Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Најлошо светско првенство до сега шо го имам гледано...какви срање утакмици, никаква игра, неефикасност, како да не им се игра... :nesvest:
Очекував денеска Словаците лесно да победат со голови, они ја продужуват традицијата на нивните колеги од претходните утакмици (со исклучок на Германците)...ајде бе после конечно да изгледам една саглм утакмица...ајде Слонови, Португалци и Бразилци од вас очекувам повише голови и фудбал за око!
 
Кога гледам какви шупаци има на светсково криво ми е за Македонија што не се квалификува зашто се кладам сме подобри од многу протнати тука...иначе вечер типувам на Португалија (X-2) :)
 
Ми се сере од стручњациве на МТВ. Каков кикс залупа сега...
За Доменех вика ова му е четврти мечл на светските првенства (значи збори за мечот со Уругвај) и вика и четврти меч без победа. Абе патореееее, па кој ја донесе Франција до финалето....
 
за денес играв
словачка x-2
португалија x-2
Бразил 4+

за 50ден.:vozbud:

Секој ден ги играм сите три утакмици полувреме-крај..пробајте за 50ден. може да ви се посреки како што ми се посреки кога играше Германија :D

--- надополнето ---

свашта..:)
 
Најлошо светско првенство до сега шо го имам гледано...какви срање утакмици, никаква игра, неефикасност, како да не им се игра... :nesvest:

+1

wananbe mourinho менаџери/екипи...вувузели, тапа фудбал...следно?
 
Joш једна у низу...
Кога конечно ќе видиме интересен натпревар?
 
Брегот на Слоновата Коска - Португалија

Вести:

Тренерот на Брегот на Слоновата Коска, Свен Горан Ериксон треба да одлучи дали да ризикува со капитенот Дидие Дрогба, кој исчаши коска на раката на 4 јуни. ФИФА му дозволи на Дрогба да игра со заштитна шина денес. Сепак, ако Дрогба не се појави на теренот тој ќе биде заменет од Сејду Думбија, кој ќе биде партнер во нападот на Саломон Калу.
Дефанзивниот халф на Португалија Пепе се врати по сериозната повреда во коленото против Мозамбик минатата недела. Тој, сепак, ќе стартува од клупата.
Шимао објави сам дека е подготвен за игра и ќе биде во првиот тим по отсуството на Нани поради повреда.

Состави

Брегот на Слоновата Коска (4-4-2, можеби)
Бари - Ебуе, Туре К., Демел, Тиене - Тиоте, Зокора, Ј. Туре, Диндане - Дрогба, Калу

Португалија (4-2-3-1, можеби)
Едуардо - Фереира, Алвес, Карваљо, Коентрао - Мендеш, Меирејеш - Роналдо, Деко, Симао - Лиедсон

Инфо

Португалија не е поразена веќе 20 месеци и е на третото место на ранг-листата на ФИФА. Но, тоа личи малку на популарното «Има: лаги, проклети лаги и статистика», бидејќи во пракса бројките го прикриваат неоспорно фактот дека тимот на Карлуш Кеирош едноставно се наоѓа во посредствен период. Најголема заслуга за тоа посредствено претставување имаат неоспорно личните докажување на Кристијано Роналдо. Најскапиот фудбалер во светот не даде ниту еден гол во квалификаициите и не се запишал како стрелец за Португалија од Февруари 2009 година.
РЕмито без голови со Капе Верде додаде аргументи кон мислењето дека Португалија е тим во стареење , кој ги поминал добрите денови, но ако Роналдо е во форма, тогаш тимот може да го тепа секого. Внимание привлекува и заминувањето од составот на Нани, кој рече при пристигнувањето во Лисабон: «До недела ќе бидам излечен».
Тоа што во два последователни турнири спаѓа во групата на смртта не е толку голем проблем за Брегот на Слоновата Коска, колку повредата на ѕвездата Дидие Дрогба. Новиот тренер Ериксон немаше многу време да работи со составот, а она што се случило со Дрогба дополнително му ги побрка плановите.
Тимот на слоновите, сепак е полн со ѕвезди, но му недостасува тимски дух и неслучајно е обвинет дека повеќето играчи мислат само за своите клубови. Ова го покажуваат и резултатите во последно време. Ериксон реално имаше многу материјал да состави тим, но малку време, што може да биде пресудно. За оние кои бараат факт од судбината треба да се одбележи дека Ериксон беше на чело на Англија, кога тимот два пати беше елиминиран од Португалија по пенали - Евро 2004 и Мундиал 2006.

Факти

Еден против друг
Двата тима не се среќавале досега.

Брегот на Слоновата Коска
- Во претходното учество на светско слоновите примија по два гола во секој од трите натпревари во групата.
- Само резервниот голман Даниел Јебоа игра во клуб од земјата.

Португалија
- Португалија никогаш не одиграла нерешено во група на светско првенство. Тимот има 8 победи и 4 загуби.
- За време на квалификациите Кристијано Роналдо не даде ниту еден гол во седумте свои настапи.
- Португалија загуби за последен пат во ноември 2008 година, кога беше разбиена со 2-6 од Бразил.

Судии

Главен: Хорхе Ларионда (Уругвај)
Странични: Пабло Фандино и Маурисио Еспиноса (Уругвај)

Анализа на пазарот
Мала е предноста на Брегот на Слоновата Коска во очекувањата на букмејкерите пред Португалија, но општо може да се каже дека не се очекува Икс. Ова веднаш не наведнува на идејата дека кој даде гол прв можеби ќе победи, а тоа звучи логично. Под и над 2.5 гола се повторно безинтересни и генерално не вреди ниту обложувањето да се бара оувер, ниту да се прогонува трендот за андер, која донесе многу досега на оние кои слепо ја следат. Големата интрига во Азија е Брегот на Слоновата Коска +0.25, поттикнувајќи ги букмејкерите таму да се внимателни. Засега, сепак, ризикот е на Португалија -0.25 што звучи многу добро како перспектива за нив.

Препорачани Влогови
Мал залог на Брегот на Слоновата Коска изгледа логичен избор, но не ви советувам да го правите. Португалија не е Србија и нема така лесно да се предаде. Според мене, сепак тука треба да се бара само еден залог - Кристијано Роналдо да внесе. Време е веќе. Впрочем Бет-ет-Хоум дава интересна опција.

И така:

Кристијано Роналдо да даде гол (2.50) - 4 единици
Португалија да победи барем едно полувреме (1.57) - 8 единици
 
Значи овие идиотиве во студио,врска немаат.Им пишале на лист што да прочитаат..и тие цепаат.
За Дрогба,Дрога,Дробга,милион имиња кажаав.
За Бахраин,пред некој ден,Бархаин,Бархакин..
Не можам да ги смислам.Овие гарант временска прогноза имаат водено,и сеа од немање на луѓе ги закачиле овде..
 
Плачковци :)

Да, факт е дека нема ни еден јак меч до сеа, ама верувајте веќе во второто коло ќе гледаме многу добар фудбал :)

--- надополнето ---

Значи овие идиотиве во студио,врска немаат.Им пишале на лист што да прочитаат..и тие цепаат.
За Дрогба,Дрога,Дробга,милион имиња кажаав.
За Бахраин,пред некој ден,Бархаин,Бархакин..
Не можам да ги смислам.Овие гарант временска прогноза имаат водено,и сеа од немање на луѓе ги закачиле овде..
Да водиш емисија за фудбал, а да не го знаеш Дрогба треба доброволно да го напуштиш студиото.
 
Незнаев кај да го поставам прашањево пошто е малку оф топик, па се решив да го акнам овде. Да не знае некој како се вика таа песната што секогаш се пушта на почеток на секој меч. Значи не само на светсково туку и на сите мечеви низ квалификациите и европските купови, па ја имам слушано и на почетоците на утакмици од македонско првенство:) Ај ако знае некој за што зборам нека ми помогне да ја најдам:smir:
 
Незнаев кај да го поставам прашањево пошто е малку оф топик, па се решив да го акнам овде. Да не знае некој како се вика таа песната што секогаш се пушта на почеток на секој меч. Значи не само на светсково туку и на сите мечеви низ квалификациите и европските купови, па ја имам слушано и на почетоците на утакмици од македонско првенство:) Ај ако знае некој за што зборам нека ми помогне да ја најдам:smir:


Оваа?
 
+1

wananbe mourinho менаџери/екипи...вувузели, тапа фудбал...следно?

Добар фудбал очекувајте од Германија,Шпанија,Аргентина,Бразил и Англија.Другото гола вода.
И тоа како се слагам и со двајцата.
 
Значи не е можно ова 20+ минути немаше шут упатено :nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom