Скопјанки - спремајте бикини!

Плажа на Вардар?

  • Вкупно гласачи
    186

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
На десниот кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни, позади Луна паркот, денеска почнува изградбата на првата градска модерна плажа во Скопје

На десниот кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни позади Луна паркот денеска ќе почне да се гради првата градска модерна плажа. Локацијата е веќе оградена и подготвена за градежните работи, кои ќе почнат од денес по официјалното промовирање на проектот што ќе го изврши скопскиот градоначалник Коце Трајановски...

Како што дознаваме, градската плажа ќе се гради според идејното решение на авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири, кои во јануари, годинава ја добија првата награда за конкурсот кој го распиша Град Скопје. Тогаш се планираше овој проект да се реализира на левиот брег на Вардар, но поради тековните градежни работи, локацијата е поместена на десниот брег, позади Луна паркот.

Идејното решение на Адеми Бекири предвидува овој дел од коритото на Вардар да биде покриен со песок на кој ќе има дрвени платформи со лежалки, маси и столови. Меѓу урбаната опрема се вцртани неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди во модерна форма. Ќе има и комерцијален дел, односно шанкови кои Градот Скопје ќе ги издава под концесија. Плажата ќе биде наменета за рекреација, уживање и за игра, повеќе како урбана атракција со оглед на тоа дека водата во Вардар не дозволува капење. Затоа, на самата плажа се предвидени мини-базени за деца и додека тие уживаат во вода, нивните родители ќе можат да се релаксираат пиејќи кафе покрај реката.

Дознаваме дека првичниот проект има извесни корекции кои ги доработиле надлежните од Градот Скопје.

Проектот изградба плажа на кеј досега беше многупати најавуван од многумина градоначалници но, никој не успеаа да го реализира. Во минатото Скопје, имало пет градски плажи. Повозрасните со носталгија се сеќаваат на Опатија, Официрска, Градска, Руска и Ѓачка.
- На лето, кога ќе фатеа горештини, точковите под г'з и право на плажа на Вардар. А во неделите - фамилијарно. Со торби храна закачени на гиданите, ни раскажа еден стар скопјанец.

извор : Вечер
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ова е смешно :) Кога ќе с езапотат луѓето во вардар с,рдлив ќе одат да се бањаат :pos2:
 
Х

Ханзо

Гостин
И додека уживаат во својот коктел, граѓаните ќе бидат урбано атрактирани од пловидбата на трупови и трупови на мртви кучиња во атрактивната сивозелена река. How romantic.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Зашто оваа тема у чек дис аут ... Не е за тука,нема што сеир да се фаќа,идејата е добра, све е ОК, али прво треба да се создадат услови добри... чистење на Вардар,средување на тој простор, чувари,редари, да се бира кој ќе се пушта итн..да функционира на принцип на приватна плажа
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Која е поентата да се прави плажа кога нема вода во која ќе се бањаш? Уште еден проект осуден на пропаст

--- надополнето ---

Невозможно
Дискриминирачки
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Која е поентата да се прави плажа кога нема вода во која ќе се бањаш? Уште еден проект осуден на пропаст

--- надополнето ---

Невозможно
Дискриминирачки

А како се бањале бе,пред 30-40 години... Тогаш Вардар бил Дунав.. Да се исчисти Вардар,ќе има вода за бањање,само вас шмизлите кој ќе ве натера у река да влезете :baeh:

Да се пази кој се пушта,мислев да не дојде некој шар-планинец, искочен од штала,со лајна до колена... или ѓупци небањани со години, да му биде тоа годишно бањање
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
А како се бањале бе,пред 30-40 години... Тогаш Вардар бил Дунав.. Да се исчисти Вардар,ќе има вода за бањање,само вас шмизлите кој ќе ве натера у река да влезете :baeh:

Да се пази кој се пушта,мислев да не дојде некој шар-планинец, искочен од штала,со лајна до колена... или ѓупци небањани со години, да му биде тоа годишно бањање
Не може никој да не натера у река да влеземе :pos2:

Иначе Машко сум :)

Не можеш реката ја исчистиш само на 300 метри и само таму да биде чиста, сепак е река... а пред 30-40 години Вардар бил чист, сега оправање само за 20тина години и тоа ако асално се засукаат ракавите за чистење и секако човечка култура, али ништо од тие 2 нема да се случи...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Не може никој да не натера у река да влеземе :pos2:

Иначе Машко сум :)

Не можеш реката ја исчистиш само на 300 метри и само таму да биде чиста, сепак е река... а пред 30-40 години Вардар бил чист, сега оправање само за 20тина години и тоа ако асално се засукаат ракавите за чистење и секако човечка култура, али ништо од тие 2 нема да се случи...
Ја зборам што би било кога би било... да се исчисти асално Вардар,а не само 300 метри,фала богу... А што Охридон нешто почист да не е, па сите се бањаме :) Ако не се исчисти,ондак ова ќе е најступидната идеја и проект до сега... на тој што му текнало ќе треба да се удави у Вардар. И фонтаните што ќе ги прават сега кај камениот,ќе нема логика ѓубре да фрлаат
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Ја зборам што би било кога би било... да се исчисти асално Вардар,а не само 300 метри,фала богу... А што Охридон нешто почист да не е, па сите се бањаме :) Ако не се исчисти,ондак ова ќе е најступидната идеја и проект до сега... на тој што му текнало ќе треба да се удави у Вардар. И фонтаните што ќе ги прават сега кај камениот,ќе нема логика ѓубре да фрлаат
Нема шанси да се исчисти, не сум некој експерт, фала богу не ни треба да бидеш за да видиш дека Вардар е презагаден.
За фонтаните посебна приказна, или ќе фрлаат чиста и една иста вода, или пак ќе стават некакви филтер трето нема...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Нема шанси да се исчисти, не сум некој експерт, фала богу не ни треба да бидеш за да видиш дека Вардар е презагаден.
За фонтаните посебна приказна, или ќе фрлаат чиста и една иста вода, или пак ќе стават некакви филтер трето нема...
Абе вие Скопјанишчава све што се прави кај вас, све на нож го дочекувате :) Па дајте ондак и у други градови нека се прави нешто,ако вие нејќете
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Абе вие Скопјанишчава све што се прави кај вас, све на нож го дочекувате :) Па дајте ондак и у други градови нека се прави нешто,ако вие нејќете
Радо би раздал пола од спомениците по другите градови, и плажава во Велес би ја сместил :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Како се лаже сиромашен народ :(((( Очи ќе ти извадат за глас.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.279
Како се лаже сиромашен народ :(((( Очи ќе ти извадат за глас.
Барем кај мене овие и слични Ојленшпигел проекти веќе почнаа да ми праат контраефект па наместо глас, ќе добијат шипинки. Неарни се више со глупостиве....порано се бањале ама порано за да стигнеш до Охрид, Солун (некоја поголема вода) му требало денови и недели, а патувале воглавно за трговија. Сеа ти текне на таквото, тркни до Охрид, Дебар, Берово...ене ги кај се дури и со автобус за 2-3 саати преку сила.
Шо не праат амами, порано имало амами.

А каде е езерцето Треска, нели тоа беше градско капалиште едно време? Истото ќе се деси и со ова...аљоо, и оние кои ве поддржаа за одредени проекти (као ја на пример :) ) веќе се смеат на глупостите.
Арно што е у чек дис аут, ептен ненормална работа.

п.с. сега гледам ова важело само за скопјанки...ние скопјани од горе сеир ќе глеаме :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom