ANIME (Генерална дискусија)

Г

Господ

Гостин

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Официјално се откажувам од следење Naruto,Bleach,OP и FT.
Изгледа имаш лош систем за гледање на never ending аниме серии ^ ^.
Ако ги гледаш секоја недела по една еп, брзо ќе ти скисне поготово кога ќе дојдат филери. Ја си ги чекам да заврши цела сезона или арк, па после ги гледам, така ми доаѓа да ги гледам еднаш - два пати во годината по 20-30 епизоди.
Bleach немам гледано цела година, од лани од јануари, чекам уште да заврши овој арк да ги симнам тие епизоди, а наруто овие денови треба да ја симнам филер сезонава.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ako сакаш трилери,со многу напнатост,мистерија,со ликови од крв и месо,без Мајкл Беј експлозии,без претерани акцијашки сцени,одговорот е-ДА!

ПС:Дали се сложувате да се отвори тема во стрип секцијата за манга каде ќе тераме се што е manga related-од обични дискусии,новости,па и да си окачуваме свои рецензии?
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Ako некој препорача нешто во стилот на Ergo Proxy ќе му бидам многу благодарен.

Исто така House of five leaves дали вреди да се гледа ?
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Samurai Champloo :eek:jea: Дали се само 26 епизоди од серијава ? или тоа е само 1 сезона ? и да предложевте некоја слична на серијава ? :smir:
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Исто така House of five leaves дали вреди да се гледа ?
Многу добар е House of Five Leaves, само 12 епизоди е, приказната е добра, и не се влече, секоја епизода е интересна. Главниот лик е направен малку меланхоличен и малку смотан(на прв поглед), ама многу вешт со меч. Не е само самурајски епик, има добро разработена приказна и back story на карактерите, нема ни еден карактер што ќе ти се чини дека е вишок.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Ми го дае другар Блич, до 270 та епизода, да завршам се што имам филмови па почнувам со ова, му се мерачам уште одамна.:)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ми го дае другар Блич, до 270 та епизода, да завршам се што имам филмови па почнувам со ова, му се мерачам уште одамна.:)
Уф со среќа, анимето е направено партал од филери. Првите 80 епизоди те првиот major arc е супер направен, после прават една филер сезона (пази на зборот СЕЗОНА) па една сезона(20-30 епизоди) според мангата. Ќе се нагледаш доста филери. Приказната според мангата е многу добра, ми се свиѓа, класичен шонен стил е направена.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Фала на сите за препораките.
Уште од првата епизода на House of Five Leaves се гледа дека е одлично аниме.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Dancing Sushi - западна нејапонска серија правена во јапонски стил од 25+2 кратки епизоди од по една и пол минута.
Официјално пуштени и на јутуб.

не се точни :icon_lol:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
^Премногу рандом и премногу неинтересно.

Океј,во последниов период го следам Black Jack.Кој сака медицински трилери џоа доктор Хаус ќе го засака и ова.

Од манга:
-Shigurui
-Shingeki no Kyojin(за ова дело кај и да е ќе поставам една интересна рецензија)
-Dorohedoro
-Vagabond
 
B

Blacks

Гостин
Здраво на сите .. Во план ми е да започнам аниме веб сајт кој ќе се состои од аниме серијали преведени на македонски и манги исто така на македонски, се со цел да се популаризира овој жанр кај нас пошто навистина вреди. Еден од поголемите "пред-продукциски" проблеми ми е да ги најдам серијалите но без никаков превод затоа што оние серии кои ги има низ торентите обично се hard subbed.
Значи знае ли некој од каде можам да слегнам RAW (без subtitles) аниме серии? Или пак некој ако има нека пише овде да се договориме некако. Веќе почнав да ги преведувам Basilisk (едвај ги најдов). Според плановите сајтот ќе биде пуштен за месец, два во однос од тоа колку ќе можам да сработам зашто не сакам сајтот да биде празен кога ќе биде пуштен.

Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom