Сакам Чикаго да оди во финале годинава, но ќе видиме. Има уште да покаже и Атланта, а и кој и да биде противник потоа од Мајами/Бостон ќе биде неизвесно.
Сепак мислам дека Бостон се престари веќе и не можат да се борат со Вејд и Џејмс, а и не функционираат како што треба под кошевите.
Иако сум фан на Лејкерс, уште од почеток на сезона со ваква клупа не очекував повторување на минатите 2 сезони, иако сеуште не смееме да ги отпишеме.
И последниот пар, мислам дека сепак Оклахома ќе го победи Мемфис, иако вториве ги немам гледано ниеднаш сезонава што кошарка играат. Кога можеа да го растурат САн Антонио секако не се за потценување.