NBA Сезона 2010/2011

Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Ок правиш муабет за екипи што немаат добри центри. Ама за титула, еве да земеме во исток ќе треба да се помине Орландо. Кој ќе го чува Хауард 48 минути. Гарнет? Одличен дефанзивец ама премногу го јаде Хауард. ОНил? Не ми се верува повеќе од 10 минути да издржи против него. Крстич? Да не се лажеме. Џермејн Онил е веќе премногу повреден и не го ни рачунам. Сепак Перкинс беше многу добар дефанзивец. Предходниов плеј-оф Бостон што го изгуби од ЛА, според многумина беше заради тоа што Перкинс се повреди. Немора да значи дека ќе ја добие 7мата утакмица, ама сепак стварно е добар во одбрана.
Баш на полувремето го дадоа Док Риверс и го прашаа како размислува да игра од сега понатака и он изјави дека незнае, дека треба да се пронајдат од оваа утакмица. Плус ако ти текнува Перкинс кога влезе оваа сезона после повредата од утакмицата со Лејкерс, какви овации имаше во сала. И навивачите многу го поштуваа. Мене искрено многу чудно ми дојде оваа трампа.
За тоа со договорот и јас прочитав такво нешто. Се викаше дека Бостон прави место за Хауард. Ама па му истекува договорот и подобро да го пуштеа така можда. Со него мислам дека оваа сезона ќе имаа поголема шанса да освојат, отколку вака со Грин и Крстич. Па до негде и Нејт беше солидна замена за Рондо. Сега ќе се потпираат поише на Делонте Вест, кој треба допрва да се врати од повреда.

Ја мислим дека у Орландо никојј више не глеа конкурент за титулата. Играат мизерно , дури и самиот Хауард изјави такво нешто после поразот од Кингс без Тајрик Еванс и Демаркус Казинс со 10 минути на терен !

И прошлите мечеви меѓу овие две екипи Хауард бил оставан повеќе сам а биле затворани Нелсон и комп.

Е сеа ова е трампа со која Бостон се спрема за Мајами. Со една ниска постава Бостон може да игра одлична дефанзива врз Мајами!

Рондо ќе го има Вејд, Гарнет ќе го изеде Бош а Пирс повеќе ќе може да се концетрира на својата дефанзива против Леброн, а Џеф Грин и Реј Ален повеќе ќе го користат тоа во нападот !

Значи како што реков според мене најдобра петорка во НБА ќе има Бостон на овој начин. Пирс е одличен дефанзивец кога сака, и кога треба, но поради преголемата улога во нападот и немањето соодветна алтернатива типот се уморуваше и неможеше да игра и напред и назад!

Ова е целата поента.

А види ги конкурентите за титула и нивните центри !

Лејкерс - Бајнам , Ретлиф

Сан Антонио - Тиаго Сплитер , Тим данкан

Далас - Хејвуд, Чендлер

Орландо - Хауард, Кларк

Бостон - Онил, Онил, Крстиќ !

Ју фил ми нели ??
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
^Мајами не е конкурент пошто нема добар центар ? Или пошто Бош имаше лоша утакмица ? Па и Бостон не беа поарни против Денвер
И Орландо се конкуренти а Оклахома и Чикаго не се ?
И во центарите кај Спарс ко заборај Блер

Јас навивам за Мајами - Оклахома финале ама мислам ке биди Лејкерс - Мајами
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
^^Ретлиф може да ја пропушти цела сезона. А Фил пред некое време рече дека Ретлиф може да не заиагра повеќе кошарка, земајќи ги во обзир неговите колена.

P.S Ова беше свирено фал во напад.

 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Ја мислим дека у Орландо никојј више не глеа конкурент за титулата. Играат мизерно , дури и самиот Хауард изјави такво нешто после поразот од Кингс без Тајрик Еванс и Демаркус Казинс со 10 минути на терен !

И прошлите мечеви меѓу овие две екипи Хауард бил оставан повеќе сам а биле затворани Нелсон и комп.

Е сеа ова е трампа со која Бостон се спрема за Мајами. Со една ниска постава Бостон може да игра одлична дефанзива врз Мајами!

Рондо ќе го има Вејд, Гарнет ќе го изеде Бош а Пирс повеќе ќе може да се концетрира на својата дефанзива против Леброн, а Џеф Грин и Реј Ален повеќе ќе го користат тоа во нападот !

Значи како што реков според мене најдобра петорка во НБА ќе има Бостон на овој начин. Пирс е одличен дефанзивец кога сака, и кога треба, но поради преголемата улога во нападот и немањето соодветна алтернатива типот се уморуваше и неможеше да игра и напред и назад!

Ова е целата поента.

А види ги конкурентите за титула и нивните центри !

Лејкерс - Бајнам , Ретлиф

Сан Антонио - Тиаго Сплитер , Тим данкан

Далас - Хејвуд, Чендлер

Орландо - Хауард, Кларк

Бостон - Онил, Онил, Крстиќ !

Ју фил ми нели ??
Ај фил ју:)
Ама изглеа многу различно гледаме на Перкинс. Јас го сметам како одличен стартер кој му помогна на тимот да стигне до Плеј-оф титула и до финале. Ти го гледаш како просечно центарче кое ќе биде заменето од 38(?) годишниот Шек, заувек повредениот Џермејн и фајтерот Крстиќ. Плус и ти пишав дека загубата на Нејт не е мала со оглед на тоа дека беше прва замена за Рондо, а знаеше да изненади некои утакмици барем офанзивно. Исто сега и Дениелс отиде у Сакраменто, Ердан( за мене просечен центар,не премногу лош) си отиде и Харенгоди. Клупата ќе им биде многу тенка. Незнам дали се спремаат за Мајами или за Кливленд ама стариве ќе треба да останат здрави иначе... Замисли една повреда на КГ.
Орландо се во некоја лоша серија ама незначи дека не се конкуренти. Ќе влезат у плеј оф тоа е 100%. Тука се играат 4 утакмици и искрено ништо не се знае. Ја не би ги отпишувал така брзо. Пред некое време врзаа серија од 9 победи. Значи се способни да играат на високо ниво, само ќе видиме дали Ван Ганди ќе ги среди.
Лош пораз вчера на Бостон. Со кратка клупа и неможеше ништо поише. Последните 6 минути без постигнат поен. Денвер прв пат играше со новите играчи. Чендлер најдобро се покажал со 16 поени.
Чикаго победи во една предобра утакмица. Роуз ги надигра Вејд и Џејмс. Во последните секунди Џејмс себично за 3 проба и ја скрши таблата. Бош заврши со 1/18 од поле:kesa: Да можат Ноа, Роуз и Бузер да изиграат до крај на сезона заедно дефинитивно Чикаго стигаат до финале на исток.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
Во глава ми е уште податокот, кој беше нај лош шут во постоењето на "NBA" името не ми текнува а година 1973 или шут 1/22,а воа на "BOSH"
е втор нај лош шут 1/18,а ја упорно го бркам "CHICAGO" сингл ме отепаа,до сега не се откажувам ќе ги бркам и понатаму до последен денар.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Бостон направија огромна грешка шо го дадоа Перкинс. Барем според мое мислење. И на нба.ком имате една одлична статија во која што ова е убаво објаснето. Океј, Џеф Грин е млад и надежен кошаркар, ама како планира Бостон да гази во плејоф со два просечни центри и еден Шек кој што поголемиот дел од времето е повреден, и ако пак отсуствува во плејофот, тоа ке биде крајот за Бостон.

А за вчера за утакмицата Чикаго - Мајами, стварно беше една од појаките утакмици годинава, и Мајами иако изиграа мизерно во последните две четвртини пак беа многу блиску до победа, но среќата и прецизноста се најде на страната на Чикаго на крајот. Како и да е, ке биде доста интересно во плејофот, Чикаго се солидна екипа, ама за да ги тепаат у 7 утакмици Бостон или Мајами, рано им е уште. А Оклахома моментално, со трејдовиве, мислам дека направија екипа способна барем за финале на западот, ако не налетаат на Спарс или Далас. Ке видиме, ке биде доста доста јако, најнеизвесен плејоф не очекува :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Синоќа, формата на Луол Денг и пар нечовечки потези на Роуз ја направија разликата. 3/4 беше решавачка, Чикога ја заврши со +4, аа на полу-време беа во негатива од 9 поени. Во недела мислам двата источни ривала пак ќе се сретнат, Мајами ќе биде домаќин.

Вечерва пренос ќе има од Орландо-Оклахома .. :tv:
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Знае некој зашто не играат играчите што обично играат за Детроит???
Со резерви играат,Стаки,Принс,Мекгрејди не влегле ни секунда а скоро втора четвртина на крај е.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.279
Поени од реакции
8.445
Кажете ме луд ама прогнозирам на финале Меџик-Спарс ... за Спарс сум сигурен :tv: овие Орландо мислам дека ќе достигнат врв на форма во плеј оф

ovaa godina sampion e miami definitivno..
Tака е ... и Гадафи ќе биде пак претседател на Либија :icon_lol:
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Знае некој зашто не играат играчите што обично играат за Детроит???
Со резерви играат,Стаки,Принс,Мекгрејди не влегле ни секунда а скоро втора четвртина на крај е.
Протестираат против тренерот.
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
599
Поени од реакции
407
Овој Грин што дојде во Бостон е истиот што беше трампан за Ален на времето?
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Протестираат против тренерот.


Беше ебано време, Лузеров ни ебуе матер 3 сезоне више крв му ебем гадна циганска !

Ајде Џоу Д реагирај сеа или никад! Џери Слоун земај го ! :D

--- надополнето ---

Овој Грин што дојде во Бостон е истиот што беше трампан за Ален на времето?
Да тој е!

--- надополнето ---

^Мајами не е конкурент пошто нема добар центар ? Или пошто Бош имаше лоша утакмица ? Па и Бостон не беа поарни против Денвер
И Орландо се конкуренти а Оклахома и Чикаго не се ?
И во центарите кај Спарс ко заборај Блер

Јас навивам за Мајами - Оклахома финале ама мислам ке биди Лејкерс - Мајами

Majами не го стаев пошто планирав да ги стаем туе само екипите од западот покрај Бостон, Орландо центрите ги стаев за пример пошо конкретно Гојак ми збореше за Орландо.

Не ни мислев дека Мајами не е конкурент !

Објаснив дека ваков потег направи Бостон пошо според нивното раководство освен Мајами не гледаат друг противник на Истокот !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom