ѕвезди и одделно, во период кога црните дупки во нивното средиште го емитираат најсилното зрачење. Заклучокот од овие набљудувања е тоа што формирањето на ѕвездите во овие галаксии престанува пред тие да бидат „проголтани” од црната дупка, можеби и повеќе од 100 милиони години претходно.
Новото размислување е следново: ѕвездите почнуваат да се формираат во ново родената галаксија додека во нејзиниот центар се формира црната дупка и сѐ повеќе акумулира маса како што материјалот паѓа во неа. Формирањето на ѕвездите, од друга страна пак, престанува од засега сè уште непознати причини. Многу милиони години подоцна, пак, по достигнувањето на својот максимум, силата на ветрот од црната дупка почнува да слабее. По некое време, ветрот го издувува и преостанатиот гас и со тоа целосно „згаснува”. Галаксијата е родена. „Материјалот кој пропаѓа во црната дупка се загрева до неверојатни температури и почнува да се исфрла нанадвор во форма на ветер.”
Она што останува мистерија е процесот кој го згаснува раѓањето на ѕвездите. Проучувањето на млади галаксии е релативно нова наука. Технологијата за вакви истражувања датира од поново време; галаксиите од овој тип се далечни и затоа и „мали” и бледи за подетални набљудувања. Астрономите кои ја проучуваа оваа област, досега го користеа Свифт (Swift), сателит лансиран во 2004, со цел да добијат добар примерок галаксии (Свифт на себе носи телескопи кои можат да „гледаат” низ гасови и прав и да ја детектираат високо-енергетската светлина која доаѓа од акреционите дискови) и вршеа споредувања на тие набљудувања со податоците добиени од други, исто така релативно скорешни телескопи.
Начин на истражување и набљудување од овој тип беше буквално невозможен пред неколку години. Токму и затоа ова истражување е еден значаен чекор во разбирањето на огромниот, комплексен процес по кој се формираат галаксиите.
Како да одговорам на твоето прашање: што ке се случи кога црна дупка емитира силен ветер од високоенергетски честички врз ДНА, кога тоа неможе засега да се испита од техничко технолошки причини....