Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Serie A
Нова тема и за Сериа А.
Сериа А е професионалната фудбалска лига на Италија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот и шестопласираниот играат во Лига Европа (стар УЕФА Куп), додека третото место за во овој куп му припаѓа на победникот на Копа Италија. Ако победникот на Копа Италија е веќе квалификуван по друга основа, поразениот во финалето на купот го зазема неговото место. Ако пак и двете екипи се квалификувани по друга основа, седмиот во лигата го добива местото за Лига Европа. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола. Само Интер може да се пофали со фактот дека не играл ниту еднаш во Сериа Б.
Формирана е во 1929 година. Статистички, Италија има дадено најмногу финалисти во Лигата на Шампионите. Актуелен шампион е Интер, кој титулата ја освои петти пат по ред (сметајќи ја и административно доделената титула, одземена од Јувентус).
Во Италија тимовите се рангираат прво по бодови, па по меѓусебен дуел, и на крај по гол разлика.
Ете и анкета.
П.С. Ако мислите дека треба уште некој да биде вклучен во анкетата, пишете и ќе размислиме по предлог-прашањето.