Што мислите за момците што се фалат со тепање, ако им пристапиш во нивната населба!

  • Креатор на темата Креатор на темата iko_kovacevic
  • Време на започнување Време на започнување
^Незнам од каде си,но ако збориш глобално за сите тогаш ти кажувам дека грешиш :)
 
Ако се "знаат" од претходно,нормално е ако им влезеш у населба и те видат дека ќе дојде до тепачка.
Е сеа ако идеш ти и глумиш мангуп,се фураш нешто,безразлика од кај си пак ќе те истепаат. Сум идел низ цело Скопје скоро насекаде,па нигде не се десило со некој безпричина да се степам....
 
Ретардирано е тепачки и слично - само затоа што не е некој од таму т.е. од нивно маало

...али ако почнат и сигурно ќе најдат некоја причина да испровоцираат ..ондак фајт =)) .Ако се многу - кидни им или фати еден па унакази го ,ако немаш нешто при рака ,разгледај употреби имагинација ,одбрани се.Ретко да има некој а да нема учествувано во тепачка - повеќето пати не ни личи на тоа :/

How much can you know about yourself if you've never been in a fight? :toe:
 
Сум имал вакво искуство:))).Бегав низ нивите една вечер во едно село(струмичко).:pos: Јбг 2ца против цело село не бива.:toe:
 
Ги има секаде, неможеш да кажеш ги има само/најмногу во Ѓорче, Аеродром или к3..Ама најмногу се издвојува Чаир..
Таквите најчесто се јаки кога се повеќе, а после некој кога е сам да те види ќе бега на 100 метра од тебе..
 
Во аеродром имало сељаци ? Одам на тренинг таму не ми се мајтапел никој , супер си се децата.
Мене ми се чини или само во Скопје има тепачки од типот на 10 VS. 1 ? Кај мене такво нешто е понижувачки , отидов прва година во Скопје...кај да плукнеш лигуш ќе погодиш. Ми велат "сакаш ли да го тепаме оној ние 5 ќе го фатиме ќе го искршиме". Што им е на денешниве деца во мозокот само тепање им е. Тренирам боречка вештина но на тепање дали мислам 1 минута во денот...
Ај нека дојде некој во Петровец ако смее...
 
Еве еден пример: Ја испраќав мојата бивша девојка дома. Ме замоли да ја испратам бидејќи и беше страв од кучиња и плус и беше страв некој да не и излезе да не ја нападне... Пешки одевме и по патот накај нејзиниот дом од еден трансформатор примерив како некои ме маваат со мали зелени јаболки и викаат: Ела бе ваму пи*ка ти ма*ер да ти го скршиме носот, јас нормално ќе го игнорирам како и што секој би го направил тоа и си продолжив. Еден од нив почна по нас да оди и зема камен во рака, но другите му рекоа: Ај брат остави го и уште нешто му искоментираа (али не слушнавубаво) и тој застана... и нема везе продолживме ние, стигнавме кај нејзе се испративме и на враќаме едни момци во кола ги видов како си пијат, си се веселат, си пуштаат гласно музика и јас поминувам покрај нив и еден од нив вика: Брат ај го фатиме оној и го замлатиме од ќотек и другиве му викаат заеби брат гледаш дека е мал... Ова се деси пред 4 години...

И дали ова е нормално сеа???
 
Искрено, не мислам ништо.
Да не беа тие нафурани седмоодделенци, на кого ќе пукавме сеир?
 
Абе, може ме знаете али мене ме викаат Брзи и сум најјак во Ѓорче. Лавовите ми се грб и коа треба да рипнат за мене - рипаат. Посебно коа седиме пред казиното или пред бурегџилница и едвај чекаме да дојде некој со кола да застане за да го истепаме. Он ке ми вози низ населба! Плус коа ке видам некој сељак од Аеродром - одма го кршам од ќотек! Ете така да си знаете.


П.С. Со Копчар сме како браќа.
 
@Ханзо
најубави сте вие од голо гузица
@wot
незнам другар за тебе ама ако живееш во чаир постојано се случува дојденци од центар/аедром/лисиче да јадат ќотек од овдешните..
 
Еве го моето мислење во врска со овие момци: Бидејќи имаат вишок сила која нема каде да ја искористат освен за повремено мастурбирање им предлагам да си направат една фолија, да посадат пиперки и домати и нека ја трошат таму својата сила...

folija-plastenike-slika-2459977.jpg
 
Лошо е што постои омраза, навреди, исмејувања, оговарања и многу други лоши работи. Зошто тепање да постои заради овие работи? Тоа е голема причина зошто сме ние прост народ, кога незнаеме некој проблем со зборови да го решиме, па на прво место ни доаѓа силата. Ова го кажувам не зошто сум некоја пичка. Сум се тепал со тој што стварно мислам дека заслужил да го удрам. Многу е лошо што постојат вакви работи...

Семејно воспитување, љубов и осознавање на основните облици на култура и меѓусебно почитување. Сe ова се учи - осознава од мали нозе..Кога секој од нас би бил изгледан во вакви услови светот би бил прекрасно место за живеење :)
 
Зарем има уште вакви момци? Зарем не им беше доволно тоа што ги запослија како Алфи :)
Сељак ќе искочи од селото но селото од сељакот никогаш....
 
Влашка маала Охрид фор лајф!
 
Кој бе брат од K4? Најверојатно тие што се седмо-осмо оделенците... Поголемите нема шанси...

А овие помаливе нонстоп фрки комити ова она ха ха ха

Точно.
Во Карпош , само адолесцентите неизраснати прават проблеми .
Се сеќавам на една случка , нешто седевме со женските во Карпош , и демек ни се собраа некои дечки , и онака почнаа да не испрашуваат , демек од кај сме , кои сме , им одговорив се онака , културно.
И после демек нешо сакаа да не тепаат , и башка следниот ден , тој ‘алфа-пубертетлијата‘ го видов во близина тука каде што живеам.
И тргнав накај него , нешо му дадов поглед , абе дечково мислам ќе го стрефнеше срце.Тоа како почна да се поти , гелот му се стопи од тоа косата.:pos2:
Тоа е , напаѓаат кого стигнат кога се во друштво.Затоа најдобро ако се движите низ нивна територија поведете и другарчиња.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom