Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи според тебе апостолите зборуваат вистина само во случај кога тебе тоа ти одговара? А во случаи како овој, на Ап. Павле неможе да му се верува, затоа што тебе тоа не ти се допаѓа?!
Или во случајот со Исаија и Давид! Во право е тој што има мислење како твоето?
Воопшто не е битно што мене ми одговара, туку битно е она кое Црквата го прифаќа како точно толкување на нечии библиски стихови.

Тоа што го говори Св. Ап. Павле, а кое се однесува на должината од машката коса, треба да се прифати онака како што е од Црквата протолкувано и прифатено, а се однесува на потребата од запазување на машкоста и машките атрибути кај верниците/мажите, а не нивно губење до степен од неразликување на „машко„ од „женско„. Лично, носам долга коса и досега ниту еден свештеник кого лично го знам, а кој и самиот најчесто носи долга коса, не ми приговорил за должината од мојата коса.

А што се однесува до Исаија и Давид, што мислиш, зашто и двата лика, кои биле богоугодници, имаат привидно различни ставови кон ликот Христов, кои (ставови) се запишани во истото Писмо?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А еве што вели царот Давид:

„...Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста, затоа Бог Те благословоил довека...„ (Псалм, 44.2).

Се чини дека Исаија и Давид говорат спротивни нешта...
Се чини така само доколку не ја тргне човек иконата која ја ставил помеѓу очите и Библијата. Нејзината сенка може да ни ги помрачи Божјите зборови во Библијата.
Пророштвото на Исаија јасно си вели:
Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал. “ (Исаија 53:2, Библијата)
Да не го пишувам продолжението на пророштвото кое недвосмислено се однесува на Христос, Неговите страдања, Неговото судење, Неговата смрт и Неговото прославување. Ни католик, ни православен, ни протестант, ни Јеховен сведок, ни адвентист итн. никогаш не одрекол дека ова пророштво се однесува на Исус Христос.

Додека пак за цитатот од псалмот што го цитираш не е едномислен, кажан е и во поетска форма (псалмот е песна, убавината не е секогаш телесна). Понатаму дури и да се однесува тој стих за Исус, тоа не значи дека се однесува за телото што Исус го имал кога живеел на Земјата. Знаеме дека Исус постоел и пред раѓањето од Марија, а постои и по воскреснувањето. Знаеме дека Исус имал и има прославено тело. Значи можни се повеќе варијанти, но едно знаеме со сигурност: дека во пророштвото на Исаија 53 се пророкува едномислено за Исус и тоа за периодот на Неговото мачење, судење и смрт т.е. во времето додека бил во непрославеното тело кое немало некоја посебна убавина.

„..Многу е веројатно...„?. Аууу, заклучок...А што ако е „помалку веројатно„? Што ако е „најверојатно„? Ќе испадне дека Христос имал кратка коса оти Св. Ап. Павле така кажал? Ц,ц,ц...Творението да Му одреди на Творец каква коса треба да носи Он? По твојата логика, ќе испадне дека сите монаси и речиси сите свештеници, кои носат долги коси, не го слушаат Апостолот и си тераат по свое.
Очигледно не си го разбрал мојот коментар. Јас не реков дека апостол Павле му одредувал на Исус каква коса треба тој да има. Јас реков дека апостол Павле не би ја кажал оваа изјава доколку Исус имал долга коса:

„Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,“ (1 Коринтјаните 11:14, Библијата)

Едноставно христијаните од црквата во Коринт би можеле со право да му забележат: „А што е со Исус? Па тој имаше долга коса. Зарем е тој за срам и спротивен на природата?“
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За секој случај, ќе се распрашам за точното црковно толкување на стихот од Исаија, но и за толкувањето од пророкот Давид.

А од кај ти е ова: „...Знаеме дека Исус постоел и пред раѓањето од Марија..?„. Од каде „....знаеме...„? Пред раѓањето на Богородица, постоел Синот Божји, несомнено, од кај испадна дека постоел и Исус пред раѓањето Богородичино? Ког кого го роди-Богородица Го роди Христа или Он постоеше уште пред да биде роден од Богородица?
 
L

Liberation

Гостин
Јас Сум Господ и нема друг;
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината.
Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата,
Јас, Господ, го правам се тоа.
Исаија, 45:7
Прашање: зошто за бедата (оригиналниот збор е “злото“) обвинуваме некаков си ѓавол?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прашање: зошто за бедата (оригиналниот збор е “злото“) обвинуваме некаков си ѓавол?
Кога веќе спомнуваш оригинални зборови тогаш, оригиналниот збор за „среќата“ е "шалом" што значи мир, благосостојба, просперитет. Евреите и ден денес така се поздравуваат „шалом алекем“ (мир со тебе), а слично се поздравуваат и арапите „селам алекум“ (мир со тебе).
Оригиналниот збор за „бедата“ е „рах“ има широк спектар на значење и не го опфаќа секогаш целото зло. Неговото контекстуално значење го откриваме од еврејскиот паралелизам што се користи во цитираниот текст. Како што темнината е спротивна на светлината, така и значењето на „рах“ е спротивно на „шалом“ т.е. спротивно на мир, благосостојба, просперитет и сл.

Контекстот пак на целиот цитат е единственоста на Господ (ЈХВХ), наспроти верувањето на тогашните Персијци дека постојат два бога, едниот добар (го претставувале со светлина), а другиот зол (темнина). Затоа Бог преку пророкот Исаија им вели дека не постои никаков друг бог покрај Него, дека Тој е единствен и дека се се случува согласно Неговата суверена воља и дозвола.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
не постои никаков друг бог покрај Него, дека Тој е единствен и дека се се случува согласно Неговата суверена воља и дозвола- e ova e ok!
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Дали може да видам каде во Библијата е спомнат сексот надвор од брак? Благодарам
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Излез: 22:16 „Ако некој заведе девојка, која не е свршена, и легне со неа, нека даде за неа откуп за женачка и нека ја земе за жена.

Второзаконие 22
28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,
29 тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
 
L

Liberation

Гостин
И тоа го зборуваше отворено.
А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува.
Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече:
„Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо,
туку за она што е човечко.”
Марко 8:32-33
Да бидам по прецизен, оригиналот, преточен дури и во поговорка па и натприродна фраза користена за егзорцистички дејанија е: vade retro me, satana (оди зад мене, сатано).

...тој се заврте и рече: оди зад мене, сатано...

Прашање: на кого се однесува зборот “сатано“?
 

nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Да бидам по прецизен, оригиналот, преточен дури и во поговорка па и натприродна фраза користена за егзорцистички дејанија е: vade retro me, satana (оди зад мене, сатано).

...тој се заврте и рече: оди зад мене, сатано...

Прашање: на кого се однесува зборот “сатано“?
Стих, страна, каде го пишува ова во библијата .???

Не додавајте нешто плус, туку само она што е напишано.
 
L

Liberation

Гостин
И тоа го зборуваше отворено.
А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува.
Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече:
„Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо,
туку за она што е човечко.”
Марко 8:32-33
Тоа што сум го цитирал погоре е оригинал. Нит сум додал, нит сум одзел нешто.
Тоа надвор од цитатот е моја забелешка на која имам право.

Благодарам.

--- надополнето ---

Значи, барам одговор за цитатот. Правото да кажам како стихот е преведуван порано и кои се’ официјални верзии на стиховите има, си го задржувам како подпрашање.

Mark 8:32-33 (King James Version)
32 And he spake that saying openly. And Peter took him, and began to rebuke him.
33 But when he had turned about and looked on his disciples, he rebuked Peter, saying, Get thee behind me, Satan: for thou savourest not the things that be of God, but the things that be of men.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
А шо вика библијата за стапување во брак со некој од друга религија?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да бидам по прецизен, оригиналот, преточен дури и во поговорка па и натприродна фраза користена за егзорцистички дејанија е: vade retro me, satana (оди зад мене, сатано).

...тој се заврте и рече: оди зад мене, сатано...

Прашање: на кого се однесува зборот “сатано“?
На сатаната кој зборувал преку Петар.

п.с. Исус не зборувал на латински, туку на арамејски. Така што оригиналот не е латински, туку арамејски. А пак најстариот најден пишан ракопис е на коине грчки.
 
L

Liberation

Гостин
На сатаната кој зборувал преку Петар.

п.с. Исус не зборувал на латински, туку на арамејски. Така што оригиналот не е латински, туку арамејски. А пак најстариот најден пишан ракопис е на коине грчки.
Ако апостол Петар (како што велат, еден од најсаканите апостоли на Исус) служел како медиум на сатаната, тогаш дали христијанството и црквата со ова прифаќа дека и некој од наследниците на Петар (папите), може понекогаш служеле/да служат/служи како медиум на сатаната?

За арамејскиот знам, мислев на латинскиот како нешто постаро од македонскиот превод и официјален јазик за богослужба во католицизмот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако апостол Петар (како што велат, еден од најсаканите апостоли на Исус) служел како медиум на сатаната, тогаш дали христијанството и црквата со ова прифаќа дека и некој од наследниците на Петар (папите), може понекогаш служеле/да служат/служи како медиум на сатаната?
Ова е световна локига бе човек...„...ако ова е ова, тогаш ова е она...„.

Св. Ап. Петар воопшто не бил/не е никаков демонски медиум, туку она кое брзоплетиот Петар го кажал, навистина до кажал под влијание од лукавиот, а кое (влијание) Христос веднаш го препозна, но тоа не значи дека Апостолот бил демоноопседнат, дека бил демонски медиум. По таа логика, ниту Папите не мора да се демоноопседнати/да бидат демонски медиуми, оти медиум може да биде секој човек, кој покажува ненормален интерес кон окултизмот.

Патем кажано, Папите не се наследници на Св. Ап. Петар, туку наследници на првиот римски епископ Лин(ус).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom