Како се станува ДИЛЕР на хардвер во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Turrican
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2009
Мислења
1.217
Поени од реакции
898
Имам некоја пара настрана,поседувам магацински простор во Радовиш,па си велам да почнам бизнис со увоз на хардвер од странство.Кој групации се главни,кај да се обратам,кој има најдобри цени,сеуште истражувам на тоа поле.Ако има некој да сака да се здружиме,нека повели,нели затоа и служи интернетов,за полесно да комуницираме и соработуваме.
Ако некој сака само да даде совет,исто е добредојден.Поздрав до сите:smir:

п.с.Зошто кајмакот стално да го собираат главните играчи,мислам дека е доста.
 
А мислиш на увознициве убаво им е? Едвај крпат крај со крај. Паком 2 милиона обрт има, од нив ќар 20000 евра, едвај плати има за вработените. Не купуваме ние македонците хардвер многу, сеуште сме бајаги простички за компјутери. Колку луѓе и фирми само познавам што уште возат Пентиум 3ки само да знаеш........
 
убо ти кажа Sephiroth
има премногу "продавници" кај нас. А Радовиш, има уште повеќе, нема толку жители, колку што има продавници за компјутери. ЕНДИ (Драган), на пример, пошто нема заработка, скоро се` му е на порачка, нема ништо на лагер.

и уште форматира компјутери за 200 денари? :tapp:
 
Мислиш 99% од рестораните и кафичите. Али па, што ќе им е појако. :)
 
Мислиш 99% од рестораните и кафичите. Али па, што ќе им е појако. :)

голем број од моите другари,имаат целерончиња/атхлони/семпрони и сл... ама има и со коре2дуо/коре2куад/феном... зависи кој колку кеш би дал за пц... и ја спаѓам во првите... за жал...:pos2::pos2:
 
Колку луѓе и фирми само познавам што уште возат Пентиум 3ки само да знаеш........

Се е според потребите. Ако 3ка им брка работа, нема потреба од луксузи...
 
Нека не ве буни смајлито, јас бев сериозен. : )
 
Нека не ве буни смајлито, јас бев сериозен. : )

Зашто бе, јас на работа работам на i7 :)

Али тоа зашто газдата ми рече: ЗЕМИ СИ КОМПЈУТЕР ЗА РАБОТА, ЈАС ПЛАЌАМ :) :) :)
 
не би баш рекол дека немаат промет, нико продавницата овде имаше 200-300 илјади евра ќар минатата година
 
не би баш рекол дека немаат промет, нико продавницата овде имаше 200-300 илјади евра ќар минатата година

нико, ееееее,, нико.
ако си прва рака дилер, ќе имаш највеќе од медот. конкуренцијата направи ди-џеи во Македонија да пуштаат музика за сокче, а ќарот да го јадат газдите, ќелнери да им трчаат цел ден за 200-300 денари дневница
 
Секој со своите потреби за машина. Многу од луѓето ги користат компјутерите за Kајгана, Фејсбук и слично (Mozilla) и ослонети се на она:
Шо ке ми е јак компјутер не фрлам пари за глупости подобро ќе идам у кафич ќе фрлам 1000ден. за 1на ноќ, или со тие пари ќе се убијам од пиење
Извини бееее... пиењето ќе го измочаш - повратиш во рок од 2 часа максимум, а со по асален комп. барем нема да се нервираш кога нема да ти отвори флеш анимација и ќе ти остане многу повеќе од една гајба пиво :uvo::tapp:

@Razor Нико е голема компанија неможе да се споредат маалските продавнички за хардвер со Нико
@Mac јас типувам дека работи во маалски сервис за Застава. :pos2:
Друг некој??:tv:
 
не би баш рекол дека немаат промет, нико продавницата овде имаше 200-300 илјади евра ќар минатата година
Точниот ќар само газдите си го знаат, а ние може да нагаѓаме/шпекулираме.

Иначе Нико има добиено неколку владини тендери за компјутери, така да станува збор за нешто многу посериозно (да не речам политички умешано). Пари од обични смртници што купуваат компјутер еднаш на 5 години, не се прават. Парите ги зимаат тие што имаат братучеди и чичковци во влада, па ќе им наместат некој тендер и ќе лапнат солидна сума.
 
А мислиш на увознициве убаво им е? Едвај крпат крај со крај. Паком 2 милиона обрт има, од нив ќар 20000 евра, едвај плати има за вработените. Не купуваме ние македонците хардвер многу, сеуште сме бајаги простички за компјутери. Колку луѓе и фирми само познавам што уште возат Пентиум 3ки само да знаеш........

Паком не е испод 10 000 000 €.

И не е народот простичок. Новчаникот им е празен.
 
Дај не забегувајте од темата.Како да не знаеме што се има покафичите или по фирмите.Пентиум 3-ка??? Во Радовиш а и во др.помали градови,заедно со пола Скопје по фирмите можеш да видиш и кецови и 2-ки.Тоа е МК што да правиш. Овде муабетот е како да станеш дилер,од кај влечат роба,кои се условите за плаќање,и не зборам за јас да бидам дилер на СЕТ на пр.Зборувам за дилер директно од странство,кој има информации нека зборува,кој не нека ја прати дебатата.Чао

убо ти кажа Sephiroth
има премногу "продавници" кај нас. А Радовиш, има уште повеќе, нема толку жители, колку што има продавници за компјутери. ЕНДИ (Драган), на пример, пошто нема заработка, скоро се` му е на порачка, нема ништо на лагер.
и уште форматира компјутери за 200 денари? :tapp:
.

Не би рекол дека форматира за 200 ден.Повеќе би рекол за 350-400 ден. Па човекот изгради сосема нова,модерна куќа,па не би се сложил и дека баш нема заработка од продажба на хардвер.Порано можеби повеќе,но сега пошто има 5-6 ''продавници'' малце потешко оди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom