Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.712
- Поени од реакции
- 59.954
Па добро ти само наброи неколку работи зошто е нереален трансферот иако повеќето се дискутабилни. Има фактори за има фактори против, ако сакаш да имаш објективно мислење мора да ги разгледаш и едните и другите без разлика дали ти се допаѓаат или не.
Прво, сулудо е да мислиш дека Перез троши за Кака 20 милиони годишно а зема три пати повеќе од спонзори и дресови. Тоа одма бриши го од листата. Додај го тука Мурињо кој си прави своја селекција на играчи и веќе донесе неколку засилувања по негов терк, т.е. играчи што играат а не се ултра-ѕвезди, од типот на Озил и Кедира. Па ќе видиш дека заминувањето на Кака е реалност.
Понатаму, ФИФА финансискиот фер плеј е единственото што држи вода. Прашање е колку Интер е во можност да плаќа толкава плата. Факт е дека ние на форум точна бројка немаме. Исто така е факт дека толку сме уплашени од тоа правило што ни се чини дека Интер нема никогаш повеќе да купи играч. Ќе играме со младинците. Тоа баш во пракса нема да оди така, а медиумите блиски до Интер тврдат дека пари за ова има. Ќе си земам за право да им дадам предност, поупатени се од мене. Понатаму, ако прочиташ по текстовите, се планира позајмица во јануари а конкретен договор во јуни. Исто така се спомнуваат комбинациите со Маикон, што за мене се неприфатливи, но не значи дека нема да се случи нешто.
Што се однесува до позицијата на која би играл, немој да ми причате дека на местото на Марига или Мота (кои многу ги ценам, посебно вториов) не би можел да игра креативец. Зошто плачевме тогаш по Хамшик лани? Сме ги имале Снајдер и Кутињо... го имаме Снајдер. Кутињо е дете, има да помине време додека созрее за прв тим.
Според мене не е никаков проблем позицијата на која би играл, или пак дали имало или немало пари. Има два проблеми и единствено тие се од значење: прво, здравствената состојба на фудбалерот, која ќе се следи во понатамошниот период. Второ, желбата на фудбалерот, дали тој воопшто би сакал да игра за Интер. На негово место, јас не би сакал, од повеќе причини. Но ако со овие две работи нема проблем, тогаш се друго е лесно.
На крајот, околу информирањето, се држиме до медиумите кои имаат врска што зборуваат, како Интер Њуз, Интер1908, Фудбал Италиа, Кориере Дело Спорт и некои други.
Жал ми е што ќе морам да ја преземам улогата на Марли од фан-клуб Милан, ама некој мора
Настрана ова, се зборува дека Ранокиа доаѓа во јануари, а Вивиано изјави по дебито за Италија дека следен чекор му е Интер и тоа во јуни следната година.
И на една постара тема, не можев да и одолеам на сликава: