Како да најдам работа во оваа држава Р.Македонија?

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Работна апатија има во Македонија.

Зошто?

Ете пример. Знам јас лично 2 примери. Едниот пример работи во супер-маркет во Кисела Вода во Скопје. Платата е 10000 денари месечно. Вработената дава 2500 денари месечно за автобуска карта + храна (30 денари денот, за јогурт и ѓеврек) + 1000 денари. Имаат 2 (ДВА) слободни дена месечно, што значи работат 29 дена.
Работат до посер...земаат плата од 6500 денари месечно.

Друг пример. Во Битола, девојката живее во Битола, работата и е на 15км од градот. Месечно дава 2000+ денари за плин во Југото. Зема плата од 7000 денари/ Хранарина + 1000 денари месечно. Работи за 4000 денари.

Мене, ми понудија работа пред 2 години во едно локално битолско списание „Его“ на Симе Алушевски.

Значи дипломиран информатичар да го прави следното:

- Уредување на веб страната на ego.com.mk
- Уредување на весникот „Его“ - Adobe InDesign
- Прегледување за печатни грешки
- Праќање на весникот за печатење
- Земање на весниците од печатење
- Разнесување на весниците по сите трафики низ градот и до сите јавни институции (do the sum your selves)
- Пребарување на интернет и пребарување на интересни приказни од типот „Верувале или не“

Плата: 3000 денари, ама дека со факултет 5000 до 6000 денари.

Ни пријавен, ни осигуран, ништо. Како демек хонорар.

И што, да прифатам такво нешто? Нема грешка бате.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Како не си прифатил, незнам па тоа е работа од соништата или ти не си еден од оние хумани Македонци, кој работат за без пари.
Исто како вицот, има многу педери во градот, ама пари нема така и во Македонија има за работа ама пари не даваат, можеби некој работодавач ќе се јави да ја каже неговата приказна
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Не, најјак ми е муабетот на Тони газдата на ТВ Орбис - Битола.

Вработените се бунеа зошто им дава плата од 5000 денари.

Тони: Вие треба мене да ме плаќате, јас ве правам популарни

:tapp:
 
Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Прочитав тука дека треба често да се следат огласите и да се праќа CV и ќе си најдеш работа. Од моја гледна точка мислам дека повеќето огласи само формално се објавени, а веќе си имаат они луѓе за работа. И тоа е многу жално. Се јавуваш, праќаш CV, ок те викаат на разговор и ќе ти кажат дека за некое време ќе ви се јават и ги нема никаде. :( И без врски или среќа во га*от не можеш лесно да најдеш работа.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Тоа се знае дека е така. Се додека не најдеш некој од фирмата да те турни (доволно да даде добар глас за тебе) нема работа. Второ, најчесто огласите се за ре-избор на некои вработени, така што, треба богами голема среќа да ти се трефни да добиеш и добра и добро платена работа.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Работна апатија има во Македонија.

Зошто?

Ете пример. Знам јас лично 2 примери. Едниот пример работи во супер-маркет во Кисела Вода во Скопје. Платата е 10000 денари месечно. Вработената дава 2500 денари месечно за автобуска карта + храна (30 денари денот, за јогурт и ѓеврек) + 1000 денари. Имаат 2 (ДВА) слободни дена месечно, што значи работат 29 дена.
Работат до посер...земаат плата од 6500 денари месечно.

Друг пример. Во Битола, девојката живее во Битола, работата и е на 15км од градот. Месечно дава 2000+ денари за плин во Југото. Зема плата од 7000 денари/ Хранарина + 1000 денари месечно. Работи за 4000 денари.

Мене, ми понудија работа пред 2 години во едно локално битолско списание „Его“ на Симе Алушевски.

Значи дипломиран информатичар да го прави следното:

- Уредување на веб страната на ego.com.mk
- Уредување на весникот „Его“ - Adobe InDesign
- Прегледување за печатни грешки
- Праќање на весникот за печатење
- Земање на весниците од печатење
- Разнесување на весниците по сите трафики низ градот и до сите јавни институции (do the sum your selves)
- Пребарување на интернет и пребарување на интересни приказни од типот „Верувале или не“

Плата: 3000 денари, ама дека со факултет 5000 до 6000 денари.

Ни пријавен, ни осигуран, ништо. Како демек хонорар.

И што, да прифатам такво нешто? Нема грешка бате.

Сето е така како што наведе, меѓутоа земи во предвид дека освен за себе треба да мислиш и на твоите најблиски.

Трошоците создаваш секојдневно, без разлика дали си или не си вработен, а за седење дома никој не те плаќа, па како ќе ги покриеш трошоците?

Имаш избор или да генерираш трошоци, а друг да ти ги плаќа, што од една страна звучи супер ама од друга фрустрира и онеспособува за понатамошна мотивација и секако не е вечно гарантирана, а другиот избор е да работиш колку да ги покриеш трошоците, да стекнеш искуство(не само работно туку и животно), да ги ослободиш родителите т.е. да направиш ти за возврат со тоа што нема да им висиш на џеб, да научиш колку е тешко да се заработи лебот и да се мотивираш да најдеш подобра работа, за која трудот ќе ти биде надплатен.

Треба да се запамети дека работата нема да дојде кај вас, туку обратно.

Не секој ја има таа среќа да познава луѓе или да го ползува она што го спечалиле неговите дома, а задоволството постигнато при самореализација е многу поголемо.

Кога ќе дојде ножот до коската нема веќе филозофија.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
57
Поени од реакции
0
Дечки, ми треба да најдам адреса од една фирма, и пробав на златна книга и абв, но не можам да најдам, или не користам прави филтри :nesum: знае некој да ме посоветува? Благодарам! :smir:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Сето е така како што наведе, меѓутоа земи во предвид дека освен за себе треба да мислиш и на твоите најблиски.

Трошоците создаваш секојдневно, без разлика дали си или не си вработен, а за седење дома никој не те плаќа, па како ќе ги покриеш трошоците?

Имаш избор или да генерираш трошоци, а друг да ти ги плаќа, што од една страна звучи супер ама од друга фрустрира и онеспособува за понатамошна мотивација и секако не е вечно гарантирана, а другиот избор е да работиш колку да ги покриеш трошоците, да стекнеш искуство(не само работно туку и животно), да ги ослободиш родителите т.е. да направиш ти за возврат со тоа што нема да им висиш на џеб, да научиш колку е тешко да се заработи лебот и да се мотивираш да најдеш подобра работа, за која трудот ќе ти биде надплатен.

Треба да се запамети дека работата нема да дојде кај вас, туку обратно.

Не секој ја има таа среќа да познава луѓе или да го ползува она што го спечалиле неговите дома, а задоволството постигнато при самореализација е многу поголемо.

Кога ќе дојде ножот до коската нема веќе филозофија.

Кога ти би ја прифатил таа горе опишана работа тогаш ќе разговараме и ќе речам дека си во право. АМА јас глава сечам дека никогаш нема да ја прифатиш за таа цена.

1) Те деградираат како човечко сушстество
2) Си поминал години на факултет и непреспани ноќи од учење до посер и некој да ти го обезвреднува трудот.
3) Јас си го најдов чарето. Си заминав од Битола и работам во Скопје. Не дозволив да бидам на грб на родителите. Најдов компанија која ме вреднува тоа што сум го учел и го учам.
Мојот труд и моето знаење сега таа компанија го користи и има големи придобивки. Уредникот на „ЕГО“ сега е со не update-ирана веб страна, КАТАСТРОФАЛЕН дизајн на весникот и продажба само во државните институции, се разбира додека оваа политичка гарнитура е во Битола на власт тој ќе има работа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Фолцваген, оваа работа нели беше (барем порано) доста солидно платена? Десктоп паблишинг, прелом на страна и слични места земаа луѓето негде по 500 марки просечно (колку се сеќавам-отприлика).
Вака ми делува премногу бедно за занаетот, уката и трудот кој треба да се вложи.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Зависи каде. Во Скопје, некаде се зема 15000 (500 марки) до 18000 илјади. Сериозна фирма.
Во Битола, ...е друга приказна.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Mене никој не може да ме плати толку малку колку што можам јас малку да работам.
Секогаш сум на чекор два пред работодавците на тоа поле.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Кога ти би ја прифатил таа горе опишана работа тогаш ќе разговараме и ќе речам дека си во право. АМА јас глава сечам дека никогаш нема да ја прифатиш за таа цена.

1) Те деградираат како човечко сушстество
2) Си поминал години на факултет и непреспани ноќи од учење до посер и некој да ти го обезвреднува трудот.
3) Јас си го најдов чарето. Си заминав од Битола и работам во Скопје. Не дозволив да бидам на грб на родителите. Најдов компанија која ме вреднува тоа што сум го учел и го учам.
Мојот труд и моето знаење сега таа компанија го користи и има големи придобивки. Уредникот на „ЕГО“ сега е со не update-ирана веб страна, КАТАСТРОФАЛЕН дизајн на весникот и продажба само во државните институции, се разбира додека оваа политичка гарнитура е во Битола на власт тој ќе има работа.
Кога би се познавале лично можеби би можел да бидеш убеден, меѓутоа не можеш да тврдиш ниту да знаеш што се’ сум работел.

Јас не те обвинувам ниту оспорувам туку дадов едно мислење во врска со прифаќањето на “работата“ која е под секоја чест.

Доколку имам потреба од финансии, а немам вакум простор за калкулирање, го прифаќам и она што е, се’ додека не најдам подобра работа.

Кај нас има поинаква филозофија во однос на работата, повеќето се срамат да работат било што, и сите се убедени дека заслужуваат повеќе. Факултетот никаде не ти е гарант за работа ниту реален показател за твоите квалитети, ти својата вредност практички ја достигнуваш после првиот 2 годишен стаж, кога можеш да се пофалиш со некоја работна историја на постигнати резултати.
Затоа и не случајно најголемиот број од фирмите ставаат услов - 2 годишно искуство.

Не е важно во кој град работиш, важно е да работиш, ако ништо не те држи тогаш патувај, менувај, земај повеќе, тоа е логично.

Би било добро доколку и локалните фирми, надвор од Скопје применуваат развојни политики, а не профтерски со ограничено време на траење.

Да не должам, не ми беше целта да се спориме.

--- надополнето ---

Фолцваген, оваа работа нели беше (барем порано) доста солидно платена? Десктоп паблишинг, прелом на страна и слични места земаа луѓето негде по 500 марки просечно (колку се сеќавам-отприлика).
Вака ми делува премногу бедно за занаетот, уката и трудот кој треба да се вложи.
Од авион се гледа дека “уредникот“ сака да профитира на алчноста, отколку да инвестира во бизнис на долги патеки.
Кога сме веќе кај новинарството, професионално, во Македонија, треба да се почне од самите новинари, од тоа какви договори имаат потпишано и колку им плаќаат(дали).
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Како и да е, сепак, факултетот ме става во подобра позиција во однос на некој друг со средно образование, истотака без работно искуство нели?

Второ, за таа сума на пари, што ја споменав, 3000-6000 денари има еден тон работи што се далеку поисплатливи да ги работиш во било кој град.

Трето, се додека има луѓе што прифаќаат такви работни позиции (деградирачки), ќе има и такви плати!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Како и да е, сепак, факултетот ме става во подобра позиција во однос на некој друг со средно образование, истотака без работно искуство нели?

Второ, за таа сума на пари, што ја споменав, 3000-6000 денари има еден тон работи што се далеку поисплатливи да ги работиш во било кој град.

Се согласувам.

Трето, се додека има луѓе што прифаќаат такви работни позици, ќе има и такви плати!
Се додека нема доволно работни позиции, ќе прифаќаат и такви пари.

Не сум дежурен солач на мозок, ама и постарите поискусни членови можат да ти потврдат дека во ситуација без избор, кога си далеку од незаменлив, ќе пројавиш склонност кон професионално деградирање само за да опстоиш.

Платите не зависат од твојата желба, туку од пазарот. Ако мислиш дека вредиш многу повеќе воопшто не прелистувај огласи на мали приватни фирми, одма барај работа во IBM.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Се согласувам.

Се додека нема доволно работни позиции, ќе прифаќаат и такви пари.

Не сум дежурен солач на мозок, ама и постарите поискусни членови можат да ти потврдат дека во ситуација без избор, кога си далеку од незаменлив, ќе пројавиш склонност кон професионално деградирање само за да опстоиш.

Платите не зависат од твојата желба, туку од пазарот. Ако мислиш дека вредиш многу повеќе воопшто не прелистувај огласи на мали приватни фирми, одма барај работа во IBM.
Апсолутно си во право, но, сепак мене не ми е целта да живеам одделен живот или никаков социјален живот (со работата во Apple/IBM/Microsoft). Малку влегуваме во друга тема.

Мене целта ми е еден нормален просек да зеам. Да речеме 1000-2000 евра плата, за Балкански услови е супер. Можам и кредит да платам и желба за надградба (ако имам повеќе сертификати и знаење да добијам 3000 евра плата) итн.

Значи не барам ништо повеќе од европскиот просек или европски стил на работа.

Нашите фирми најчесто работат за извоз (интелектуален или материјален) и наплаќаат дебело за услугите (речиси како во европските земји можеби 10% поефтино , колку да бидат конкурентни). А платите се 10 пати помали.

Точно ја долови ситуацијата. Нема излез. Презаситен е пазарот на трудот од се, како и од менталитетот на народот (рековме, ќе работи било што за било која плата).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom