Македонец
мразам патетика во натпис
- Член од
- 12 февруари 2007
- Мислења
- 3.928
- Поени од реакции
- 3.814
24.06.2010 - 14:35 | Македонија
Полициската “Фаланга” го затвори бизнисот на дивите копачи. Педесетина крадци на вредно историско богатство се приведени.
Штипјани, кочанчани, струмичани, прилепчани, скопјани, тетовчани, во бизнисот биле вклучени мајстори на занаетот од осум града низ Македонија. Бизнисот вистински им цветал.
Експонати за да се наполнат неколку музеи се откриени при претресот на шеесет објекти. Златни монети, накит, керамика, предмети со непроценлива историска важност биле дел од богатството на македонските диви копачи.
Се што е пронајдено ќе се вештачи, експертите ќе трагаат по вистинската вредност.
Дивите копачи не бирале од каде го вадат историското богатство. Освен од само за нив познати наоѓалишта ги ваделе предметите и од познати археолошки наогалишта.
“Фалангата” предводена од специјалната единица на МВР се уште е во поход. Полицијата не открива детали за акцијата додека не го проверат и последниот осмомничен.
- Акцијата се уште е во тек, така да не би можеле да одиме со детали кои би го откриле идентиотетот на лицата, вели Гордана Јанкуловска министер за внатрешни.
Пронајдените предмети, како и дивите копачи ќе дојдат во Скопје. Додека едните пред истражен судија ќе одговараат како ги наоѓале вредните предмети, јавноста ќе има можност да го види пленот.
Иван Кузмановски
--------------------------------------------------------------------------
Лелеле немате појма луѓе што се поседуваа овие диви копачи....верувајте дека со оваа акција е спречен одлив на артефакти во Грција и Бугарија за во наредните 20-30 год.... Алелуја