Тинејџери - Врколаци!

  • Креатор на темата Дамјан_Amstaff
  • Време на започнување

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ги подржувате или ги осудувате ?

Мене ме нервираат , не сакам да бидам во близина на такво суштество.
Можеби требаше да ја отворам темава во животни.
Мене не ми изгледаат нешто изопачени, нити ме нервираат - баш напротив, познавам неколку такви индивидуи (не е се излезено од Америка дами и господа, го има и на нашиве простори), и баш се далеку пофини и подружељубиви луѓе од просечната маса.

Не гледам како нивниот начин на облекување, стилизирање на косата и однесување е на било кој начин некаква закана за останатиот свет. Начин на изразување е, не е култ ебате.

Инаку овој феномен не се нарекува тинејџери врколаци, туку darkling (вампири, вештери, врколаци, демони whatever), бидејќи повеќе групи спаѓаат овде.

Останатите се познати како furries (овде може само врколаците имперсонатори да се спомнат), кои ги има во разни варијанти, од врколаци, до некои што го стилизираат својот изглед како мачка/мечка/лав, се до женски зајачици. Реално промената на изгледот мора да трпи одредени граници, поради услови, средства, и околности кои ги диктира самата реалност. На интернет, ова е поизразена појава, и самиот изглед (најчесто аватар, кој или е нацртан/3Д моделиран или е фотошопиран), и тука имаме антроморфни карактери кои социјализираат меѓу себе.

Реалниот живот за некои луѓе е многу досадна работа, па одредени личности наоѓаат начин како да си се занимаваат или да го направат својот живот а и изглед поинтересен, па стануваат дел од вакви групи, кои не се разликуваат по ништо од хипиците, натуралистите, нудистите, или било која друга група на луѓе која навистина не создава штета никому.

А го погледна ли целото видео ? Тој со мечот чу ли што направил ? Не знам дали разбрав баш но черепот на исчезнатото куче го нашле кај него.
Како докажале дека кучето е нивно? Да не има кучето досие кај некој забар, па го идентификувале по очниците или што ти е знам што?

Черепот може да биде од било кое куче. Јас ако најдам череп од некој хрчак и си го земам дома, не значи дека сум го убил неодамна исчезнатиот хрчак на соседот, само затоа што практикувам изглед и начин на однесување/изразување кој е неконвенционален во нашето општество.

Типот гледаш дека практикува животен стил каков што често гледаме во игри со фантазија и бајковидни елементи. Мислам, мечот е скоро ист како оној на Химен :D. Олади.

Дамјане не се секирај си имаме институции за вакви створови.Убави свежо бојосани бели згради,го фрлаш во сопче метро на метро со забарикадиран прозорец и 15 катанци на врата,го облекуваш во кошула со 2 метра долги ракави и го ставаш на вечна терапија Торазин.
Крај на прича.
Можеби треба да ги фрлиме и хипиците, панкерите, готите, металците, па и рапериве, а богами и натуралистите, бидејќи ги сметаат растенијата и шумите за лилности исто како нас луѓето (сигурно кога никој не гледа, дури и им зборат :D), нели?

За неконвенционално однесување ван стандардните норми имаме милион примери, ако бараме примери, н овде осудуваме релативно нов феномен, кој сам по себе е пасивен, не е агресивен. Да беше таков, немаше воопшто да застанам на страната на тие луѓе.

Во ништо не се разликуваат од луѓето кои си играат roleplay, кои заедно со овие луѓе за кои збориме пак, не се разликуваат од актерите кои ги гледаме на ТВ серии и филмови. Единствената разлика е што актерите се платени за нивната глума и мора постојано да се дресираат за улогата која ја играат, а плаќаат и други да ги шминкаат или да го прават костимот. Овие луѓе ендоставно уживаат во тоа што го прават, а го прават за себе и за тие слични на нив, не за некој друг, нити пак за пари.

Post-Twilight емо синдром. Кантарот на глупавост е во недоумица. Кој тежи повеќе, децата или новинариве и сите други кои се појавија на клипов.
Овеој феномен постои многу пред Twilight, Хари Потер, и разно разни други вампирски блокбастери.

Јас гласам за новинарите. Немаше потреба од известување за ова, типичен феномен во стагнирана култура. Од време на време ќе се јавуваат вакви слични групи.
 
Г

Господ

Гостин
хипиците, -треба
панкерите, -треба
готите, -апла треба(страв ме фаќа од овие)
металците,-треба
па и рапериве,-не мора
а богами и натуралистите,-не мора,најздрави од горенаведените
луѓето кои си играат roleplay-ваљда треба


Иначе не глеам некоја стилска разлика од готичари.
Ко готичари се само со пашки од газот.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Има разни будали низ светов. Имаше на Натионал Географик во емисија Табу за луѓе вампири. Имаше еден тинејџер што влегол кај некоја бабичка дома и и го извадил срцето, го завиткал, со жар правел крстови и и ја пиел крвта од тенџере.
Да не си гледал ти Zone Reality?

Прво, нема ниту ЕДЕН документиран случај на вампиризам или сатанизам каде се принесувани или употребени луѓе како жртви за некои ритуали.

Второ, може да ми потенцираш кој дел од емисијата си го чул тоа, или да постираш некој линк до таа епизода, зошто пратам Табу на National Geographic но ете не сум ја гледал таа епизода, ама звучи како лажги свежи измислени пред да постираш.

Абе и во Македонија имам забележано вакви ретки суштества (посебно по поруралните средини) само денешно време лоши закони има донесено та ако превзимам воспотно-образовни мерки (читај: благ ќотек) ќе треба да плаќам оштета, што е апсурдно бидејќи јас придонесувам за здрав напредок (ментален и физички) за нашето општество посебно за младата популација.
Да бев во некоја партија гарант ќе бев главен во Млади и Спорт.

--- надополнето ---



Знам арабски и малку албански ќе се разберам некако а врколашки јазик незнам.

Ќотекот не излегол од рајот и спротивно на популарното мислење денес, барем во нашево изолирано општество тука, ќотекот не помага многу, или помага привремено, адава негативни реузлтати во иднина. Психолошки заклучок, не мој.

Деца што си правите?
- Еве бабичке се дрогираме и глумиме врколаци.
Ако ако,само не седете на ладен бетон.
:pos2::pos2:
Каде спомнаа дрога луѓево?

--- надополнето ---

хипиците, -треба
панкерите, -треба
готите, -апла треба(страв ме фаќа од овие)
металците,-треба
па и рапериве,-не мора
а богами и натуралистите,-не мора,најздрави од горенаведените
луѓето кои си играат roleplay-ваљда треба


Иначе не глеам некоја стилска разлика од готичари.
Ко готичари се само со пашки од газот.
А да објаснеше зошто? Сигурно има причина, а не сао "треба, треба, треба, можеби, треба" ...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ќотекот не излегол од рајот и спротивно на популарното мислење денес, барем во нашево изолирано општество тука, ќотекот не помага многу, или помага привремено, адава негативни реузлтати во иднина. Психолошки заклучок, не мој.
Ќотекот баш е made in heaven !
Помага овде и тоа многу, поготово за социолошките феномени предизвикани од филмови како Кум, Ране, Twilight потоа играњето на WOW, GTA Vice City & San Andreas и слушањето на турбофолк и емо музика.

Тоа се треба да се припитоми т.е. воспита.
 
Г

Господ

Гостин
А да објаснеше зошто? Сигурно има причина, а не сао "треба, треба, треба, можеби, треба" ...
хипиците, -Сонувачи.Може не се за во лудница ама не ги бива.Сакаат права а нејкат обврски.Башка криви им се сите.
панкерите, -Oд овие се излегнаа скинерине,чурук луѓе не можеше да се прошеташ во парк од нив.
готичари-Треба да ли да ти дадам слика од готичарка за да сфатиш каде е гнилото?Изгледот на страна,понашањето?Како тринаесто прасе во општеството.
металците,-Овие посебно ме нервираат.Имено,ова движење се состои од музички медиокритети и дегенерици кои се всушност нафурани wanna-be-cool дечурлана кои ни мрсул не фрлаат на музиката. луѓето кои си играат roleplay-Ова сум го среќавал на MMORPG игрици и во тие граници е ОК.Али...АЛИ,кога играта излегува надвор добиваш Ben-X општествена аномалија.

goth-girls.jpg
Не знам за тебе,ама кога ќе видам ваква во парк прво нешто што ми минува низ глава ми е Please dont eat me.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Мене не ми изгледаат нешто изопачени, нити ме нервираат

Не гледам како нивниот начин на облекување, стилизирање на косата и однесување е на било кој начин некаква закана за останатиот свет. Начин на изразување е, не е култ ебате.
А што ако за неколку години почнат навистина врколачки да се однесуваат ? Мислам на убивање луѓе , мора да се најде некоја будала која тотално ќе се внесе на ваквиот начин на живеење и ваквиот стил , и тогаш ќе ги оправдуваме ? На пример за скинер мора да бидеш , неколтурен , нецивилизиран тепач и ред други работи а додека за Врколак ќе треба да бидеш малку поекстремен. Не ми кажувај само дека за скинерите не сум во право .
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
А бе ајде бе глупости на кавадрат !! На времето тинејџерите како во нормала знам пиеа, пушеа, слушаат гласна рок музика од каде сега пак овие глупости не ли можат да бидат малку нормални нека зема таму по еден џоинт и да не се глупираат ццц дека стигна таа младина :tapp:
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Како докажале дека кучето е нивно? Да не има кучето досие кај некој забар, па го идентификувале по очниците или што ти е знам што?

Черепот може да биде од било кое куче. Јас ако најдам череп од некој хрчак и си го земам дома, не значи дека сум го убил неодамна исчезнатиот хрчак на соседот, само затоа што практикувам изглед и начин на однесување/изразување кој е неконвенционален во нашето општество.
Не е за тоа чиво било кучето , туку зар е нормално туку така да си чуваш череп ?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Си го гледал Halloween ? Детето од врапчиња и стаорци почна а каде заврши? Не велам дека ова дете ќе стане психопат некој ден , но ти велам не е здраво да се обезглавува куче од задоволство. А што мислиш психопатите одеднаш се одлучиле да убиваат и касапат луѓе , но тоа не е темата ајде.
Види, и во мене може да се крие некоја психопатска жичка. Знаеш како фаќав и убивав гуштери порано? Баш ко психопат. Сега, мравка ми е тешко да стапнам. Али од кај знаеш, јас, на изглед нормален тинејџер кој си ужива у светов, си идам по улица еден ден и му свирнам нож на некој у чело. Поентата ми е, никогаш, ама буквално никогаш немој да судиш по надворешниот изглед на луѓето. Греота е и површно е.


А што ако за неколку години почнат навистина врколачки да се однесуваат ? Мислам на убивање луѓе , мора да се најде некоја будала која тотално ќе се внесе на ваквиот начин на живеење и ваквиот стил , и тогаш ќе ги оправдуваме ? На пример за скинер мора да бидеш , неколтурен , нецивилизиран тепач и ред други работи а додека за Врколак ќе треба да бидеш малку поекстремен. Не ми кажувај само дека за скинерите не сум во право .
А што ако за неколку години се појави нешто бетер од ова, односно тинејџери - канибалци? На улица го гледаш нормален а он па тебе те гледа ко парче мевце. Претпоставките никогаш не можеме да ги базираме само на сопствени импресии и стравови. Мене повеќе ме плашат готик фаци (ако има некој на форумов no offense) отколку тин - волци.
На крај, поддржувал ти или не, сè додека не се случи еден ваков teen wolf да к’сне нечие вратче, немаш право да осудуваш. Тоа е личен избор, како што и ти си имаш избрано како ќе изгледаш, према што ќе се ориентираш и во што човек ќе се развиваш.
 
Г

Господ

Гостин
едитирано од модератор: офтопик дел

Не е за тоа чиво било кучето , туку зар е нормално туку така да си чуваш череп ?
Зашо да не бе?
Може им треба за некои магиски ритуали,може малото врколаче сака да ја одмазди баба му.
I'll get you next time...Van Helsing....
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Види, и во мене може да се крие некоја психопатска жичка. Знаеш како фаќав и убивав гуштери порано? Баш ко психопат. Сега, мравка ми е тешко да стапнам. Али од кај знаеш, јас, на изглед нормален тинејџер кој си ужива у светов, си идам по улица еден ден и му свирнам нож на некој у чело. Поентата ми е, никогаш, ама буквално никогаш немој да судиш по надворешниот изглед на луѓето. Греота е и површно е.
Ајде искрено кога го погледна клипот што си помисли за децава , ама искрено? Како не може да судиш по надворешниот изглед , зар е возможно да не си дел од групава и да си помислиш "еј овие се супер сакам да бидам како нив". Они очигледно сакаат внимание и омраза .
-Што би било од темава само ако имаше "hejteri" како мене , добро е што има некој да ги брани ќе има поголем материјал за дискусија =)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ајде искрено кога го погледна клипот што си помисли за децава , ама искрено? Како не може да судиш по надворешниот изглед , зар е возможно да не си дел од групава и да си помислиш "еј овие се супер сакам да бидам како нив". Они очигледно сакаат внимание и омраза .
-Што би било од темава само ако имаше "hejteri" како мене , добро е што има некој да ги брани ќе има поголем материјал за дискусија =)
Боже, човеку, за да прифатиш некого не значи да сакаш да си ист како него... Ако сакаат внимание, ќе си го добијат. Нашле начин, браво за нив. И секако дека можам да не судам по надворешен изглед. Не еднаш, животот ми покажал дека таквото ограничување на погледите знае да биде многу негативно во однос на развивањето на сопствената личност.
Има нешто ко кампања е низ градов, не знам по автобуси дали беше или по билборди. Гласеше: Ако осудувате немате време да сакате.
Па сега...
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
Е, а замисли на некои луѓе им се случува на деца да им го направат тоа... Не викам дека ова не е лошо... Ама очигледно е кое е полошото.
Знаеш како викаат: Од двете зла, помалото.
За дете незнам како е, не би сакал ни да дознаам..
Кучето еднаш ми го шутнаа, и само тој шо го шутна си знае како поминал..

Иначе, темава како што знам е отворена за teenage weretards.. Отвори тема за манијаци, таму ќе дискутираме за нив, нејќам да одам оф топик.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Драпање ташаци
Брат дај молимте еј...
Ги класифицираше и ги опиша ко да збориш за елфови и дворфови у WoW...
Искулирај малце, крај краева, имаш форумџика шо си негува готик стил...
Мериџејн појзн...
Незнам тебе брат какви тролови ти се моткаат у черепна празнина ко ќе ја видиш, али мене ми иде да вриснам Ow PLEASE eat me!
Негува готик стил и по дифолт има колци на чело а?
Седи брат, сочна е.

Што се тиче вукодлациве горе, излишни се коментари...
Уше брада не почнала да им расте сакаат Хју Џекмен да бидат.
Неиде бе брат... све со ред.
Безвезни ми се некако, избледени...
Му контраат на општеството, а знаат дека само Џоле д фиш ја има силата!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
За дете незнам како е, не би сакал ни да дознаам..
Кучето еднаш ми го шутнаа, и само тој шо го шутна си знае како поминал..

Иначе, темава како што знам е отворена за teenage weretards.. Отвори тема за манијаци, таму ќе дискутираме за нив, нејќам да одам оф топик.
За да сфатиш која е поентата на прифаќањето на ваквите weretards потребно беше да ти објаснам што е реален проблем со кој општеството си има огромна мака.
Како можете да мразите, односно да не поддржувате некого кој ниту сте го сретнале ниту сте имале прилика да направите муабет со него?
Ви згрешиле на вас нешто овие или едноставно страшно е тоа што се различни од она кое сте навикнати да го гледате?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom