А зошто сметаш дека Божјото отелотворување е несовршенство? Зошто сметаш дека со тоа се губи Неговото совршенство? Бог праќа дел од Себе (Божјиот Син Исус Христос) на Земјата облечен во човечко тело, да ја плати казната за човековиот грев, со тоа изразувајќи огромна љубов кон човекот, љубов која не ги деградира Неговата светост и правда. Ова е совршен план, совршена мисија, совршено решение за човековиот проблем.
Бог отсекогаш испраќал пратеници до луѓето, да имаше намера еден ден сам да се симне од небото немаше ниеден пратеник пред него да дојде.
Несовршенство е затоа што дошол во човечко тело, затоа што умрел и воскреснал. Овие својства не му прилегаат на Бога, кој е совршен и чист од сето тоа. Со тоа што одлучил да живее како човек, сам ја срушил смислата за неговото божество и совршенство. Со тоа покажал дека не е совршен и чист, со тоа покажал дека е некој од кого би можеле да очекуваме апсолутно се. Тој е семоќен и може да изведува секакви спектакли, самоповредување, смрт и воскреснување... Со еден збор да кажам, тој е Бог во кој не можеме да имаме доверба и да бидеме сигурни.
Замисли ти човек што глуми дека е мртов да го засакаат луѓето, па потоа се појавува како ништо да не било ? Што ќе помислиме за тој човек ?
Каде вие тука гледате совршенство ? Совршенството е
совршенство кое не може да биде несовршено, баш поради таа причина што е совршено... Значи тој бил отсекогаш и ќе биде засекогаш Совршенство за восхит и почитување...
А тоа совршенство не си дозволува отелотворување во човечко тело и многу други работи...