Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
Да.
"Јас сум Алфа и Омега, почеток и свршеток..."
Ќе бидеш љубезна/ен да ни кажеш кој ги изговорил овој стих?

--- надополнето ---

Очигледно е дека доаѓаш од религија, која сака се да објасни само со чисто рационални и материјални категории и за која духовноста не е ни мисловен поим.

Еве една рационалност, со која може да се објасни Исусовата/Синовската Божја природа: како што моите родители, припадници на човековиот род, се луѓе, тие мене ме родиле како човек, како дел од човековиот род а не дел од некој втор, трет или „х„ биолошки род. Аналогно на претходно напишаното, Бог Отецот Го раѓа Бога Синот, но Бог не е човек, туку дух, па така еден дух раѓа друг дух, без материјална потреба, т.е. еден дух раѓа друг дух, без потреба од мајка/од жена.

Патем кажано, Богот Син бил во единство со Бога Отецот, пред Богот Син да биде роден.
Не ти држи вода твојата рационалност, или зборуваш нешто што е спротивно од Библијата:

37 А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух. Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. И кога зеде, јадеше пред нив. Ев. Според Лука 24 .37-42


Да не мислиш дека те нападнам, туку интересно ми е ...
:cug:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И мене ми е интересно, па затоа погледни на болтуваниот дел од мојот претходен пост:

„....Многу едноставно: во овие стихови, Св. Ап. Јован Го споменува Бога Отецот, оти Отецот навистина никој (нити еден човек) не Го видел. За разлика од Отецот, Кој се јави како глас од Небото, Синот Божји се овоплоти преку Исуса Христа и стана видлив, а Духот Свет, на крштевањето Христово, виден Е во облик од гулаб.

Денешните светогорски врвни монаси, Го гледаат Духот Свет како силен оган, а Го гледаат и Синот Божји, преку ликот од Богочовекот Исус Христос. Никој од нив не вели дека Го видел и Отецот, Кој останува невидлив...„
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.910
Поени од реакции
83.129
"Ќе бидеш љубезна/ен да ни кажеш кој ги изговорил овој стих?"

Ако Јован лаже дека Исус го рекол тоа, тогаш зошто цитатите од Јован ги користиш ти во својата пропаганда?
 

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
"Ќе бидеш љубезна/ен да ни кажеш кој ги изговорил овој стих?"

Ако Јован лаже дека Исус го рекол тоа, тогаш зошто цитатите од Јован ги користиш ти во својата пропаганда?
Не пропагандирам , само сакам да знам каков е црковниот став во врска со ова прашање, ниту пак сакам да омаловажувам некого, едноставно ме интересира. Селф Контрол!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ќе бидеш љубезна/ен да ни кажеш кој ги изговорил овој стих?

/QUOTE]

Прочитај го стихот и ќе ти текне Кој го тоа кажал:

„....Јас Сум Алјфа и Омега, почеток и крај-вели Господ, Кој Е, Кој беше и Кој иде, Седржителот...„. (Откровение, 1.8).
 

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
Ќе бидеш љубезна/ен да ни кажеш кој ги изговорил овој стих?

/QUOTE]

Прочитај го стихот и ќе ти текне Кој го тоа кажал:

„....Јас Сум Алјфа и Омега, почеток и крај-вели Господ, Кој Е, Кој беше и Кој иде, Седржителот...„. (Откровение, 1.8).
На кој јазик зборел Бога ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На арамејски.

Новозаветните запсиси се пишувани на старогрчки, оти Апостолите го познавале тој, за нив, странски јазик, кој во нивно време се наметнал како меѓународен јазик.
 

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
На арамејски.

Новозаветните запсиси се пишувани на старогрчки, оти Апостолите го познавале тој, за нив, странски јазик, кој во нивно време се наметнал како меѓународен јазик.
Хммммм... интересно!

Фала за одговорот, ова ми требаше! :pipi:
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Незнам дали е адекватно местото каде го барам ова, ама ако не е, би Ве замолил да ме упатите кај што треба :)
Ми треба молитва за осветување на стан/куќа.
Ако може да ме упатите каде би требало да ја барам, или ако некој ја знае да ми ја напише.
Фала однапред :)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Незнам дали е адекватно местото каде го барам ова, ама ако не е, би Ве замолил да ме упатите кај што треба :)
Ми треба молитва за осветување на стан/куќа.
Ако може да ме упатите каде би требало да ја барам, или ако некој ја знае да ми ја напише.
Фала однапред :)
Тоа би требало да побараш некој свештеник да го направи. А, доколку мислиш само за кадење со темјан (самостојно), молитвата е всушност Псалмот 67 (првиот дел од него) „нека се крене Бог...“. Во секој случај осветувањето го прави свештеник.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
На арамејски.

Новозаветните запсиси се пишувани на старогрчки, оти Апостолите го познавале тој, за нив, странски јазик, кој во нивно време се наметнал како меѓународен јазик.
Не постои доказ дека Исус проповедал или зборувал Арамејски, тоа се само претпоставвки, а не се знае ни на кој јазик се пишувани и евангелијата пошто не постои ниту еден сочуван оригинален примерок на евангелие. Сите тие се копии на копии настанати со векови подоцна.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хмммм...А како би требало да изгледаат доказите дека Богочовекот го користел овој или оној јазик? Како би требало да изгледаат оригиналните евангелија, кои тешко дека би можеле да преживеат 2 000 г.?

Ниту еден од денешните начини на архивирање аудио и видео записи не трае повеќе од 50 г. а без да се префрла генерациски на некој нов медиум, со неизбежната загуба при преносот на записот од стар на нов медиум или загуба при конверзијата од аналогно во дигитално. Јасно е дека пред 2 000 г. такви записи не ни постоеле, но затоа постоеле ракописи, кои се генерациски препишувани, кои се соборно потврдени како автентични и во духот од верата, собрани и канонизирани во облик кој го нарекуваме „Свето Писмо„.

За среќа, Цквата го има не само Писмото, туку и Преданието, кое мошне детаљно не известува за историските настани од Црквата, кои ги нема во Писмото.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Хмммм...А како би требало да излгедаат доказите дека Богочовекот го користел овој или оној јазик? Како би требало да изгледаат оригиналните евангелија, кои тешко дека би можеле да преживеат 2 000 г.?

Ниту еден од денешните начини на архивирање аудио и видео записи не трае повеќе од 50 г. а без да се префрла генерациски на некој нов медиум, со неизбежната загуба при преносот на записот од стар на нов медиум или загуба при конверзијата од аналогно во дигитално. Јасно е дека пред 2 000 г. такви записи не ни постоеле, но затоа постоеле ракописи, кои се генерациски препишувани, кои се соборно потврдени како автентични и во духот од верата, собрани и канонизирани во облик кој го нарекуваме Светото Писмо.
Тоа се свети книги. Божја реч. Не можеш да ги споредуаш со снимки на Шабан Шаулич, Неџат Салковиќ или пишувањата на Брано Ќопиќ и Бошко Смаќоски. Тие прцви зписи требало бог да ги сочува, да се види оригиналниот запис потпишан од евангелистот. Дури и имињата на еванглистите не се знаат точно.
Пасош да побараш па ќе ти побараат оригинал крштениче не можеш да го извадиш со копија на превод а камоли да веруваш во религија на основ на непознати преводи на копии. И преводите на евангелијата и копиите немаат печат дали се направени од овластени преведувачи, дипломирани лексиколози или лингвисти... нит рецензент има нит каталошки број.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ај да се повторам од другана тема ..
Придржувајте се до правилата на темата оти ќе ве бришам!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom