Во контекст на темата:
ТЕВРАТ е првата позната Божја книга-упатена до луѓето,преку Муса а.с. и неговиот брат Харун а.с.Муса и Харун а.с. биле потомци Исраилови,па делувале меѓу евреите,а извесно време и меѓу Египчаните.
Оригиналниот Теврат денес не постои,тој е изменет и за неговото оригинално учење знаеме онолку колку што не известил Куранот и Хадисот од Мухаммед а.с.
Тој бил верозаконик за потомците Исраилови,кои суделе према неговите прописи кои што биле многу строги:глава за глава,око за око итн.Таквиот начин на казнување во однос на претходната состојба представувал одреден напредок.
Евреите Тевратот денес го нарекуваат Тора,што на еврејски значи”проучување”,”наука”.
ЗЕБУР е вотрата Божја книга објавена на Аллаховиот Пејгамбер Давуд а.с.,кој што бил Израелски крал,од 1010 до 970 год. пред Иса а.с.
Како што не постои оригиналниот Теврат,така не постои ни оригиналниот Зебур.Денешната верзија на Зебурот се нарекува “Псалми”,што на еврејски значи”верски песни”.
ИНЏИЛ е третата Божја Книга објавена на Аллаховиот Пејгамбер Иса а.с. За Инџилот и Иса а.с. Куранот зборува на многу места.Инџилот е упатство за луѓето и потврда на порано Објавениот Теврат.Иса а.с. дошол да го потврди она што му било објавено на Муса а.с. во Тевратот и да дозволи нешто од она што било забрането,и да ја најави радосната вест за доаѓањето на Последниот Аллахов Пејгамбер Мухаммед а.с. (Сура Саф,6 ајет).
Денеска не постои оригиналната верзија на Инџилот,туку постојат четири од Црквата прифатени-канонизирани Евангелиа и тоа по:Матеј,Лука,Марко и Јован.
КУР'АН е последната Аллахова Книга,објавена на последниот Аллахов Пејгамбер Мухаммед а.с.
Куран значи “Книга за учење,рецитирање и читање”.Освен ова Куранот има и други имиња,како што се:Китаб-Книга,Фуркан-Разделувач на вистината од невистината,Зикр-Опомена,Тензил-Објава,Хикмет-Мудрост,Худа-Прав пат,Бурхан-Доказ,Рахмет-Милост,Бејан-Коментирање,Нур-Светлост,Хакк-Вистина идр.
Објавата на Куранот траела 23 години,т.е. од 610 до 632 год,и тоа 13 години во Мекка и 10 години во Медина.Куранот има 30 џузови-делови.Поделен е на 114 сури-поглавја.Сурите се делат на ајети,кои во Куранот ги има 6236.Секоја сура има свое име,зето според некој збор употребен во неа.
Куранот е објавен како упатство за целото човештво и како таков има универзална порака и значење.Куранот не е само верозаконик .Тој е совршен зборник на морални прописи,извор на правото и историјата на поранешните народи и Аллахови Пејгамбери.Куранот ја зафаќа и општата историја,астрономијата,археологијата,медицината,би ологијата,физиката,математиката и многу други науки.А поради таквата негова широкост и содржајност,тој денес ги интересира научниците од многу профили на науката.