NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
На повидок е голема трампа меѓу 4 тима !
Кармело Ентони и ДЈ Аугустин би завршиле во Њу Џерси Нетс.
Денвер би ги добил Дерик Фејворс третиот пик на овогодинешниот драфт, Андреј Кириленко и 2 пика од првата рунда во наредните 2 години
Јута на местото на скапиот и доста време повредениот Русин би го добила Борис Диао од Шарлот.
А во Шарлот ќе го добие Девин Херис !

Интересно :)
 
Некој мора да дава од полуфинале или финале..неможе никој да не дава??Лејкерс пак освојува...Иначе стварно крш од држава сме!Чим Англиско нема што останува за NBA..
 
Кој фаќа СпортКлуб?! Тие ќе даваат НБА оваа сезона.

Otvaranje sezone na SK-u:

OrlandoMagicLogo.png
VS
Miami-Heat.gif


29. oktobar, 02:00
 
Во врска со preseason тука дискутираме ?

Да кажиме збор два за Lakers шо изгубија од Barcelona :)
 
Вестбрук и Дурант се страшен тандем...Тука е и Џејмс Харден кој годинава ќе направи невероватен напредок...Момци кој со исклучок на 2-3 играчи кои и не се во прв план немаат повеќе од 25-6 години... Оваа година во ослабениот Запад очекувам да бидат најмалку на петото место ...

За година две во зависност како ќе се развива тимот и какви му се намерите на менаџментот, Оклахома ќе се бори за титула

Вестбрук е машинка... Едноставно задоволство ми е да го гледам


Перфекто за ова за Спорт клуб како оди... Пошто сега направија 5 канала колку што знам.На која ќе оди и колку преноси ќе има неделно
 
2 пати неделно, и на Спорт Клуб ќе оди. Не на +, не на 3, не на 4, туку на основниот СпортКлуб.
 
San Antonio Spurs 90 - 73 Miami Heat,третата четвртина ги згази San Antonio..Па и не се толку јаки овие Miami Heat?
 
San Antonio Spurs 90 - 73 Miami Heat,третата четвртина ги згази San Antonio..Па и не се толку јаки овие Miami Heat?

Пред се ова еподготвителен период и се е можно.А најбитното е тоа што ако а гледаше утакмицата ќе знаеш што се случило.А по се изгледа ти е виден само резултатот и ајде да напишеме пост... Вејд е повреден , Џејмс и Бош играа само првата четвртина ...
 
San Antonio Spurs 90 - 73 Miami Heat,третата четвртина ги згази San Antonio..Па и не се толку јаки овие Miami Heat?
Вејд повреден, Леброн и Бош играа по 12 минути, Хаслем, Чалмерс и Милер не ни играле :smir:
 
Ајверсон се сели во Турција за два милиони долари

Поранешниот НБА-олстар Ален Ајверсон, наводно, е блиску до премин во турскиот прволигаш Бешикташ. Најкорисниот играч од 2001 година е слободен агент откако ја мина претходната сезона во дресот на Филаделфија, но се уште не може да најде ангажман за да остане во САД. Турските медиуми објавуваат дека Бешикташ е подготвен да плати околу два милиони долари, вклучувајќи и бонуси, како и процент од рекламните профити, а 35-годишниот бек притоа барал луксузен автомобил, вила и да игра секоја недела, наместо еднаш месечно.
Ајверсон беше прв пик на драфтот во 1996 година од страна на Филаделфија, каде мина 11 сезони, по што заигра и за Денвер, Детроит и Мемфис. Во кариерата има просек од 26,7 поени, а во 2001 година беше дел од големото финале, каде со Филаделфија загуби од Лејкерс во пет натпревари.
 

хахах да го фатеше моем да замислим шо ќе беше :pos:

Иначе НБА на МТВ, само незнам по колку утакмице ќе има неделно, ако има барем 2-3 ја задоволен ! :)

Детроит свекако ќе го гледам на интернет, барем нешто и на ТВ да глеам кој не игра Детроит!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom