Не го врти муабетот на деца, зашто никаде не ги спомнав, реков, покрај Ето и Милито, што ке ти е уште еден докажан напаѓач, ко овие да не се доволно докажани ...
Тоа е едно, а ако одиме по формата, на Интер му се потребни многу играчи бидејќи во ерата на Рафа пола тим беше во мизерна форма, а за замена, и да сакаш, нема да можеш да земеш докажан напаѓач бидејќи таквите денес условуваат со прв тим и ко лани со Балотели, повеќе проблеми ке имаат со таков отколку корист.
Милито и Ето се таман за овој тим, потребни се засилувања, никаде тоа не го негирам, ама не е Интер условен да зема класа од фудбалери, ни Маикон не беше класа од фудбалер па прерасна во таков тука, значи ја сум за такви варијанти, кои чинат измеѓу 5 и 10м евра ( до 15ка максимум мада тоа е веќе бајаги ), ко Марига лани кога беше земен од Интер со дозвола од Мур. Покрај Снајдер, Ето, Милито, Маикон, Лусио, Камбијасо, Дејо, Мота и остали, постојат одлични услови за развој на таквите, па во иднина и они да станат носители на играта во овој тим.
Вие Милито го третирате ко отпад, нема везе што лани беше главен носител на најголемата радост која овој тим ја пружил на своите фанови, па бил ваков па бил онаков, епа не може повеќе да се очекува кога инструкции му даваше келнер, Снајдер гледам поарен беше.