Брегот на Слоновата Коска - Португалија
Вести:
Тренерот на Брегот на Слоновата Коска, Свен Горан Ериксон треба да одлучи дали да ризикува со капитенот Дидие Дрогба, кој исчаши коска на раката на 4 јуни. ФИФА му дозволи на Дрогба да игра со заштитна шина денес. Сепак, ако Дрогба не се појави на теренот тој ќе биде заменет од Сејду Думбија, кој ќе биде партнер во нападот на Саломон Калу.
Дефанзивниот халф на Португалија Пепе се врати по сериозната повреда во коленото против Мозамбик минатата недела. Тој, сепак, ќе стартува од клупата.
Шимао објави сам дека е подготвен за игра и ќе биде во првиот тим по отсуството на Нани поради повреда.
Состави
Брегот на Слоновата Коска (4-4-2, можеби)
Бари - Ебуе, Туре К., Демел, Тиене - Тиоте, Зокора, Ј. Туре, Диндане - Дрогба, Калу
Португалија (4-2-3-1, можеби)
Едуардо - Фереира, Алвес, Карваљо, Коентрао - Мендеш, Меирејеш - Роналдо, Деко, Симао - Лиедсон
Инфо
Португалија не е поразена веќе 20 месеци и е на третото место на ранг-листата на ФИФА. Но, тоа личи малку на популарното «Има: лаги, проклети лаги и статистика», бидејќи во пракса бројките го прикриваат неоспорно фактот дека тимот на Карлуш Кеирош едноставно се наоѓа во посредствен период. Најголема заслуга за тоа посредствено претставување имаат неоспорно личните докажување на Кристијано Роналдо. Најскапиот фудбалер во светот не даде ниту еден гол во квалификаициите и не се запишал како стрелец за Португалија од Февруари 2009 година.
РЕмито без голови со Капе Верде додаде аргументи кон мислењето дека Португалија е тим во стареење , кој ги поминал добрите денови, но ако Роналдо е во форма, тогаш тимот може да го тепа секого. Внимание привлекува и заминувањето од составот на Нани, кој рече при пристигнувањето во Лисабон: «До недела ќе бидам излечен».
Тоа што во два последователни турнири спаѓа во групата на смртта не е толку голем проблем за Брегот на Слоновата Коска, колку повредата на ѕвездата Дидие Дрогба. Новиот тренер Ериксон немаше многу време да работи со составот, а она што се случило со Дрогба дополнително му ги побрка плановите.
Тимот на слоновите, сепак е полн со ѕвезди, но му недостасува тимски дух и неслучајно е обвинет дека повеќето играчи мислат само за своите клубови. Ова го покажуваат и резултатите во последно време. Ериксон реално имаше многу материјал да состави тим, но малку време, што може да биде пресудно. За оние кои бараат факт од судбината треба да се одбележи дека Ериксон беше на чело на Англија, кога тимот два пати беше елиминиран од Португалија по пенали - Евро 2004 и Мундиал 2006.
Факти
Еден против друг
Двата тима не се среќавале досега.
Брегот на Слоновата Коска
- Во претходното учество на светско слоновите примија по два гола во секој од трите натпревари во групата.
- Само резервниот голман Даниел Јебоа игра во клуб од земјата.
Португалија
- Португалија никогаш не одиграла нерешено во група на светско првенство. Тимот има 8 победи и 4 загуби.
- За време на квалификациите Кристијано Роналдо не даде ниту еден гол во седумте свои настапи.
- Португалија загуби за последен пат во ноември 2008 година, кога беше разбиена со 2-6 од Бразил.
Судии
Главен: Хорхе Ларионда (Уругвај)
Странични: Пабло Фандино и Маурисио Еспиноса (Уругвај)
Анализа на пазарот
Мала е предноста на Брегот на Слоновата Коска во очекувањата на букмејкерите пред Португалија, но општо може да се каже дека не се очекува Икс. Ова веднаш не наведнува на идејата дека кој даде гол прв можеби ќе победи, а тоа звучи логично. Под и над 2.5 гола се повторно безинтересни и генерално не вреди ниту обложувањето да се бара оувер, ниту да се прогонува трендот за андер, која донесе многу досега на оние кои слепо ја следат. Големата интрига во Азија е Брегот на Слоновата Коска +0.25, поттикнувајќи ги букмејкерите таму да се внимателни. Засега, сепак, ризикот е на Португалија -0.25 што звучи многу добро како перспектива за нив.
Препорачани Влогови
Мал залог на Брегот на Слоновата Коска изгледа логичен избор, но не ви советувам да го правите. Португалија не е Србија и нема така лесно да се предаде. Според мене, сепак тука треба да се бара само еден залог - Кристијано Роналдо да внесе. Време е веќе. Впрочем Бет-ет-Хоум дава интересна опција.
И така:
Кристијано Роналдо да даде гол (2.50) - 4 единици
Португалија да победи барем едно полувреме (1.57) - 8 единици