Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
- Член од
- 16 октомври 2009
- Мислења
- 7.349
- Поени од реакции
- 7.606
Мене не ми изгледаат нешто изопачени, нити ме нервираат - баш напротив, познавам неколку такви индивидуи (не е се излезено од Америка дами и господа, го има и на нашиве простори), и баш се далеку пофини и подружељубиви луѓе од просечната маса.Ги подржувате или ги осудувате ?
Мене ме нервираат , не сакам да бидам во близина на такво суштество.
Можеби требаше да ја отворам темава во животни.
Не гледам како нивниот начин на облекување, стилизирање на косата и однесување е на било кој начин некаква закана за останатиот свет. Начин на изразување е, не е култ ебате.
Инаку овој феномен не се нарекува тинејџери врколаци, туку darkling (вампири, вештери, врколаци, демони whatever), бидејќи повеќе групи спаѓаат овде.
Останатите се познати како furries (овде може само врколаците имперсонатори да се спомнат), кои ги има во разни варијанти, од врколаци, до некои што го стилизираат својот изглед како мачка/мечка/лав, се до женски зајачици. Реално промената на изгледот мора да трпи одредени граници, поради услови, средства, и околности кои ги диктира самата реалност. На интернет, ова е поизразена појава, и самиот изглед (најчесто аватар, кој или е нацртан/3Д моделиран или е фотошопиран), и тука имаме антроморфни карактери кои социјализираат меѓу себе.
Реалниот живот за некои луѓе е многу досадна работа, па одредени личности наоѓаат начин како да си се занимаваат или да го направат својот живот а и изглед поинтересен, па стануваат дел од вакви групи, кои не се разликуваат по ништо од хипиците, натуралистите, нудистите, или било која друга група на луѓе која навистина не создава штета никому.
Како докажале дека кучето е нивно? Да не има кучето досие кај некој забар, па го идентификувале по очниците или што ти е знам што?А го погледна ли целото видео ? Тој со мечот чу ли што направил ? Не знам дали разбрав баш но черепот на исчезнатото куче го нашле кај него.
Черепот може да биде од било кое куче. Јас ако најдам череп од некој хрчак и си го земам дома, не значи дека сум го убил неодамна исчезнатиот хрчак на соседот, само затоа што практикувам изглед и начин на однесување/изразување кој е неконвенционален во нашето општество.
Типот гледаш дека практикува животен стил каков што често гледаме во игри со фантазија и бајковидни елементи. Мислам, мечот е скоро ист како оној на Химен . Олади.
Можеби треба да ги фрлиме и хипиците, панкерите, готите, металците, па и рапериве, а богами и натуралистите, бидејќи ги сметаат растенијата и шумите за лилности исто како нас луѓето (сигурно кога никој не гледа, дури и им зборат ), нели?Дамјане не се секирај си имаме институции за вакви створови.Убави свежо бојосани бели згради,го фрлаш во сопче метро на метро со забарикадиран прозорец и 15 катанци на врата,го облекуваш во кошула со 2 метра долги ракави и го ставаш на вечна терапија Торазин.
Крај на прича.
За неконвенционално однесување ван стандардните норми имаме милион примери, ако бараме примери, н овде осудуваме релативно нов феномен, кој сам по себе е пасивен, не е агресивен. Да беше таков, немаше воопшто да застанам на страната на тие луѓе.
Во ништо не се разликуваат од луѓето кои си играат roleplay, кои заедно со овие луѓе за кои збориме пак, не се разликуваат од актерите кои ги гледаме на ТВ серии и филмови. Единствената разлика е што актерите се платени за нивната глума и мора постојано да се дресираат за улогата која ја играат, а плаќаат и други да ги шминкаат или да го прават костимот. Овие луѓе ендоставно уживаат во тоа што го прават, а го прават за себе и за тие слични на нив, не за некој друг, нити пак за пари.
Овеој феномен постои многу пред Twilight, Хари Потер, и разно разни други вампирски блокбастери.Post-Twilight емо синдром. Кантарот на глупавост е во недоумица. Кој тежи повеќе, децата или новинариве и сите други кои се појавија на клипов.
Јас гласам за новинарите. Немаше потреба од известување за ова, типичен феномен во стагнирана култура. Од време на време ќе се јавуваат вакви слични групи.