INVINCIBLE
MUFC
- Член од
- 9 декември 2007
- Мислења
- 3.465
- Поени од реакции
- 441
Игор Петрески е 20 годишен студент од Струмица. Во Мај оваа година заминавме во САД. Преку Work & Travel програмите на агенциите, да го поминеме летото во САД работејќи како спасувачи на базени. Го поминавме целиот пат од илјадници милји заедно. Кога стигнавме во Остин, не разделија, да работиме на различни делови од градот. По неколку дена Игор доживеа несреќа на некој од базените, и го повреди вратот и ‘рбетот, поради што Игор е парализиран од половините надоле, и го очекуваат месеци на рехабилитација.
Оддалечен од дома од роднините и пријателите, може само да претпоставиме низ што има поминато. А не сакам ни да замислам какво е било чувството на неговите родители кога ја слушнале веста за несреќата на нивниот син, далеку од дома.
Ја отварам оваа тема со надеж дека со ваша поддршка и помош Игор некој ден ќе може да се врати дома. Не сум сигурен дали може да се даде донација од Македонија, но доколку имате некој во САД кој мислете дека може да помогне, сигурен сум дека Игор и неговите родители ќе ви бидат благодарни. За повеќе информации ќе ви оставам неколку линкови на кои може да се информирате за состојбата на Игор и како може вие да му помогнете.
CICD (агенцијата која е спонзор на програмата Work & Travel)
Утрински весник информираше исто така за неговата состојба
Фејсбук страната за поддршка и информации за донирање на средства за Игор.
Знам дека многу од вас одкога ќе го прочитат ова едноставно ке продолжат да читаат други теми низ форумов, многумина нема ни да дочитаат до крај, ама ако барем еден од вас се одлучи да му помогне, на било каков начин, знам дека мојата цел за отварање на оваа тема ќе биде исполнета. Да му помогнеме на нашиот пријател, другар, сограѓанин, момчето кое пред некој месец го сретнавте на улица...