Исто така и многумина од теистите своите верувања и толкувања ги базираат на наука и логика, така што мислам дека атеистите немаат никаков ексклузивитет на науката и логиката.
Оттаму сметам и дека е претензиозно формулиран насловот на оваа тема: "Религиозно VS Научно толкување". Вака формулираниот наслов алудира на тоа дека религијата и науката се соперници, спротиставени и сл. Но добро е познато дека многу научници се исто така и теисти и тие воопшто не гледаат спротиставеност меѓу нивната вера и науката.
Темата е за Религиозни вс Научни толкувања кои се спротивставени .. а такви има ..
Вака поставениот наслов алудира на различни толкувања од една и друга страна кои би требало да си ги дебатирате ..
никој не им дава ексклузивитет на атеистите врз науката и логиката но фактот дека мнозинството атеисти се базираат на неа отфрлувајќи секакви религиозни објаснувања на одредени теми останува ..
ако немаат спротивставени тврдења тогаш де укажи ми кои се тие заеднички работи кои ги имаат ...
се провлекуваа некои дебати околу Настанокот на Универзумот, Старост на Земјата, Воскреснувањето на Исус (?), Настанок на Човекот, итн ... факт е дека околу овие прашања и те како има спротивставеност од Религиозна гледна точка и од Научна ..
патем ... темата погрешно ја свативте .. не е Религија вс Наука (затоа и насловот беше сменет веднаш по отворањето) туку Религиозни вс Научни толкувања (се подразбираат оние во кои има спротивставеност, а не се малце и не се некои минорни разлики за маргинални работи туку напротив) ...