Турска компанија победник на тендерот за висококатници

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Турска компанија e победник на тендерот за изградба на висококатници во Скопје. Министерството за транспорт и врски објави дека компанијата „Турк мак“ е избрана за најповолен понудувач со понуда од 1,6 милиони евра за парцелата од 21 илјада квадратни метри.

На локацијата треба да се градат висококатници кои треба да бидат со минимум 33 ката, а највеќе до 100 ката. Освен висококатници на продадената парцела предвидена е и изградба и на деловни простории, објекти за култура, верски институции, објекти за спорт и рекреација.

Турската компанија има рок од 15 дена до кога треба да ја уплати понудената сума во спротивно нема да биде склучен договор.
 
Македонски фирми ќе ги градат стокатнициве инвестицијата е вредна минимум 200 милиони евра :helou:
 
Искрено, можеби компанијата е со добра репутација, но во минатите периоди кога се случуваа земјотресите во Турција и кога зградите им паѓаа заради несоодветни изградби, сум скептик, што не мора да значи. Сепак ќе видиме. За провизиите... е за нив нема да видиме :)

Шшш немој вакви информации,како што имам страв од земјотреси никогаш нема да купам 98 ката од зградава :))
За провизиите само ќе сонуваме и ќе се оближуваме.Гладна кокошка,просо сонува :))

--- надополнето ---

Чул те Господ.Ако не се македонски фирми,сто стапа ќе јадеш за лагава.
 
И јас имам страв од земјотреси, ова е интересно за тебе и мене: Можеби сега е време да се реализира иновациски проект на професор Данило Ристиќ за највисок уникатен објект во главниот град на Македонија
Кула на сонцето иден симбол на Скопје?
Зградата од 26 ката би чинела 30 милиони долари
„Ристиќ потенцира дека во случај на земјотрес како тој од 1963 година, па дури и посилен од него, Кулата на сонцето би останала сосема неоштетена. Прозорците не би се скршиле, ниту би испукале, што е докажано и при сеизмичките испитувања на физичкиот модел на зградата извршен во Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија во Скопје. “
Овде можеш да видиш слика
 
Се потврдува она што го говорев,дека во Скопје има место за секакви типови на згради.. И барок и антика но и нови модерни високо катници...Некои беа упорно против барок, и дека све морало да се гради од стакло и бетон.. Микс на повеќе стилови го разубавува еден град, а не само фурање на еден,незначи ако живееме во 21 век мора стриктно да се фура на стакло и крај,друго да не постои.. Се надевам дека Турциве се сериозни и ќе почнат набргу да градат :pipi:
 
И јас имам страв од земјотреси, ова е интересно за тебе и мене: Можеби сега е време да се реализира иновациски проект на професор Данило Ристиќ за највисок уникатен објект во главниот град на Македонија
Кула на сонцето иден симбол на Скопје?
Зградата од 26 ката би чинела 30 милиони долари
„Ристиќ потенцира дека во случај на земјотрес како тој од 1963 година, па дури и посилен од него, Кулата на сонцето би останала сосема неоштетена. Прозорците не би се скршиле, ниту би испукале, што е докажано и при сеизмичките испитувања на физичкиот модел на зградата извршен во Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија во Скопје. “
Овде можеш да видиш слика

Баш е убава :) И убаво вика,кога ќе има пари,тогаш ќе ја градиме.Мислам дека сите згради треба добро да се проверат,Скопје не е имуна на земјотреси.Незнам како живеат луѓето во кулите (Карпош2) а можам да замислам на 100ти кат да ти е канцеларијата,јас ќе приумрам :))

Абе цитро ти и стручни совети од архитектура почна да делиш? На Македонија и треба една „зграда на паметњаковиќ“ симбол на македонската нација.
 
Нека градат зошто да не, ама тие згради се само празно нешто без луѓе и ќе треба доста луѓе за да работат во нив. И скопјани ќе отвараат нови фејсбук групи Сите провинцијалци да си одат дома...... :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Што бидна со тоа регионален равој?Уште колку нови жители може да поднеси Скопје како град од архитектонски план гледано?Скопје за оваа земја има да биде црна дупка и веќе е, на економски план гравитационо привлекува се околу себе во распад и ништавило.....
 
Ќе нема кој ниту лифтовите да ги одржува.Да не зборуваме за аеродромот во Штип - помина рокот со Турците и ништо.Некој им го пролонгира надвор од тендерот.
Ова тендерџииве се специјализирале но и политичариве да го влечат народот за нос?
 
Искрено, можеби компанијата е со добра репутација, но во минатите периоди кога се случуваа земјотресите во Турција и кога зградите им паѓаа заради несоодветни изградби, сум скептик, што не мора да значи. Сепак ќе видиме. За провизиите... е за нив нема да видиме :)

Да, ова е точно и не само зградите туку и куќите, а во 2000 година (мислам дека беше) имаше катастрофален земјотрес во Измир каде градот беше разурнат до темели.Следен таков земјотрес ќе го удри Истанбул, но не се знае кога ќе биде тоа, можеби ќе биде за 5 години, можеби ќе биде за 50 години.
И тие градби што им испопаѓаа се генерално градби во сиромашните квартови, како и градби кои биле изградени во осумдесетите години пред да се случат земјотресите.Во секој случај не се градени плански.Но Турците ги научија лекциите и почнаа да градат згради, домови и.т.н. „по планот“, а и почнаа да ги појачуваат оние градби за кои се смета дека ќе паднат при првиот земјотрес, ма да не оди работата лесно сепак еден град како Истанбул има 15 милиона жители.

Македонски фирми ќе ги градат стокатнициве инвестицијата е вредна минимум 200 милиони евра :helou:

Го ебавме ежот.
 
Ќе нема кој ниту лифтовите да ги одржува.Да не зборуваме за аеродромот во Штип - помина рокот со Турците и ништо.Некој им го пролонгира надвор од тендерот.
Ова тендерџииве се специјализирале но и политичариве да го влечат народот за нос?
Требаше почеток на 90-тите да се гради карго аеродром Струмица па ништо не бидна.

За зградите, би требало јапанци да ни градат згради. Имаат искуство со земјотреси...сепак и турците се добри, секој е добар доколку запазува стандард на мерки и материјал.
 
Шшш немој вакви информации,како што имам страв од земјотреси никогаш нема да купам 98 ката од зградава :))
За провизиите само ќе сонуваме и ќе се оближуваме.Гладна кокошка,просо сонува :))

--- надополнето ---

Чул те Господ.Ако не се македонски фирми,сто стапа ќе јадеш за лагава.

1. Најосетливи на земјотрес се згради од окулу 5-6 спрата зошто имаат еднаква резонираат на вибрациите на земјотресот. Да не тупам Прашај Градежен Инжинер. Проблем со вискокатницте е повеќе ветрот.
2. Македонија е слободен пазар и тој што ќе понуди најдобра понуда треба да гради само така економијата е подобрува не со интервенционизам заштита и субвенции. Либерален Капитализам е најдобар за раст на Економијата а со тоа и подобрување и на стандартот на долгрок.
 
Баш е убава :) И убаво вика,кога ќе има пари,тогаш ќе ја градиме.Мислам дека сите згради треба добро да се проверат,Скопје не е имуна на земјотреси.Незнам како живеат луѓето во кулите (Карпош2) а можам да замислам на 100ти кат да ти е канцеларијата,јас ќе приумрам :))

Знам дека иноваторот веќе повеќе години по наградувањето за овој проект, се обидува да го реализира, а и името на кулата симболично го поврзува со сонцето како заштитен симбол на Македонија. Останува да се надеваме дека сето ова ќе се реализира за некој краток временски период.
 
Borg_Drone се разбира дека Турците нема ништо да остават на случајност, верувам дека ќе донесат експерти за скајскрајпери од Јапонија,Америка.
И кај нашите градежни работници ќе биде направена силна селекција ќе се одели кадарот од шкартот, ако им фалат градежници ќе увеземе.
Многу е битно што со овој проект се облагодарува земјиштето и десеткратно се зголемува брендирачката препознатливост на земјава.
 
Да, ова е точно и не само зградите туку и куќите, а во 2000 година (мислам дека беше) имаше катастрофален земјотрес во Измир каде градот беше разурнат до темели.Следен таков земјотрес ќе го удри Истанбул, но не се знае кога ќе биде тоа, можеби ќе биде за 5 години, можеби ќе биде за 50 години.
И тие градби што им испопаѓаа се генерално градби во сиромашните квартови, како и градби кои биле изградени во осумдесетите години пред да се случат земјотресите.Во секој случај не се градени плански.Но Турците ги научија лекциите и почнаа да градат згради, домови и.т.н. „по планот“, а и почнаа да ги појачуваат оние градби за кои се смета дека ќе паднат при првиот земјотрес, ма да не оди работата лесно сепак еден град како Истанбул има 15 милиона жители.

Веројатно и во барањето на тендерот било наведено и барањето зградите да се градат со сите правила во подрачје на сеизмичка активност, какво што е Скопје. Следствено на ова, турците сигурно во својата понуда, понудиле и квалитет и искуство во градење на објекти во вакви подрачја. Останува да се надеваме дека се ќе биде според правилата.
 
2. Македонија е слободен пазар и тој што ќе понуди најдобра понуда треба да гради само така економијата е подобрува не со интервенционизам заштита и субвенции. Либерален Капитализам е најдобар за раст на Економијата а со тоа и подобрување и на стандартот на долгрок.

Протекционизам.

Незнам што е подобро за нашата земја,ако дадеш на домашни некој ќе испере пари,ако дадеш на странци домашни фигури стојат зад нив.Овде нема ни е од економија,затоа неможе крај со крај да се поврзе.Само добро е во вакво време,странец да инвестира,македонец да гради.Со тоа се подигнува градежната машинерија и раст на економијата.Се надевам дека имаат во условите за тендер некаде вметнато,дека Македонски компании треба да градат (секако со странски експерти-на инвеститорот)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom