Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
ШТО ИМАШ ТИ СО ПРОТЕСТАНТСКАТА РЕФОРМАЦИЈА?
• Ако слободно можеш да се образуваш на свој јазик, а жив да не те запалат ...
• Ако слободно можеш да твориш наука, музика, уметност или книжевност ...
• Ако имаш право на своја вера и црква ...
• Ако имаш Свето Писмо на свој јазик, а поради тоа да не те изгорат како еретик.....
ТИЕ ПРИДОБИВКИ Ѝ ГИ ДОЛЖИШ НА ПРОТЕСТАНТСКАТА РЕФОРМАЦИЈА!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Вооружени напаѓачи отвориле оган врз безбедносните сили во центарот на Багдад откако детонирале три бомби во христијанска црква, пренесува новинската агенција Ројтерс. Ројтерс од полициски извори, известува дека при нападот загинале двајца чувари и дека напаѓачите со себе земале и неколку заложници. За сега нема официјална потврда за бројот на жртви од нападот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
ne se znae nisto sto se slucuvaa tamuu zatoa bidisi spokoeenn jas gi osuduvaam sitee onie koi unistuvaat verski i bilo kakvi hramovii , a sto ke recess za uvistuvanjeto na iljadnicii dzammiii, a ima i crkvi koi se unistuvaat vo izarell, zarem ne si cul za toaa
Јас и ти можеме да збориме за уништување на верски објекти ваму или таму. Зборење е едно, а подршка од линкови со вести и текстови од новински агенции е сосема друга работа.
Со тоа што велиш дека не се знае што се случува таму, сакаш да кажеш дека можеби веста е лажна и дека Муслиманите не минирале црква, како Лешок што беше.
ОК, ќе најдам слики, специјално за тебе и ќе ги постувам. ОК е така?

А ова уништување не го одобруваш, веројатно, ама ги подржуваш Талибанците: кликни два пати
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
ne se znae nisto sto se slucuvaa tamuu zatoa bidisi spokoeenn jas gi osuduvaam sitee onie koi unistuvaat verski i bilo kakvi hramovii , a sto ke recess za uvistuvanjeto na iljadnicii dzammiii, a ima i crkvi koi se unistuvaat vo izarell, zarem ne si cul za toaa
Какво бре уништување на џамии?
Ците цркви и манастири постари од самиот Ислам ги срушија во Косово, скоро во сите исламски земји се срушени повеќето не-исламски верски храмови кои што не се претворени во џамии.
Нема оправдување, како очекуваат муслиманите да бидат почитувани низ целиот свет кога и самите не ги почитуваат туѓите верски објекти.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Во Косово во рушењето на православните цркви беа вклучени и Католиците, не само Муслиманите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Во католичка црква во Багдад, 37 загинати заложници


Триесет и седум заложници загинале, а 56 биле повредени во католичката црква во Багдад која претходно ја заземале вооружени напаѓачи. Во акцијата за спасување на заложниците загинале и седум полицајци, додека 15 биле ранети. Во акцијата која траеле над четири часа, како што јавуваат агенциите, загинале и петмина напаѓачи, а осуммина осомничени биле уапсени. Нападот врз католичката црква бил извршен синоќа за време на службата кога околу 100 луѓе биле земени како заложници
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Конечно, крвавиот епилог на нападот врз христијанската црква, од страна на исламските екстремисти:

