аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.523
Три лица загинаа во пожар во банка во центарот на Атина кој го предизвикаа учесниците во анти-владините демонстрации во грчкиот главен град.
Банката, во која имало 20 луѓе била нападната со молотов коктел. Гореа и зградите на даночната агенција и атинската префектура кои исто така беа запалени со молотови коктели.
Немирите ескалираа во текот на протестите против радикалните мерки за штедење со кои грчката влада се обидува да ја спаси земјата од банкрот.
Полицијата мораше да употреби солзавец да ја разбие групата демонстранти кои со камења и други предмети го нападнаа кордонот, во обид да го заземат парламентот.
Според агенциите, во протестите во Атина учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Плоштадот Синтагма наликуваше на вистинско бојно поле замаглено со чад од солзавец.
Немири имаше и во Солун каде протестираа 20 сетина илјади луѓе. Млади луѓе, со марами на лицата ги кршеле излозите на продавниците и рестораните за брза храна.
Земјата е парализирана-полицијата е единствената јавна служба која работи. Во наредните 48 часа, прекинат е јавниот транспорт-од полноќ, за сите летови затворен е и грчкиот воздушен простор.
Поради штрајкот на новинарите-Грција е во информативен мрак. Ова е трет генерален штрајк во Грција за три месеци-го организираше синдикатот на вработените во јавната администрација поради најавеното намалување на платите и пензиите.
Грчките граѓани сметаат дека мерките се неправедни и дека најмногу ќе трпи најсиромашниот дел од населението.
„Финансискиот пакет нема да и помогне на Грција да не банкротира. Ќе им помогне само на индустријалците да остварат поголем профит.
За да ги добие 130 те милијарди евра помош од членките на ЕУ и ММФ, владата на Јоргос Папандреу мораше да се согласи со наметнатите радикални мерки за штедење.
Властите најавија намалување на платите и пензиите на државните службеници, зголемување на ДДВ-ето од 21 на 23 насто, и многу остри мерки за избегнувачите на плаќањето на данокот кон државата.
Богами ептен им искача ситуацијава од контрола... господ знае колку испокршени излози имаат плус колку ограбени маркети бутици и слично... ама ако... што си прават сами за себе си прават... кога земаа пари убаво им беше сега кога треба да враќаат некако не им се сака.. епа и да се е*еш и да не ти влезе не иде...