Проблем со торенти

  • Креатор на темата Креатор на темата klikster
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Значи вака. Од пред некој ден незнам зошто едноставно неможам повеќе да спуштам работи преку торенти. Кога ќе пуштам некој торент несака воопшто да почни да се спушта, т.е. се е на нула. Пробав со различни програми несака, ве молам за помош!
 
може ти се затворени портите од интернет провајдерот. од кај си и шо интернет користиш?
 
А виде ли дали има сидери односно сејачи? Ако ти пиша SEEDS 0 ќе си почекаш уште а ако еден или повеќе ќе тргне работата?
Ах пуста желба да се симне баш тој филм :)
 
Вели неможе да симне ни еден торент, не е можно сите торенти да се со 0 сидери. Најверојатно има забрана од интернет провајдерот.
 
Море каква забрана излезе нова верзија на уторент а и торентите е сменето нешто па треба да направиш еден апдеит на уторрент-от па ке ти присака а може и да има по 0 сеедс на повеќе торенти зависи што бараш ако е нешто кој знае што нормално дека ке има 0 сеедс дај ако не кажи што си сакал да симнеш па да пробам кај мене да видам до што е работата.
 
Ако користиш Utorrent 2.0.0 или понова верзија до програмата е. Симни некој друг програм за торенти или малце постара верзија на Utorrent.

п.с. пробај со Force Start
 
Биторент> Уторент.
 
Ако користиш Utorrent 2.0.0 или понова верзија до програмата е. Симни некој друг програм за торенти или малце постара верзија на Utorrent.

п.с. пробај со Force Start

Користам 2.0.2 верзија. Пробав и со оваа програма ама и со таа несака.

едит: пробав и со постара верзија (1.8.2) пак е исто
 
Што ти дава на уторент кога ќе притиснеш да провериш дали е отворена портата? Дали имаш жолт триаголник или црвен (не знам каков знак) долу на статусната лента на уторент? Ако е жолто, могуќе да е до сидерите, ако е црвена...ептен немаш конекција (рутер или провајдер). Ова би било ориентационо, инаку...
Кој интернет провајдер и дали идеш преку рутер? Ммм, у ствари ако досега си симињал, рутерот не би бил проблем ама се случува и тоа...техника е.
 
Интернет имам од ОНЕ и немам рутер туку модем. Се си беше ок до пред некој ден ова наеднаш почна да зеза.
 
Интернет имам од ОНЕ и немам рутер туку модем. Се си беше ок до пред некој ден ова наеднаш почна да зеза.

Ондак може да е вирус, некоја заебанција со интернетот или незнам што.
 
Истиот проблем е и кај мене. Користам uTorrent 2.0.2, и до пред околу 2 недели, подолг период не можев воопшто да влезам во Замунда, не ја отвараше страната. Потоа, успеав, и една недела се’ беше во ред, си симнував повторно. Неколку дена паузирав, не симнував ништо, и еве, сега пробав да симнам 2 различни филмови, со многу семиња, но торентот воопшто не почнува да се симнува. Знаете, прво стрелката е насочена надолу, и сина, за по некое време да стане црвена. И бројот и на семињата, и на цицачите, ми е по 0, и не ни мрднува од таа вредност. Инаку, корисник сум на CableTel интернет, веќе добри 3 години, а првпат ваквите проблеми со торентите се појавија годинава, пред 1 месец.
 
А да видиш колку слободно место имаш на дискот? :)
 
кај тебе као што сфатив од оваа тема
http://forum.kajgana.com/showthread.php?13059-CableTel/page56
проблем ви бил до провајдерот и замунда...не се љубат
Кај кикстер е друг проблем, можеби ...хм, не знам дали ова ќе помогне
http://www.utorrent.com/documentation/connection-setup фајрвол, некои подесувања у меѓувреме од антивирус, фајрвол или друга апликација која може да блокира или промени порт.
Да пробаш да ставиш дифолт опциите у уторент (и да овозможиш порт преку фајрвол) па да видиш дали нешто ќе се смени...ова би било пробно, да не се з. нешто со самото подесување на уторент.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom