Охридски маратон

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Утре стартува Охридскиот маратон

Традицијата по дефиниција содржи поширока општествена вредност. Во општиот амбиент кај нас, неповолен од повеќе аспекти, сјајот го загубија неколку автентични македонски спортски манифестации, но Охридскиот пливачки маратон им пркоси на предизвиците на новото време.

Утре на пладне на „Свети Наум “ ќе почне 24-тото издание на трката што е дел од календарот на Фина.

„Ме радува фактот што се поголем број луѓе покажуваат интерес да ја помогнат ова манифестација, затоа што оваа манифестација е најголема манифестација од таков вид во Република Македонија односно најголемата меѓународна спортска манифестација во нашата држава“ изјави Томислав Тунтев -Организациски комитет на Охридскиот маратон

Меѓу 16-те пријавени маратонци четворица се Македонци. Наш главен адут ќе биде Евгениј Поп Ацев, шестопласиран на светската маратонска ранг-листа.

Прв фаворит за триумф повторно е Бугаринот Петар Стојчев, кој во досегашните 16 настапи во Охрид оствари рекордни осум победи.

„Јас го сакам овој маратон најмногу од сите. Секоја година овде во Охрид има многу добри пливачи, и сите што се на стартната листа имаат шанси да го освојат првото место. Знам дека нема да биде лесно утре да се победи оваа трка“ изјави Петар Стојчев.

Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат десет маратонки. На трката со награден фонд 25 илјади долари нема да имаме своја претставничка. Покровител вообичаено е претседателот на Република Македонија.
 
Се надевам дека ке помине со помалце откажувања.
 
A пренос на маратонов е научна фантастика за некоја од домашниве телевизиски куќи, да не речам МТВ.
 
Идиотизам и ренесанса се МТВ и домашниве ТВ.
 
Нема, само таму ако отидеш :@ Ако сакам да дознаам кој е кој треба по телефони да вртам, ебате телевизиите ебате...


П.С. Има на МТВ сега ама колку време ќе има не знам :S
 
Нема, само таму ако отидеш :@ Ако сакам да дознаам кој е кој треба по телефони да вртам, ебате телевизиите ебате...


П.С. Има на МТВ сега ама колку време ќе има не знам :S

има, сега вклучив тоа ТВ-то, фала на инфо :)
 
Ама мислам дека не беше во живо ова на МТВ... Како се држат нашиве пливачи, знае некој?
 
Коај почна ова преносов/снимкава што и да е, Евгениј Поп Ацев (така мислам се викаше) беше у првата група (едно време беше прв). А дали маратонов трае уште или завршил, знаа само тие што се на местото на настанов, ние ќе дознаеме на први спортски вести, најверојатно.
 
Ако почнал во 12, отприлика во 5 и пол, 6 треба да се готови, ама како што чув водата била 23 степена што е топла за Охридско па мислам дека побрзо би завршиле од прошли години. На Поп Ацев доста му е и 6 место за зацементирање на 5та позиција во светскиот куп :)
 
^Бев до пред некој месец :)))))
 
^ се разочара нешто? Знам дека не е се` розево во овој спорт (како и повеќето во Македонија). :)
 
^ се разочара нешто? Знам дека не е се` розево во овој спорт (како и повеќето во Македонија). :)

Да, зошто се лопови кои ги интересираат само пари а да понудат услови нема шанси. Ако веќе давам пари сакам услови :)
 
Да, зошто се лопови кои ги интересираат само пари а да понудат услови нема шанси. Ако веќе давам пари сакам услови :)

не сакам да мешаме политика и оф-топици, ама знам дека агенција имаше една за млади и спорт, тесно командена од влада и шо ти јас знам кој друѓи структури. Тие финансираа вакви активности.... порано де.

Е сега, ова дотичново, за маратонот: Покровител беше претседателот на РМ, дедо Киро Г. на времето. Па после него Борис Т., тие ѓи даваа пехарите на првите тројца. Веќе 2-3 години (ако не и повеќе) не го следам маратонов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom