Косово и Албанија со единствена гранична контрола

  • Креатор на темата Креатор на темата @Lbaneso
  • Време на започнување Време на започнување

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Локација
Minhen
Косовските туристи кои ќе влезат на територијата на Албанија ќе поминат преку само една гранична контролна точка. Ова, како што јавуваат косовските медиуми, денеска го изјави албанскиот министер за внатрешни работи, Лулзим Баша, по средбата со неговиот косовски колега, Бајрам Реџепи.

„Се согласивме двете полициски сили да спроведат контрола со едно запирање, така како што беше договорено и со договорот потпишан во присуство на двајцата премиери (Бериша и Тачи) во октомври 2009 во Приштина, за сите граѓани, независно од правецот на движење за да се намали времето на чекање и да се олесни до максимум протокот на граѓани, кој за време на туристичката сезона е многу фреквентен„, изјави Баша.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи, изјави дека и еврокомесарот за проширување на ЕК, Штефан Фуле, при неодамнешната посета и препорача на Косово да и се обрати за помош на Албанија што се однесува до издавањето на лични документи како и некои други критериуми кои Албанија сега веќе ги исполнила.

--- надополнето ---

ЛИНК тука
 
За некоја година воопшто ке нема граница:nenene:
 
Несмеат да фигурираат како една држава според договорот што го потпишаа со ОН...(мислам на договорот што го потпиша Косово)
 
Аjде нека им е честито... :) Те доживjaха ЕУ порано от сите други.
 
Така по лесно дрогата од едната наркодржава ке оди во другата.
 
За кратко време ќе се случи истото и Косово-Црна Гора(ако се нема веќе случено).Преку тој пат робата доаѓа директно на црногорското крајбрежје и патот кон Италија и Западна Европа и' е сигурен и најкраток.
 
Ма што ќе ни се граници и контроли кога и така не се ефикасни во практика.

Или изгради електрична ограда со 10м длабински ѕид и 5м висина на мрежа или соѕидај а-ла Кинеско ѕидче по должина на целата граница и стај снајпери, осветлување со рефлектори и сензори за движење, автоматски отварачки кафези со добермани или некои агресивни мастифи или роботизирани митралези од поголем калибар со сензори за движење... што да ви кажам друго :)
 
Не гледам ништо проблематично во оваа работа. Границата помеѓу Црна Гора и Албанија функционира веќе неколку години на овој начин.
 
Интересно, се нема проблем ама на крај со проблеми излегува.
Што е проблемот ?
 
Косово ако сака да биде држава, нека почне да се однесува како таква.

Од нивна страна границата очигледно не се чува или пак намерно дозволуваат да влегуваат кај нас гости (ко овие ноќеска).
 
Ама збунет си Evil Betty, немаме ние со Косово единствена гранична контрола, туку Косово со Албанија.
Ние со Косово имаме двојна гранична контрола :)
 
Косово треба да има тројна гранична контрола.
 
Кон Косово треба да има ѕид за да се спречат шверцоиве од секаков вид...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom