NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Ако почнува утре плеј оф ти не гледаш разлика меѓу Орландо и Мајами? Имаат 3-0 со Кливленд скор оваа сезона. Тие 3 победи многу ќе ги доближеа до Атланта, која е на 5тото место. Што значи најверојатно дуел со Орландо. Чикаго се многу опасни сега кога се Ноа, Бузер и Роуз заедно здрави. Мајами мислам дека игра за публика овој дел од сезоната и не му се многу важни резултатите. Иако разочарувачки игра против појаките екипи, кога ќе дојде плеј-оф сигурен сум дека ќе се стегнат и нема да им прават пресврти како тој на Орландо. Орландо убедливо најлесен противник. Единствен проблем е ако им тргнат 3ките. Ама со Туркоглу во таква форма како што е сега, и ако барем малце не се поправи Нелсон, тешко дека ќе стигнат до негде.

Абе добро, не почнува утре плејофот. И да, не гледам некоја разлика, па каков сакаат скор нека имаат против Кливленд, тоа мене ништо не ми значи. И тој најверојатниот дуел со Орландо мислиш ќе им биде лесен? А Мајами можда ќе се стегнат у првата рунда, или додека не налетаат на Селтикси...тука да ги видам колку се стегнати.
 
тунајт која утакмица е и од колку?
 
^ Мајами - Чикаго на Спортклуб од 19.00 (не знам за МТВ)! Мх мх мх ..... :tv: :zlo:
 
MЗТ-РАБОТНИЧКИ А2 18-30
 
ах леброн теле едно ! :pos:

Поздрав ди Никола специјален ! :icon_lol:

 
Жално и патетично е ова што му се случува на Мајами.

Двоцевката веднаш АУТ !! Ќе го закопа тимот, 1/2 финале нема да поминат во плеј офот ..
 
Рон Артест :tv:

..му ја плесна чашата у фаца на некоја си вип особа :))
 
Лудо ќе биде на истоков оваа година, има многу претеденти за финале против Лејкерс, со задоволство ќе ја гледам источнава плеј оф серија, вистинска војна ќе е, ко и самото финале.
 
Лејкерс си изгази поштено... :D

а браво и за Чикаго!
 
Сан Антонио имаше 29-2 на домашен терен, но вечерва имало газење. Џеферсон 1, Данкан 2, Џинобили 6 на домашен терен? Сигурно им е рекорд ова :pos2:. Браво за Лејкерси. Нека им е честито новиот пораз на Мајами, какви поени само од Дерик Роуз, феноменален. И повторно на сила Леброн на крајот по не знам кој пат.
 
Озибилно и тука мислите бе дека Роуз е најдобар плејмејкер во нба ?
Роуз е 1 од најдобрите играчи во лигата, олраунд играч е и моментално е кандидат број 1 за МВП титулата, па сеа види ти ...
Ја сум фан на Ел Еј но знаеш како велат, пред фактите и боговите молчат, Роуз е фантастичен играч, феноменален е, му симињам капа !

Глеам некој светското го спомнал, дај бе, малку посериозно удрете кога дискутирате на таа тематика, за нба играч успех на СП е да не се повреди а не статистика и игра, повеќе се умараат на оние летни кампови и предсезонски мечеви отколку на СП, и на Олимпијада повеќе се залагаат отколку на СП у баскет. Тоа воопшто не е репер за да се оцени еден играч од американскиот состав, поготово ако се знае и податокот дека во Турција беа 3 скалила пред останатите, никаков предизвик не беше тоа натпреварување за нив, однапред се знаеше кој ќе биде прв таму, единствено не беше познат епилогот за останатите места.
 
Сан Антонио имаше 29-2 на домашен терен, но вечерва имало газење. Џеферсон 1, Данкан 2, Џинобили 6 на домашен терен? Сигурно им е рекорд ова :pos2:. Браво за Лејкерси. Нека им е честито новиот пораз на Мајами, какви поени само од Дерик Роуз, феноменален. И повторно на сила Леброн на крајот по не знам кој пат.
Па на крај можеше да ја сјебе Роуз, направи 1 грешка кога ја изгуби топката и промаши шут за 3 поени, а после тоа ги спасуваше Денг од слободни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom