Граѓаните се жалат од скапите цени на Т-Мобајл и Т-Хоум

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140

Скапи импулси, сметки напумпани до плафон, ограничени разговори. Наместо задоволство и релаксација зборувањето на телефон останува да биде ноќна мора, кошмар за граѓаните. Револтот расте, решение на повидок нема.
„Мислам дека еден разговор на телефон не смее да е така оптеретувачки туку за нормално живеење, тоа е само телефонски разговор но секогаш е така, денес сметката за телефон е поголема и од онаа за струја, и од онаа за вода“,
- Според стандардот скапо е јас имам дете во италија, зборувам, мене ми е скапо“,
- Според стандардот сметките се уште се високи барем за одреден број граѓани“, велат анкетираните граѓани.
Ти Хоум и Ти Мобајл лани заедно остварија профит од околу 150 милиони евра. Во услови кога останатите оператори на пазарот работат со загуби ова е класичен доказ за монопол на пазарот, велат познавачите.
Иако речиси на секој агол се нудат реклами со ветувања за бесплатни разговори, во фиксна, во мобилна мрежа, сепак во пракса тоа не е така.
„Стандардот наш е многу низок и кога зборуваме на мобилен треба да водиме сметка дали да продолжиш да зборуваш или не, без разлика што имаат разни пакети, но мислам дека тоа е само земање на пари и ништо повеќе“, вели граѓанин.
Владата со 35 проценти од капиталот е втор по големина сопственик во Ти групацијата. На одлуките влијае преку нејзините директори што ги поставува на клучни позиции во компанијата.
Но сето наместо да им помогне на граѓаните и натаму им носи високи сметки за телефон на сметка на толеранцијата на деценискиот монопол.


Превземено од:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124076
 
Државата има удел во Т-home 35 % од капиталот,а не реагира да се намалат цените... Наравоучение: Не се замарајте со T-педерите,земете си друг оператор, говеда се тоа,претплата да им плаќаш :uvo: алоо, плаќав до пред 1 година 400 ден претплата и + разговори,се преместив на ONE и за 400 ден имам 200 минути разговор.. Зашто владата ги штити..не само ова,туку и претходната ?? Што се случи со финансискиот скандал со бившиот директор Атила Сендрејс мислам се викаше ??
Некои прашања заслужуваат одговор.
 
одамна се освестив и ги баталив ...
ВИП сум сега и сум прероден :)
 
одамна се освестив и ги баталив ...
ВИП сум сега и сум прероден :)

А и тие ВИП не се баш најнормални..ако не ја платиш на време сметката одма камата ти лупаат 250 ден мислам,и плус те исклучува..Единствено што ми се допаѓа кај Т- е што се малце потолерантни кон тоа,нема камата, барем до месец дена ако закасниш
 
А и тие ВИП не се баш најнормални..ако не ја платиш на време сметката одма камата ти лупаат 250 ден мислам,и плус те исклучува..Единствено што ми се допаѓа кај Т- е што се малце потолерантни кон тоа,нема камата, барем до месец дена ако закасниш

епа сеа имаш време за плаќање .. мислам 10дена има фора ..
ама со секој ВИП број си збориш безпари .. за 590денара (ддв инкулдед) претплата си фураш цел месец .. .имаш 15саати разговор .. да сме сите на ВИП у државава би било супер :)
 
епа сеа имаш време за плаќање .. мислам 10дена има фора ..
ама со секој ВИП број си збориш безпари .. за 590денара (ддв инкулдед) претплата си фураш цел месец .. .имаш 15саати разговор .. да сме сите на ВИП у државава би било супер :)

Се зезнав земав телефон на пост-пејд и сега ќе гурам 2 години :toe: Нема никакви пакети ни поволности кај нив,док си беше Мобимак,барем комбинираа нешто сега тапа..

Иначе кој профит го прават,тоа е ненормално,150 милиони годишто,за 9 години негде беше мислам околу 900 милиона, а го купија телеком за багателни 300 и нешто милиона..:tapp:
за 3 години ги извадија парите и сега лупаат милиони..Огромни грешки на нашиве говеда е што продадоа 2 златни кокошки Телеком и ЕСМ
 
зошто бе, зошто се толку скапи? пратениците разговараат безпари, + имаат гратис телефони од т-мобајл. ете затоа :toe:
 
зошто бе, зошто се толку скапи? пратениците разговараат безпари, + имаат гратис телефони од т-мобајл. ете затоа :toe:

Грешка, Космофон(поранешно) го доби конкурсот
 
На фиксен сум преку Он нет(ОНЕ) со оглед на тоа дека не зборам многу на телефон, а Т - home имаа претплата од 500 денари што не ми се исплатеше.

На Т - Mobile се согласувам дека цените им се за никаде, едноставно скапи се, но поголем дел од тие со кои најчесто зборам се исто така преку нив и затоа не ги менувам. НО трпението си има своја граница, ако ја претераат може да размислам за ссмена.
 
Мислам дека не е до пратениците...Штом државата има 35% се ни станува јасно...Во годината на светска економска криза овие прават профити до небо и после ќе живеат како богови.
Наместо народот да се организира да им блокира систем и слични опструкции неплаќање и слично.На пример сите во 12.00 сите да звониме од домашни мобилни на нет нон стоп симињање и ќе видите како ќе им се блокира системот...ама тоа е МАКЕДОНЧЕ ќе го јаде до крај на живот
 
Скајпот го замени домашниот телефон, а фејсбукот мобилниот.
 
кога ќе научи народот дека со Т не се прави договори и бизнис.....
 
Па баталете т-мобиле, земете од вип или уан, никој не не тера со сила да сме на т-мобиле:toe:
 
Некој ќе прави астрономски профити некој ќе трпи загуба.Тоа е Македонија!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom