Скопјанки - спремајте бикини!

Плажа на Вардар?


  • Вкупно гласачи
    186
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Кажи си поарно немам кичма да се бунам, не користи изветреани изговори, бетер си од политичарите по кои толку плукаш. Кажи Грците имаат муда да палат државни институции, ние немаме. Игнорантноста им дозволува на партиските војници да веат знамиња на протести.
Инаку за гласачкото ливче си во право, се покажа многу пати до сега како вистинскиот начин да се изрази незадоволството на народот...:tapp:

- Мрчам по форуми значи постојам. Ај чао.

П.С.
Џену, навистина ми е жал што се лоши тротоарите па не можеш да патуваш со твојот велосипед. Сосема ти е на место аргументот. Впрочем, само заради добрите тротоари велосипедите уште постојат.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Па некои го дигнаа гласот - и добија ќотек - и тоа од хулигани под покровителство на владините промотори.
Да се пробијат блокади ? Тоа ќе да е решението.:kesa:
тие што го дигнаа гласот беа роднини,пријатели,партиски војничиња на опозицијата,тие што тепаа беа исто така како првите но само дел од власта!!!!!!!
и чие мислење да бранам ЈАС----на партиски војничиња!!!!!

и зашто се спукаат за СКОПЈЕ 2014,демек ако не беше тој проект на ЛУЃЕТО(поготово архитектите) немаше да им текне дека Скопје е ЕДНО ГОЛЕМО СЕЛО
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
Кажи си поарно немам кичма да се бунам, не користи изветреани изговори, бетер си од политичарите по кои толку плукаш. Кажи Грците имаат муда да палат државни институции, ние немаме. Игнорантноста им дозволува на партиските војници да веат знамиња на протести.
Инаку за гласачкото ливче си во право, се покажа многу пати до сега како вистинскиот начин да се изрази незадоволството на народот...:tapp:

- Мрчам по форуми значи постојам. Ај чао.

П.С.
Џену, навистина ми е жал што се лоши тротоарите па не можеш да патуваш со твојот велосипед. Сосема ти е на место аргументот. Впрочем, само заради добрите тротоари велосипедите уште постојат.
И??? Колку те плаќаат да дремеш и мрчиш по форуми? Налет таква кичма као твојата
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Гоне 87 не се нервирај,баш ти е гајле,ќе си стасаш со бус во кој има интернет,на плажичето ќе оптегнеш нозе,ќе се воодушевиш на статуетките по пат и ќе си отидеш дома.Дома може нема да имаш за јадење,но тоа не е важно,бидејќи образованието е моќ,образованието е сила.И така без работа долги години,нема од што да го полниш буџетот,па ќе си се молиш во црквата на плоштад,за подобри денови,надевајќи се и ти да станеш некој ден пензионер кој ќе може да аплицира за бањски престој или да се вози низ град бесплатно во петок.Во тие моменти може ќе посакаш да бидеш како секое дете и да имаш компјутер пред себе на кој ќе отвараш фејсбук.
На крај и козата во дворот ќе ти умре,неухранета.
а се до тогаш на некој студент,средношколец татко му ќе работи на тие проекти(водовоџија,електричар,малтерџија,парногреач,багериста,краниста) за да и овозможи на својата фамилија егзистенција и подобро образование на своите деца...................истото дете кое за 8 години ќе заврши и средно и факултет и ќе работи био што бидејќи не е дел од ниеден ешалон од партиите кои се мразат и критикуваат се и сешто,ќе се грижи за своите болни родители,ќе се нервира дали ќе може да допринесе како татко му и мајка му,ќе се плаши ако во работен ден отиде на лекар со нив за не го отпуштат од работа................да не ги зборам луксузите од типот на 20 дена годишен одмор,кола,убава куќа,здраствено/пензиско осигурување итн

а се до тогаш ние останатите ќе дебатираме што е добро а што лошо за градот,па ако мислата нешто да прават,нека направат тоа што е потребно иако не сакаме да разбереме дека на тие проекти работат РАБОТНИЦИ кои ЕДИНСТВЕНА ПАРТИЈА им е ФАМИЛИЈАТА
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
Гоне, бев и сеуште сум (можда не ти е битно, но...) за спомениците, како одлики на македонецот, историјата, културата...шо знам што све. Во глобала за тоа и сум дискутирал од страната на -за за споменици (па и за некои проекти кои им успеале)...но за вакви зафати веќе е премногу. Не може човек гледајќи ги другите сегменти во државата да се помири со беспотребно давање пари на вакви нешта. Градежниците може да живнат и преку средување на тековните проблеми-пример со улиците. Досадно е можи тоа со улиците али е тековен проблем кој и те како го осеќаме на својот грб.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Убаво ти кажа Џени,нашиот виртуелен глас ќе одекне на некое лице кога ќе дојдат избори.Ние ги донесовме,ние ќе ги смениме.Пробаа,потрошија се и слободно може да си легнат на плажата која ја градат,заедно со г****а во Вардар.
Бунт во оваа земја не помага,од проста причина што некој неандарталец кој се наоѓа на нечиј платен список ќе понесе знаме и целиот бунт ќе го обои.Вака го имаме најдоброто оружје,гласачко ливче каде ќе му набројам и плажи и шмизли и записи по 10% камата и чуда и врагови.
Како гледам проектите почнаа да се симнуваат во чек дис аут што им носи светла иднина.Оваа тема не е за озбилен муабет,оваа е за разонода и за смеа.
Затоа земај купаќите и право на пикник покрај Вардар не ја чекај плажата,резервирај си место од сега.
па фала богу дека не помага......кога повеќето размислувате само да ги СМЕНИТЕ на секои 4 години(или повеќе) налет на таквиот "Бунт"...............

НИКОЈ од НАС(Македонците) нема СМЕЛОСТ на сопствен другар/ка да му рече во ЛИЦЕ ајде на протест ако тој е партиски војник(било позиција или опозиција),нема СМЕЛОСТ да го критикува дека се работи за доброто на народот и државата тој протест,НЕМА смелост ако не дојде на тој протест да не му збори......................
додека тој другар/ка има СМЕЛОСТ да ни каже што бараш на тие протести,ма каков народ и држава денес партијата одлучува за нашето добро,ИМА СМЕЛОСТ кога ќе дојде на убава работна позиција да не игнорира.............

и пак ќе напоменам НИ ПАК ЌЕ Се3 критикуваме зашто се прави тоа , а не ова...................НЕ НЕ БИВА БЕ ЛУЃЕ
1 500 000 сме и 10 000 поделби,се прашувам што ако бевме 10 000 000 па живи ќе се изедевме
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а се до тогаш на некој студент,средношколец татко му ќе работи на тие проекти(водовоџија,електричар,малтерџија,парногреач,багериста,краниста) за да и овозможи на својата фамилија егзистенција и подобро образование на своите деца...................истото дете кое за 8 години ќе заврши и средно и факултет и ќе работи био што бидејќи не е дел од ниеден ешалон од партиите кои се мразат и критикуваат се и сешто,ќе се грижи за своите болни родители,ќе се нервира дали ќе може да допринесе како татко му и мајка му,ќе се плаши ако во работен ден отиде на лекар со нив за не го отпуштат од работа................да не ги зборам луксузите од типот на 20 дена годишен одмор,кола,убава куќа,здраствено/пензиско осигурување итн

а се до тогаш ние останатите ќе дебатираме што е добро а што лошо за градот,па ако мислата нешто да прават,нека направат тоа што е потребно иако не сакаме да разбереме дека на тие проекти работат РАБОТНИЦИ кои ЕДИНСТВЕНА ПАРТИЈА им е ФАМИЛИЈАТА
Да работеа македонци на овие проекти немаше да ми е толку жал за парите кој се исфрлија.Ама милионите кој ги одлеавме во Италија наместо во својата економија е за жалење.Патетика во раскош.

--- надополнето ---

И??? Колку те плаќаат да дремеш и мрчиш по форуми? Налет таква кичма као твојата
Он не е на платен список,ние сме :))))Кичма транс.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Гоне, бев и сеуште сум (можда не ти е битно, но...) за спомениците, како одлики на македонецот, историјата, културата...шо знам што све. Во глобала за тоа и сум дискутирал од страната на -за за споменици (па и за некои проекти кои им успеале)...но за вакви зафати веќе е премногу. Не може човек гледајќи ги другите сегменти во државата да се помири со беспотребно давање пари на вакви нешта.
ок е тоа навистина некои работи не се потребни т.е. подобро е да с енаправат некои покорисни работи.........:)
но да те прашам што правиме за периодот од 1998(бидејќи од тогаш се полошо и полошо се живее) до 2006 што КОНКРЕТНО ВО НИШТО НЕ СЕ ИНВЕСТИРАШЕ(па дури и лоши приватизации се направија Окта,ЕСМ,Телеком), т.е. САМО СЕ КРАДЕШЕ.................каде беше истиов овој народ кој критикува сега да го правеше со истиот интезитет и тогаш,,,изгледа немале интернет тогаш:)

поентата ми е важно парите да не се крадат,нека се инвестираат во нешто(иако пак с екраде)...........но како што гледам народов(да не зборам за власта-која било) е научена само ДА СЕ КРАДЕ
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гоне да не сакаш и во 93та да критикувавме виртуелно?
На шпоретот дома имав некои опции,не ми текна.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А мислите ќе смениме нешто со протести кога веќе парите се планирани и можеби дадени за вакви глупи проекти? Кои се овие Џену Грл и Леа и овие со нив што дошле да квичат, улици ќе реновираме, сега, немаме друга работа....


П.С. Еве кога веќе сте запнале за протести ќе ви раскажам една моја приказна. Протестираме секоја година да ни стават топла вода во базенот, да платат за греење. Еднаш дури и Рузвелтова ја блокиравме. Наградно прашање од 4.000.000 денари: Дали добивме топла вода?
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Да работеа македонци на овие проекти немаше да ми е толку жал за парите кој се исфрлија.Ама милионите кој ги одлеавме во Италија наместо во својата економија е за жалење.Патетика во раскош.

.

па јас како што знам татковците на моите другари/ки земаат плата од тие проекти,а сепак работат покрај кејот на Вардар(Археолошки,Театарот,Офицерскиот,Музејот на ВМРО).................али јбг кај нас под ЕКОНОМИЈА се подразбира само канцелариски работи-економисти,правници,државни и општиниски советници,државни службеници итн ИСТИТЕ КОИ ГО ЦИЦААТ БУЏЕТОТ а не допринесуваат во него
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
па фала богу дека не помага......кога повеќето размислувате само да ги СМЕНИТЕ на секои 4 години(или повеќе) налет на таквиот "Бунт"...............
Еве едно прашање (ама ојде темава настрана? )
Дали со бунт, демонстрации, митинзи...откако паметите се постигнало нешто? Што?
Дали грците (оти ви се пример за бунтовници) постигнаа нешто? Што?
Гоне, ги иам гледано сите демонстрации, имам учествувано...што имам добиено јас или некој друг граѓанин? Промена на подобро немам видено во државава. Која е причината за нови ако со старите само се местат војниците и нивните раководства? За нас ниту трошка, ниту подобрување.
Еден позитивен пример барем од независна Македонија за демонстрации.

Уосталом имаше петокот...кумановци седеа пред собрание, никој не им се приклучи. Ете прилика кој смета дека нешто ќе измени на подобро.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еве едно прашање (ама ојде темава настрана? )
Дали со бунт, демонстрации, митинзи...откако паметите се постигнало нешто? Што?
Дали грците (оти ви се пример за бунтовници) постигнаа нешто? Што?
Гоне, ги иам гледано сите демонстрации, имам учествувано...што имам добиено јас или некој друг граѓанин? Промена на подобро немам видено во државава.
А мислите ќе смениме нешто со протести кога веќе парите се планирани и можеби дадени за вакви глупи проекти? Кои се овие Џену Грл и Леа и овие со нив што дошле да квичат, улици ќе реновираме, сега, немаме друга работа....


П.С. Еве кога веќе сте запнале за протести ќе ви раскажам една моја приказна. Протестираме секоја година да ни стават топла вода во базенот, да платат за греење. Еднаш дури и Рузвелтова ја блокиравме. Наградно прашање од 4.000.000 денари: Дали добивме топла вода?

Еве што се постигна, ни дадоа и бесплатни фенови дури :pos2:
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Гоне да не сакаш и во 93та да критикувавме виртуелно?
На шпоретот дома имав некои опции,не ми текна.
па 90-тите барем имаше НАРОД кој имаше смелост да ЈАВНО ДА КРИТИКУВА,а не како сега вируелни протести да организираме

ако правите протест за позначајни работи за Скопјево тогаш ја имате мојата подршка(и ако му дозволи работата дури и ќе присуствува на тие протести).
но ако дознаам,видам некој е припадник на некоја партија(се бута таму само колку да остави впечаток во партијата) ВЕРУВАЈТЕ дека убаво нема да си помине.........................
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
па јас како што знам татковците на моите другари/ки земаат плата од тие проекти,а сепак работат покрај кејот на Вардар(Археолошки,Театарот,Офицерскиот,Музејот на ВМРО).................али јбг кај нас под ЕКОНОМИЈА се подразбира само канцелариски работи-економисти,правници,државни и општиниски советници,државни службеници итн ИСТИТЕ КОИ ГО ЦИЦААТ БУЏЕТОТ а не допринесуваат во него
Татковците на твоите другари работат деноноќно за тие 15 000 денари.Ама незнаат фонтана да изградат нели?
Дај да не се правиме луди...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom