"Вардарска"

Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Одлично видео од колега на форумов.

Браво!!!

 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
http://www.24online.mk/225479/indexed.html

Велиу: Илиро-Македонија, за решение на спорот со името

a baska ova do sega ne se razsiri mn, ova bese pred gafot na antena i katherimi deka ke se vikalo "vardarska"

gcki blogovi objavija sledno....
Demokratija na severna Makedonija

http://greece-salonika.blogspot.com/2010/06/blog-post_11.html
:pos2:

PS> sorry, ja mislev temata se odnesuva na spekulaciite na grckite mediumi, neka premesti moderatort ako postoi takva tema tnx
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Бог да чува, Велиу и компанија...и тие се јавија. Се чека на предлози уште на 4-5 националности у Македонија, 3 најмалку од соседите и на крај од Брисел, како им е по волја
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Многу нервозни ми се во последно време кумовиве на новите имиња.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ќе ни го начукаат, осеќам како не подмачкуваат.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ќе ни го начукаат, осеќам како не подмачкуваат.
Сега е модерно сами да си го начукуваме... тие само нудат сеанса... е сега наше е дали ќе си го начукаме.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ех бре деца, штета што Гејците се Православни... инаку ќе имавме многу јак аргумент. :)
Кум неможе да биде ако не е Православен. :)

Затоа предлогот на Илиро-Македонија неможе да се прифати затоа што кумот не е Православен. :)

(мала шала, но делот за кумството е вистина)

--- надополнето ---

Сега е модерно сами да си го начукуваме... тие само нудат сеанса... е сега наше е дали ќе си го начукаме.
Ептен точно. Сами ако не си го набиеме, никој нема.
 
F

FilipMacedon

Гостин
И ова да го прифатиме и ова нема да им чини,Вардар тие го викаат Аксиос,значи само Аксиоска Македонија,а ние новопечено племе Аксијци(звучи вонземско:))
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
А зошто не се гледа подалеку малку, односно што се добива и што се губи. Овде политичарите секогаш кажуваат за една варијанта а ако не биде таа, друга не спомнуваат бидејќи го начекале таков народот - гладен гладен ама политички настроен.

Она што го прави Грција е катастрофа, но еве на пример не сакаме да го мениме името - но дали некој може да каже која е другата варијанта. Ако го смениме името со географска одредница, ќе се интегрираме во Нато и ЕУ, во најсилните економски и воено - политички сојузи. Проблемите на безбедноста и економијата ќе бидат решени (тоа се виде од оние земји кои влегоа во тие сојузи)

Ако не го смениме името и ако не влезиме! БЈРМ (бидејќи тоа името во ООН и бо меѓ - односи и меѓ - договори ) има едно горко минато.

На надворешен план се граничи со држави кои еднаш ја распарчија а и понатаму се стремат кон тоа. Грција не го признава името и античката историја, Бугарија вели има држава но народот е бугарски и охрид е бугарски ерусалим, македонските револуционери исто така ги слави и бугарија како бугарски револуционери - односно целокупната македноска словенска историја за нив е бугарска. Србија не ја признава црквата. Во македонија живее албански народ кој не се сложува со политиката на Груевски а на нашите граници има две албански држави кои ја уживаат меѓународната подршка и едната е членка на најмоќната воена алијанса.

Гледаме дека членките на ЕУ не отуѓуваат полека и со прст ни покажуваат кон Грција.

Како државата ќе се соочи со овие задачи.

Времето работи против нас!

Ако некој мисли дека ќе се чека да се распадни Нато, Еу и САД.........
чекај малце, ми личеш ептен наивен....
безбедност?
дали си упознаен со билатерални договори која Р. Македонија ги потпиша во тоа прашање?

Проблемот со економијата ќе биде решен ако влеземе во ЕУ??

АЛО дете разбуди се, не гледаш што се дешава лево-десно/горе-доле?
Грција- пред банкрот
Бугарија т.е. нивен Буџет под надзор на ЕУ
само како примери....
а ете денеска во германските медиуми што пишува....

DER EURO-CRASH. Griechenland war nur der Anfang (грција беше само почетокот, другото претпоставувам го разбираш)


се прашувам на кој муабети ти паѓаш за да мислиш сите проблеми ќе бидат решени....
не - тек тогаш ќе почнат (и најпрвин во економијата)
http://www.nrhz.de/flyer/beitrag.php?id=15324
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Европска Унија, ти реков ми рече
Сивата економија останува проблем во Бугарија и Романија
25/08/2008

Уделот на сивата економија во Бугарија во 2002-2003 година беше околу 40 отсто од БДП, покажа извештајот на ОЕЦД за неформалната вработеност во Романија, објавен во јули.
Дваесет милиони државјани на ЕУ немаат пристојни санитарии
Често се мисли дека во ЕУ живеат само добро ситуирани луѓе кои немаат проблем со основните животни ситуации. Но, политичарите во Брисел не се свесни дека тоа не е така, изјавила Саша Габизон, претседател на невладината организација Жените во Европа за заедничка иднина.
Тоа во прв ред се однесува на новите членки на ЕУ од источниот блок, но изолирани случаи постојат и во Западна Европа, како во Франција, Ирска или медитеранските земји.
Во Бугарија, 42 отсто од населението живее во руралните средини каде само 2 отсто од домаќинствата се приклучени на канализациона мрежа.
Во Романија без канализација живеат 10 милиони луѓе, а во селата само 15 отсто домаќинства имаат вода во домовите.
Во многу училишта на село, децата не сакаат да ги користат санитариите зошто се гнасни, рекла Дијана Искрева од една бугарска невладина организација.
Проблемот не е само во отсуство на удобноста, туку во фактот што на тој начин се јавуваат жаришта на болести.
Ваквите ситуации предизвикуваат болести како хепатитис А или болести прдизвикани со превисока концентрација на нитритите во водата, додала Искрева.
Дозволената концентрација на нитритите во водата е 50 мг по литар, а во некои делови на Романија се среќаваат и 500 мг по литар.
Околу 16% од граѓаните на ЕУ живеат во сиромаштија
04.05.2007 00:00
Над 72 милиони лица, или околу 16% од граѓаните на ЕУ живеат под прагот на сиромаштијата, покажуваат податоците објавени денеска на Шестата европска средба посветена на луѓето кои живеат во сиромаштија што се одржува во Брисел.

Околу 30% од децата што живат во земјите-членки на ЕУ се соочуваат со заканата да живеат во сиромаштија. Над десет проценти од Европејците живеат во семејства на невработени, што дополнително ја влошува нивната положба, додека 8% од вработените Европејци се сиромашни.
Има и постари вести меѓу овие ама...или ги забораваме или никој (од оние што сметаат дека ЕУ е рајот а Брисел е седиште на Бог и Херувимите) не ги чита.

--- надополнето ---

Населението на ЕУ загрозено од сиромаштија

19 јануари 2010

Во 2009 година во просек 17 отсто од населението на Европската Унија било загрозено со сиромаштво, соопшти статистичката агенција на ЕУ - Еуростат

Според статистичките податоци од 27-те земји на ЕУ, Чешка имала процентуално најмалку население загрозено од сиромаштвото - само девет отсто, а по неа следат Словачка и Холандија со по 11 отсто загрозени граѓани.
Наспроти тоа, со сиромаштвото најмногу биле загрозени жителите на Летонија (26 отсто), Романија (23 отсто) и Бугарија (21 отсто). Според податоците на Еуростат, со сиромаштвото биле загрозени 12 отсто од населението на Унгарија, Австрија, Шведска, Данска и Словенија, 13 отсто Французи и Луксембуржани, 14 отсто граѓани на Финска и 15 отсто жители на Белгија, Германија и Малта.
Сиромаштвото било закана и за 16 отсто жители на Ирска и Кипар, 17 отсто Пољаци, 18 отсто Португалци, 19 отсто од популацијата на Естонија, Италија и Велика Британија. Меѓу високозагрозените се и Грција, Шпанија и Литванија со по 20 отсто.
Еуростат ги објави и податоците за Исланд и Норвешка, каде сиромаштвото било закана за 10, односно 11 отсто жители.Показателот на сиромаштвото се состоел од неколку мерила кои ги установил Еуростат и зависи помеѓу останатото и од тоа колку пати годишно можат семејствата да се дозволат одмор, дали се способни во текот на зимата да ја загреат куќата или станот, дали можат да купат автомобил или колкава количина месо можат да си дозволат.
Во Летонија, која во рамки на ЕУ најмногу ја погоди кризата, со сиромаштвото се погодени повеќе од половина од пензионерите, а во Романија без средства за живот можат да останат третина деца.
Македонија не влегла во рамките на ова истражување.
16 март 2010
Како што напомена амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, сиромаштијата е сурова реалност не само на македонското, туку и на европското општество. „Во Македонија една четвртина од населението живее на границата на минимален стандард, а во ЕУ над 17 отсто од граѓаните имаат ограничени финансиски средства и се во неможност да си дозволат основни работи за преживување
.
.
.
Но затоа пак домашните служби се упорни во миењето на мозок, на пример ГЕМ (Б. Геровски, В. Милчин, Ж. Трајановски, М. Биљали, Р. Беличанец)
ТРИБИНА НА ГЕМ ВО СТРУМИЦА - Влезот во ЕУ и НАТО - излез од сиромаштијата и транзицијата
 
Член од
7 јуни 2010
Мислења
110
Поени од реакции
7
чекај
Проблемот со економијата ќе биде решен ако влеземе во ЕУ??
А бугарија ри мислиш дека е полоша сега отколку пред да се интегрира во нато и еу - не зборувај смешки те молам
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

Kajgana Shop

На врв Bottom