Религиозна музика (Општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата NataN
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јуни 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Пред се би сакал да ставам линк за симнување на МК бенд со религиозни текстови (легално)...
Помислив дека треба во форумот за музика но не е за таму заради природата на текстовите би било подобро тука за верниците да ја симнат, а и сакам да отворам тема за музиката... :)
1.jpg
СМИРЕНИЕ - молитва
Еве линк: http://www.4shared.com/file/p-G-QCjg/SMIRENIE_-_Molitva_-_2010.html

Ме интересираат религиозните ставови во врска со музиката...
Дали се спомнува некаде во Библијата или Коранот и слично за нејзината првична намена? Дали според религијата таа има посебна намена? И дали постои само на земјата или ја има и онаму каде што не сме ние? :D

и дали знае некој други бендови со вакви теми? знам Анастасија имаа такви песни...

многу прашувам :D
се извинувам однапред...
 
Ако зборуваш за христијанска музика, можам да ти посочам некои бендови, македонски. а download верувам дека би можел да исконтактираш со нив преку мејл. Барај ги во search на Фејбук, сите имаат профили. Прости што неможам да ти копирам линкови, си го избришав Фејсбукот пред неколку часа.

„Карамазови“- Легендарни се по тоа што почнаа први да снимаат cd-ња. Сега се прилично постари во бендот. Имаат издадено неколку cd-ња и успешно се продадени низ цела Македонија.

„Тора“ - Млади деци од Струмица. Сами си ги компонираат песните и текстовите. Почнаа со препеви од англиски, а сега сами си компонираат. Доста успешни се. Знам дека имаа и концерт во центарот на Струмица минатото лето. Имаат издадено еден демо албум. Значи снимките се од проби и квалитетот не е тој тој.

„Веритас“ - Издадоа cd некаде 2000. Четири млади девојки споени со уште неколку луѓе како придружба. Како група не постојат.

Исто така од протестантската црква „Слово на надеж“ од Ново Лисиче, бендот што свири и пее таму има издадено албум, тоа се препеани песни од англиски.

Татјана Димовска и останатите попознати лица од нашава естрада(Андријана Јаневска, Каролина Гочева, Гиш...) имаат снимено CD со Божиќни песни.

На овој канал на ју-туб ги има повеќето христијански песни на македонски јазик.

Инаку, да. Во Библијата се спомнува славењето на Бог преку песна. Тоа е неодвоив дел од Богослужбата. Секоја Богослужба има славење, молитва и поука. Дел од книгата „Псалми“ е напишан во мелодии за кои не постојат записи, но во тогашно време стиховите од псалмите се пееле. Тоа се песни за славење на Бог. Преку музиката духот се смирува и телото се опушта :)
И да. Постои и таму каде што не сме ние :)
А хорот на небото повторуваше: „Слава на Бога! Димот од пламенот во којшто таа гори, нема никогаш да престане да се крева!
Откровение 19:3​
И таму постои хор кој пее песни за слава на Бог :)
 
1 Летописи: 25:7 Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа.

Јов: 36:24 Спомни си да го величаш Неговото дело што луѓето го опеаја со песни:

Ефесјани: 5:19 Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца!

Колосјани: 3:16 Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца.
 
„Карамазови“- Легендарни се по тоа што почнаа први да снимаат cd-ња. Сега се прилично постари во бендот. Имаат издадено неколку cd-ња и успешно се продадени низ цела Македонија.

„Тора“ - Млади деци од Струмица. Сами си ги компонираат песните и текстовите. Почнаа со препеви од англиски, а сега сами си компонираат. Доста успешни се. Знам дека имаа и концерт во центарот на Струмица минатото лето. Имаат издадено еден демо албум. Значи снимките се од проби и квалитетот не е тој тој.

Каде на нет може да се најде музика од овие 2 бенда?
 
Анастасија,

/Трид.
 
Еј фала многу...
Тора се фини само штета немаат снимка добра, ваљда ќе снимат албум...
еве линк од мајспејс http://www.myspace.com/torabend
Анастасија... тие се ептен добри песни...

Само ме чуди зошто во православните цркви нема музика, има некој што е верник од православна да објасни? која е причината?
 
Јас обожавам византиска музика.
Кој има линкови нека постира да си симнам нешто.

И да, на старо македонски (словенски) да се не на јазикот на кој зборуваат нашите јужни соседи или други православци.

Добро ќе биде и некоја хинду мјузик ако има некој.

--- надополнето ---


Оваа музика е за сите припадници на религијата сатанизам.
 
Еве нешто што мене ми е нешто како религиозна музика:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom