СП низ времињата

  • Креатор на темата Креатор на темата никола-те
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.710
Поени од реакции
1.470
Фудбалот, како спорт е официјално „роден“ во 1904 со оснивањето на ФИФА. Но, и покрај тоа на меѓународна сцена фудбалот излегува дури на олимписките игри во Париз 1924. Toгаш се одиграни и првите натпревари меѓу репрезентациите од другите континенти, а на финалниот меч меѓу Швајцарија и Уругвај биле присутни 50.000 гледачи.
Во 1928 година, во Амстердам е оддржана осмата летна олимпијада. На фудбалскиот турнир, во Амстердам не учествувале многу фудбалски нации, а тоа било и знак дека треба да се организира ново фудбалско натпреварување. На 26 мај 1928, ден пред почетокот на Олимписките игри во Амстердам, тогашниот претседател на ФИФА најавил дека ќе се организира натпреварување, независно од Олимписките игри во кое ќе учествуваат само членките на ФИФА.
За ова натпреварување кое се одржало во 1930, пријава за домаќинство поднеле Италија, Холандија, Шпанија и Уругвај. Избран бил Уругвај, бидејќи во тоа време била најсилна фудбалска нација и бидејќи во 1930 славеле сто години од својата независност.
За учество на првото СП, не се играле квалификации, туку се играло по покани.
Од европскити земји учествувале само Југославија, Белгија, Романија и Франција, додека другите не прифатиле учесвто, бидејќи требало многу да се патува.
Европските селекции патувале со еден брод каде, се вршеле подготовките за престојниот турнир.

Екипите биле поделени во четири групи:

Група 1

Аргентина
Чиле
Мексико
Франција
Група 2

Југославија
Бразил
Боливија

Група 3

Уругвај
Романија
Перу

Група 4

САД
Парагвај
Белгија

Победник на првото светско првенство е селекцијата на Уругвај, додека пак второ место зазела Аргентина, а борба за трето место во тоа време немало, па затоа стои дека Југославија е носител на третото место.

Натпреварите се играле на еден стадион, во главниот град Монтевидо

Stad_de_centario_uruguay1930_montevideo.jpg


Официјалната топка на мундијалот :

1930_World_Cup_Final_ball_Argentina.jpg


Oстанати првенства :

Италија 1934
1. Италија
2. Чехословачка
3. Германија
4. Австрија

Франција 1938
1. Италија
2. Унгарија
3. Бразил
4. Шведска

Бразил 1950
1. Уругвај
2. Бразил
3. Шведска
4. Шпанија

Швајцарија 1954
1. Западна Германија
2. Унгарија
3. Австрија
4. Уругвај

Шведска 1958
1. Бразил
2. Шведска
3. Франција
4. Западна Германија

Чиле 1962
1. Бразил
2. Чехословачка
3. Чиле
4. Југославија

Англија 1966
1. Англија
2. Западна Германија
3. Португалија
4. СССР

Мексико 1970
1. Бразил
2. Италија
3. Западна Германија
4. Уругвај

Западна Германија 1974
1. Западна Германија
2. Холандија
3. Полска
4. Бразил

Аргентина 1978
1. Аргентина
2. Холандија
3. Бразил
4. Италија

Шпанија 1982
1. Италија
2. Западна Германија
3. Полска
4. Франција

Мексико 1986
1. Аргентина
2. Западна Германија
3. Франција
4. Белгија

Италија 1990
1. Западна Германија
2. Аргентина
3. Италија
4. Англија

САД 1994
1. Бразил
2. Италија
3. Шведска
4. Бугарија

Франција 1998
1. Франција
2. Бразил
3. Хрватска
4. Холандија

Јужна Кореа и Јапан 2002
1. Бразил
2. Германија
3. Турска
4. Јужна Кореа

Германија 2006
1. Франција
2. Италија
3. Германија
4. Португалија

Победници

Бразил (1958, 1962, 1970, 1994, 2002)
Италија (1934, 1938, 1982, 2006)
Германија (1954, 1974, 1990)
Уругвај (1930, 1950)
Франција (1998)
Англија (1966)

Пехар
Jules_Rimet_replica.jpg


Ова е првиот пехар кој се користел се до 1970 година, а оттогаш се користи овој:

Fifa_world_cup_org.jpg



Статистика


Играчи со највеќе настапи на СП се Лотар Матеус (Германија) и Антонио Карбајал (Мексико).

Легендата на фудбалот, Пеле е единствениот играч кој има освоено три златни медали.

Најдобар стрелец на светските првенства е бразилецот, Роналдо со постигнати 15 гола.

Марио Загало и Франц Бекенбауер се единствените луѓе, кои и како играчи и како тренери го имаат освоено светското првенство.

Највеќе т.е сите настапи на СП ги има остварено селекцијата на Бразил.

Највеќе настапи во полу-финалето на СП има Германија, 11.

Највеќе победи има Бразил (64), а најголеми „лузери“ се Мексиканците (22).

Највеќе победи на еден турнир има остварено Бразил (7) во 2002, а највеќе голови има постигнато Унгарија (27) во 1954.
 
За првото светско првенство карактеристика е што во финалето Уругвај победил после изведувањето на нерегуларен аут, т.е топката во игра ја уфрлил полицаец/редар и во акцијата која се направила Уругвај постигнал гол и забележал победа.
 
Официјалната топка на мундијалот :

1930_World_Cup_Final_ball_Argentina.jpg

ова не е таа топка. се играло и со оваа топка, но не е таа правата. имено, во финалето Уругвајците и Аргентинците пред натпреварот се карале со која топка да се игра натпреварот, па на крајот дошле до решение едното полувреме да се игра со уругвајска, а другото со аргентинска топка. оваа топка шпто е постирана е аргентинската, но не и таа со која се играло првенството освебн можеби натпреварите на Аргентина.
 
Германија 2006 - Освои Италија а не Франција како што си пишал во првиот пост Nikola...
 
Победник на првото светско првенство е селекцијата на Уругвај, додека пак второ место зазела Аргентина, а борба за трето место во тоа време немало, па затоа стои дека Југославија е носител на третото место.

и ова не е точно. САД е трето место поради подобра гол-разлика. имаат исто брј бодови, победи, нерешени порази. гол разлика САД има 7:6, а Југославија 7:7.
 
Се изинувам за грешките. Набрзина го куцав, па и затоа имав грешки. :smir:
 
За првото светско првенство карактеристика е што во финалето Уругвај победил после изведувањето на нерегуларен аут, т.е топката во игра ја уфрлил полицаец/редар и во акцијата која се направила Уругвај постигнал гол и забележал победа.

Мислам дека не било во финалето тоа, туку во полуфиналето Уругвај-Југославија и тоа при резултат 1:1.

и ова не е точно. САД е трето место поради подобра гол-разлика. имаат исто брј бодови, победи, нерешени порази. гол разлика САД има 7:6, а Југославија 7:7.

А не беше нешто како тој што изгубил од шампионот во полуфинале, тој е трето место? Ама мислам дека официјално немало трето место, туку се водат Југославија и САД како делители на третото и четвртото место.
 
А не беше нешто како тој што изгубил од шампионот во полуфинале, тој е трето место? Ама мислам дека официјално немало трето место, туку се водат Југославија и САД како делители на третото и четвртото место.

официјално нема трето место, тоест не давале ништо за трето место бидејќи не се играло натпревар. но, кога се составува конечната табела, (што се прави за секое Светско) трети се САД од причините кои ги објаснив погоре, без разлика кој од кого загубил.

еве и ФИФА вели дека САД се трети: http://www.fifa.com/worldcup/archive/edition=1/awards/index.html


уште нешто:
A FIFA technical committee report on the 1986 World Cup included full rankings of all teams at all previous World Cup finals; this report retrospectively ranked the United States third and Yugoslavia fourth,http://en.wikipedia.org/wiki/1930_FIFA_World_Cup#cite_note-36 a practice since continued by FIFA.
 
Јубилејни голови

1 Лорен (Франција) против Мексико 1930
100 Скијавио (Италија) против Сад 1934
500 Колинс (Шкотска) против Парагвај 1958
1000 Резенбринг (Холандија) против Шкотска 1978
1500 Каниџа (Аргентина) против Нигерија 1994
2000 Албак (Шведска) против Англија 2006
 
Македонија ја сакам да ја видам еднаш додека сум жив на СП...:se_ molam:cry:
 
Никогаш не отпишувајте ги Германците

На 26. средби на Светското првенство во Швајцарија беа постигнати неверојатни 140 погодоци, па со просек од повеќе од пет гола по натпревар ова беше убедливо најефикасниот мундијал во историјата. Во Швајцарија се одигра и најефикасниот натпревар во историјата на светските шампионати, оној во кој домаќините ја прокоцкаа раната предност од 3-0 против Австрија и на крајот претрпеа пораз од 7-5. Четвртфиналниот дуел меѓу Унгарија и Бразил донесе многу возбудувања, Унгарците на крајот славеа со 4-2 предводени од двојниот стрелец Шандор Кочиш (воедно и најдобар стрелец на шампионатот со 11 погодоци). На патот кон финалето Унгарија го елиминираше Уругвај, совладувајќи го со идентични 4-2 актуелниот светски првак. Ако се земе предвид извонредната серија на Унгарците од 31 натпревар без пораз, како и фактот дека само десетина дена пред финалето оваа селекција ја совлада Германија со убедливи 8-3, јасно беше кој е фаворит, а кој аутсајдер во тој финален натпревар. Пресметката од 4 јули 1954 година во историјата е позната како „чудото од Берн“. Унгарците уште од самиот почеток почнаа да доминираат на теренот и поведоа со погодоците на Пушкаш и на Цибор.
Сепак, кога сите помислија дека приказната е завршена, на сцена стапија Германците, приредувајќи го најголемото чудо во историјата на финалните натпревари. Морлок и Ран уште во првото полувреме израмнија на 2-2, пред Ран со својот втор погодок да го комплетира пресвртот и да и ја донесе на својата селекција првата титула светски првак. Токму поради овој неверојатен пресврт на спортските натпревари на оваа селекција почна да се користи поговорката: Никогаш не отпишувајте ги Германците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom