Со голема доза на сигурност оваа сезона Чикаго изненадува, се разбира пред се со одличниот тренер како и одличниот состав кој тимот од Чикаго го има. Е сега има многу калкулации околу плеј офот бидеќи знаеме дека за разлика од лани Чикаго има видно изменет состав во очигледно позитивна смисла на зборот, односно новодојдените играчи од тимот на Јута кои на Роуз му беа ито како неопходни со цел да се постигни нивото на кое моментално се наоѓаат а тоа е првото место на источната конференција. Започнав со плејофот па наеднаш навалив на играчкиот кадеа но мислам дека морав и тоа да го напоменам и со еден осврт на настаните до пробам да го предвидам плејофот кој оваа сезона ито како ке биде интересен не само за оние кои секојдневно ете на пример како мене ја пратат НБА туку и за оние понезаинтересираните. За Чикаго овој плејоф е заслужен бидеќи измените во составот кои настанаа оваа сезона се баш оние вистинските односно измени на позициите кои на вистина беа неопходни на пример во прошлиот плејоф кадешто има недостасуваа играчи како Бузер или пак Корвер кој се одличен крилен центар и одличен шутер. Ете овај плеј оф би бил идеален во смисла на предност на домашен терен, одличен состав и пред се одличен Дерик Роуз во кој гледам еден МВП оваа сезона и еден НАСЛЕДНИК на Мајкл Џордан во тимот на Чикаго.