Најмалку 52 луѓе се убиени откако завчера ирачките сили упаднаа во католичка црква во Багдад за да ги ослободат стотината заложници што ги држеа милитанти на Ал Каеда, соопшти ирачката полиција. Ирачки службеници велат дека драмата почнала откако десетина милитанти прво ја нападнале зградата на ирачката берза во центарот на Багдад, по што полицијата почнала да ги гони. Вооружените исламисти, пред да влезат во црквата „Нашата дама на спасот“, ги убиле чуварите и свештеникот. Кога влегле во црквата, ги собрале 120. верници во еден агол и почнале да ги тепаат. Црквата веднаш била опколена од полицијата и од ирачката армија. Милитантите побарале ослободување на заробениците од Ал Каеда и десетици муслиманки кои, според нив, се држат како затвореници од страна на коптската црква во Египет. Откако четиричасовните преговори пропаднале, безбедносните сили навлегле во црквата, по што одекнале истрели и експлозии. Полицијата вели дека најголем дел од верниците загинале кога еден од напаѓачите се разнел со експлозив. Меѓу убиените има седум ирачки војници, шестмина исламисти, додека останатите се заложници. Освен тоа, во акцијата се уапсени осуммина терористи, а ранети се петмина ирачки полицајци и десетина заложници. Одговорноста за нападот ја презеде разгранокот на Ал Каеда во Ирак. - Група гневни муџахедини, верни на Алах, извршија напад врз едно од непристојните светилишта што секогаш беше користено од ирачките христијани како главен штаб во борбата со исламот, како и за поддршка на тие што се борат против оваа религија - наведе групата „Исламска држава во Ирак“ во соопштението објавено на интернет. Во него се нагласува дека исламистите го извеле нападот за да им помогнат на сиромашните муслимански сестри, заробенички во исламската земја Египет. Инаку, Коптите се големо мнозинство во Египет и најмногубројна христијанска заедница на Блискиот Исток. Во Ирак има околу половина милион христијани што постојано се на удар од сунитските радикални групи. Иако има голем број жртви, ирачкото Министерство за одбрана акцијата ја оцени како успешна бидејќи исламистите планирале да ги убијат сите верници во црквата. - Операцијата заврши успешно. Сите терористи се убиени, а имаме и други осомничени во затвор - изјави ирачкиот министер за одбрана Абдул Кадр ал Обеиди.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Ал Каеда во Ирак се закани со нови напади на христијаните

Огранокот на терористичката организација Ал-Каеда, во Ирак се закани со нови напади на христијаните.
Во соопштението објавено доцна синоќа христијаните се нарекуваат "легитимни мети ".
Соопштението на огранокот на Ал Каеда следи по убиството на 58-те луѓе во заложничка драма во една католичка црква во Багдад, каде екстремистите држеа како заложници 120 лица.
Екстремистите бараат ослободување на муслиманските жени кои според нивните зборови ги држи Коптската црква во Египет.
Во соопштението се вели дека крајниот рок за ослободување на овие жени поминал па поради тоа христијаните се легитимна мета, каде и да бидат нападнати.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
МПЦ избира светци

Дали првите прогласени светци на МПЦ ќе се слават само локално или нивните имиња ќе се најдат во верските календари на помесните православни цркви?
Билјана Јовановска



Македонската православна црква ги почна активностите за прогласување светци. Специјална комисија ги прибира искуствата од другите православни цркви, се размислува за критериумите за прогласување, а епархиите имаат можност да даваат свои предлог-кандидати. Засега се проучуваат животите на двајца духовници, епископот Гаврил Светогорец и архимандритот Јоаникиј Ракотински, а реално е да се очекува тие да бидат првите прогласени светци од Македонската православна црква. Дали ќе се слават само локално или нивните имиња ќе се најдат во верските календари на помесните православни цркви ќе зависи од многу нешта, пред се', од признавањето на автокефалниот статус на МПЦ што ни го оспоруваат.

До пред извесно време во нашата Црква беше присутна дилемата колкава да биде временската дистанца од смртта до прогласувањето за светец. Во православието нема некое унифицирано правило и владее големо разнообразност. Српската православна црква, на пример, не чека да минат повеќе децении за своите истакнати духовници да ги прогласи за светци и целиот процес на прогласување е многу едноставен. Епархиите даваат предлози и Соборот на СПЦ го врши прогласувањето многу брзо по смртта, често за 10 или за 20 години. Руската православна црква има многу построги критериуми и за некој да биде прогласен за светец се неопходни 60 години од смртта, што во практика значи дека една цела генерација што го познавала нема да е меѓу живите.

И кај нас имаше разногласија во Синодот - некои беа за побрза постапка, додека повеќето инсистираа таа да има над половина век дистанца. По посетата на двајца авторитети за канонизација од Руската православна црква, сега е извесно дека и МПЦ ќе ги прифати построгите правила што предвидуваат временски период од 60 години од смртта на кандидатот за светец. До скоро меѓу дел од македонските владици беше многу актуелен романскиот модел за канонизација, дури нивната регулатива беше преведена и на македонски јазик, но во неа претежнуваа романски обележја што не се карактеристични и за нашата Црква.

Во случај Комисијата за канонизација при МПЦ да не се согласи со некој предлог, прецизирано е тој воопшто да не се разгледува од Синодот. А ако нема предлози од епархиите, за Комисијата нема работа. Според митрополитот пелагониско-преспански Петар, претседател на Комисијата, тие се се' уште отворени за предлози од сите епархии, меѓутоа, активностите се насочени кон двајца кандидати - епископот Гаврил Светогорец и архимандритот Јоаникиј Ракотински. Вели дека прогласувањето не смее да оди ниту брзо ниту брзоплето, ама не прецизира дали ќе оди во пакет, бидејќи првиот е починат пред дваесет години, а вториот во првата половина од минатиот век. Архимандритот Јоаникиј, практично, веќе го исполнува критериумот за дистанца од 60 години. Г. Петар појаснува дека е најважно кандидатите да живееле според правилата на верата, но за прогласување светци не е одлучувачки дали претрпеле маченичка смрт. За светци може да се прогласат и оние што биле убиени, ама само ако настрадале поради верата. За разлика од Католичката црква, чудата во православието не се неопходни за идните светци.

Еден митрополит на МПЦ долго време заговараше Карпош да биде прогласен за светец. Дилемата кај останатите во Синодот ја разрешија стручњаците за канонизација од РПЦ, кои појаснија дека при прогласувањето светец, мотивот за страдањето мора да биде верата, а не националното. Карпош бил голем верник, ја практикувал верата, меѓутоа, причините за неговото страдање биле поинакви.

Во Црквата на нашиот северен сосед голема полемика предизвика канонизацијата на Јустин Поповиќ и Николај Велимировиќ, кога требаше да се изврши прогласувањето за светци. Имаше многу поддржувачи и противници, а патријархот Павле, кој беше познат како исклучителен духовник и ловец на овоземските грешки на духовниците, за Велимировиќ имаше многу забелешки. Запаметена е неговата изјава дека отец Николај „пиел, пушел, а богами и лажел“, па, сепак, иако патријархот отворено се спротивставуваше, овој духовник стана светец во времето кога тој раководеше со Српската православна црква. Подоцна белградската црковна јавност коментираше дека оние што се прогласуваат за светци повеќе придонеле со својата рафинирана богословска мисла, отколку со својот аскетски живот. А дека идните светци можат да станат и мост за соединување на две раскарани цркви покажа канонизацијата на царското семејство Романови. Култот кон ова семејство бил особено силен во Руската задгранична црква, и тоа многу пред официјалната Руска православна црква да ги испочитува како маченици. Бидејќи се ближел моментот на доближувањето на двете цркви, мудроста на руските патријарси била пресудна - тие не дозволија член на царското семејство да биде причина за раздор, па Романови ги прогласија за страстотерпци, односно оние што истрпеле страдања.

Дали и какви ќе бидат разногласијата меѓу нашиот епископат, рано е да се говори. Постапката за канонизација е на почеток, а ако останат на временската дистанца од 60 години, за 40 години, кога отец Гаврил Светогорец ќе може да биде прогласен за светец, составот на Синодот на МПЦ ќе биде поинаков и не е чудо во него да седат поинаку мислечки духовници.
Гаврил Светогорец си ја предвидел смртта
За епископот Гаврил Светогорец, познат и како Гаврил Лесновски, неоспорно е дека живеел аскетски живот во буквална смисла на зборот, ја предвидел сопствената смрт, а има и неколку чуда за кои сведоштвата од луѓето на кои им се имаат случено ги собира монашкото братство од Лесновскиот манастир. Ако правилата не се изменат, тогаш за негова канонизација ќе треба да минат најмалку уште 40 години.
Нераспаднатото тело на Јоаникиј Ракотински
Пишувани сведоштва има и за архимандритот Јоаникиј Ракотински, а освен животот посветен на молитвите и на Бога, интересно е дека по многу децении, при поместувањето на земјиштето во Ракотинци, било најдено неговото нераспаднато тело. И него, како и отец Гаврил, селаните го доживувале како многу духовен човек што им помагал
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
БЕРЛИНХомосексуалните свештеници ќе може да живеат со своите партнери
16.11.2010 | 11:33
Извор: Макфакс
Хомосексуалните свештеници и свештенички на германската протестантска црква во Баварија, ќе можат во иднина во парохискиот дом да живеат заедно со партнерот или партнерката, пренесува Бета. Покраинската бискупија на протестантската црква за Баварија соопшти дека условот за ова е хомосексуалниот пар да живее во регистрирана животна заедница.

Во Германија поранешната социјалдемократско-зелена влада донесе закон кој им овозможува на хомосексуалните парови да регистрираат „животно партнерство“, или таканаречениот хомо-брак кој не е во потполност изедначен со хетеро-бракот. Сепак и во оваа заедница, партнерите имаат низа обврски и права кои ги уживаат и партнерите во „класичниот“ брак.

Според овој услов, хомосексуалните протестантски свештеници и свештенички, за да живеат во парохијскиот дом заедно со партнерот или партнерката, ќе мораат да имаат одобрение од властите.

Хомосексуалните свештеници и свештенички во евангелистичката црква во Германија и претходно имаа право да држат служби во својата црквена општина и партнерството со лицето од својот пол да го регистрираат во матичната служба. Исклучена беше само можноста овие парови да живеат заедно во парохијскиот дом, но баварската бискупија отиде чекор понатаму и го дозволи и ова на своите свештеници.

Според наводите на бискупијата, моментално шест хомосексуални парови на протестантски свештеници и свештенички во Баварија се регистрирале за животна заедница.

Црквените власти оценуваат дека процентот на хомосексуални протестантски свештеници и свештенички „е нешто помал од 10 отсто, односно сличен на оној во останатиот дел од граѓанството“
 
L

Liberation

Гостин
БЕРЛИН
Хомосексуалните свештеници ќе може да живеат со своите партнери...
Шо убо :)

Инаку, Јозеф Рајцингер попушtи пред кондомите.

 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Свештеник нарачал убиство на детето кое го силувал
24.11.2010 | 16:05
Извор: Точка
Католички свештеник од Тексас е осомничен за силување и нарачување на убиство на момче. Џон М. Фиала бил приведен во вторникот и му била одредена кауција од 700 000 долари. "Тој бил приведен кога мислејќи дека разговара со платен убиец, на агент од одделот за јавна сигурност му понудил 5 000 долари да го убие детето" - кажала гласноговорничката Лиса Блок.

Момчето сега има 18 години, а свештеникот го запознал во 2007 година кога имал 15 години. Свештеникот му купил компјутер и автомобил на детето, а на часовите по веронаука почнал сексуално да го злоставува. Џон на момчето му кажал дека ќе го убие ако каже на некој, но сепак тој собрал храброст и се соочил со него.

По анонимниот повик дека свештеникот би можел да се обиде да го убие момчето, од одделот за јавна сигурност испратиле нивен агент на тајна задача. Тој го снимал разговорот помеѓу него и свештеникот Џон, на чија снимка јасно се слушало дека тој го нарачувал убиството на злоставуваното момче


:vozbud:see moznooo
 
Член од
13 септември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
2
дали утре ке се осветува црквата во сењакот во штип? Ако знае некој нека пише. plssssssssss
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom