Ајде да си кажам нешто...
Јудаизмот е монотеистичка религија,барем сите така знаеме.Некој погоре пишал дека муслиманскиот бог е исто што и еврејскиот.ОК
Но тој што ја пишувал Тората и што пробувал да го претстави Јудаизмот како монотеистичка религија пак не успеал во тоа.
Еврејскиот Бог кој општо е познат како Јахве/Јехова има и други имиња со кои се споменува како што е Elochim.А Елохим во превод е ’’богови’’,кое произлегува од еднина ’’Еl’’ кое пак произлегува од акадското ’’Ilu’’ што во превод значи ’’возвишен’’
И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!” (Генеза 1:26)
И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!” (Генеза 3:22)
На кого тоа Бог му се обраќа во Генезата???Нели тогаш на планетава биле само Бог,Адам и Ева?Со кого Бог се консултира да направат човек по нивниот лик?Нешто овде е чудно.Освен богот,со него имало и друг некој.
Еврејската религија е многу слична со древно сумерската митологија која е постара од еврејската и се простирала помеѓу Тигар и Еуфрат т.е. Месопотамија (денешен Ирак).
Во сумерската митологија се спомнува за Потоп кое е опишан и во Јудаизмот.
’’ Бог му рече на Ное: „Одлучив да им биде крај на сите суштества, зашто земјата се наполни со насилства; и, еве, ќе ги уништам заедно со земјата.
Направи си брод од гоферово дрво; направи го бродот со соби и намачкај го со смола внатре и надвор.
А ќе го направиш вака: бродот нека биде триста лакти во должина, педесет во ширина, а триесет лакти во височина. Направи му отвор за светлина на бродот, заврши го на лакт до врвот; направи врата на бродот отстрана; направи три ката во него: долни, среден и горен.’’ (Генеза 6:13,14,15,16)
„Срушија куќата,изгради брод!Напушти го богатството,спаси го својот живот!Одрекнисе од имотот,сочувај жива душа!На бродот понеси семе од се што е живо!Тој брод ќе го изградиш;Неговите димензии ќе бидат по мера.“(сумерска митологија)
Ова е иста приказна за Потопот во две религии.Во Јудаизмот Јехова планира да ги казни луѓето,а и му вели на Ное да изгради арка,додека во сумерската митологија Ное е именуван како Зиусудра на сумерски,односно Атрахасис на акадски.И овде богот кој му наредува на Ное да изгради арка е богот Енки,а оној кој сака да го истреби луѓето е неговиот брат,богот Енлил.Енки се противи луѓето да бидат истребени бедејќи тој бил креаторот на човечкиот род.
Во Библијата се споменуваат вонземни ентитети ’’Нефилими’’-’’Оние кои од небото се спуштија на Земјата’’.’’Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефилими, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.’’(Генеза 6:4)
Во сумерската митологија исто така се споменуваат вакви нефилими,но се именувани како ’’Ануннаки’’.
Наједноставен доказ дека Јудаизмот потекнува од сумерската митологија која е политеистичка,е тоа што и првиот патријарх Аврам дошол во хананската земја(Палестина) од Ур халдејски(Месопотамија).
Сосем нормално е тоа што јудаизмот носи со себе одрази од постари верувања. Потопот го има во речиси сите митолошки концепции, насекаде низ светот, па и во еврејската.
Сепак, неколку мали исправки - не се вика акадската варијанта на Ное Атрахасис, туку Утнапиштим (кај Сумерите е Зи-У(А)-Судра, кај Хелените Деукалион). Нефилимите пак, според хебрејските митови се деца на паднатите ангели и жените. Не се вонземски суштества, туку нивни деца со човечките припаднички на понежниот пол.
Монотеистичкиот концепт во јудаизмот, кој со времето станал доминантен не е сумерски, туку древноегипетски и е во врска со едонобожечкиот култ на Атон (промовиран од фараонот Ехнатон во 14 век пр.н.е.) кој по кусата доминација бил заборавен а неговите следбеници протерани. Меѓу нив бил и Мозес/Моше/Мојсеј/Муса кој е првата, во врска со јудејската, христијанската односно муслиманската вера потполно потврдена историска личност, воедно верски реформатор, пророк, пратеник и сл. (За Ное, Сим --- Авраам и за остатокот од компанијата, во науката преовладуваат мислењата дека се работи или за митолошки личности или за персонификација на племиња и народи).
Интересна за развојот на јудаизмот е и приказната за судирот во Харан каде што припадниците на култот на богот на месечината го протерале Авраам, чија хенотеистичка вера ( се` уште не монотеистичка), била неприфатлива, што е слично со Мека и Мухамед.
Монотеизмот е прилично стар концепт на верување, постар и од Авраам и Ехнатон, сосем веројатно постар и од првите цивилизации како Сумер, Египет и Акад. Се работи за Големата мајка - матријархална, прилично примитивна и недоречена верзија или облик на монотеистичко верување, во кое божеството (жена - во склад со матријархатот) претставува творец и одржувач на се` што постои и која (според некои антрополози, како Р. Гревс) се јавува во тројство (девица, жена и старица/раѓање, живот и смрт/пролет, есен и зима итн.).
Според некои истражувања, кои не се сигурни, кај некои индоевропски народи постоела и патријархална, машка форма на божество кое е едно и единствено. Со текот, на времето, како резултат на културни влијанија, мешања на племиња, различни толкувања и именувања на едно во суштина исто верување и божество, дошло до потиснување на раниот монотеизам. Ова секако се само претпоставки, кои не се докрај научно потврдени (тоа, со оглед на недостатокот на извор, нема ни да се случи), но е вредно да се спомне.