Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Ај набрзина слики од стадиониоте на кои ќе се играт наптеварите и кои натпревари ќе се играат на кој стадион.
 
Немам некој посебен фаворит сега , за некоја недела ќе одлучам.

Шпанија има најјак состав и мислам дека има најголеми шанси за освојување на првенството.

Германија може и да изненади ама и да разочара. Млад тим , се е можно. Се зависи од менталитетот во овој случај.

Англија мислам дека конечно ќе отиде далеку , а и не и ги ислкучувам можностите за освојување на првенството.

Аргентина со селекторот , ништо чудно и по групи да отпадне , мислам дека до нигде нема да стигнат.

Бразил , ослабнат ми се чини во последно време , многу тешко дека ќе бидат најдобри.

Италија нема никакви шанси да ја одбрани титулата. Ништо не очекувам од нив. Ќе ги поминат групите , ама за повеќе не знам.

Португалија има добар тим , ама не доволно.

Холандија , супер тим , ама никако да дојдат до израз. Се надевам дека сега ќе биде обратно.

Овие репрезентации погоре што ги опишав накратко , мислам дека се најдобрите на првенството.
 
Аргентина со Гутјерез од Њукасл и пензионерот Верон ги сметаат за фаворити на овој шампионат. Коефициент 9 :tapp::tapp:
 
Како што е ред, да си пишам почетно мислење за СП :)

Значи омилени репрезентации ми се Шпанија и Бразил, а ќе се навива и за Србија, сепак братски народ сме после се.

Шпанциве и Бразилциве се и на хартија едни од фаворитите.

Шпанија има пред се фантастичен тренер, класа играчи, тимска игра... се што е потребно. Го докажаа тоа на ЕП 2008, и со неверојатната серија победи. Лани на Купот на Конфедерации се лизнаа но мислам дека сега тешко такво нешто да им се случи.

Бразил го има Дунга, кој успеа да склопи тим кој нема ѕвезда на секоја позиција но кој функционира одлично. Навивам за нив, но не знам дали можат да догураат до полуфинале на пример....

Србиве исто имаат тренер кој ги прероди. Имаат генерација на играчи кои играат во силни лиги, имаат врвен играч скоро за секоја позиција. Мислам дека тие ќе бидат тимот кој ќе биде „изненадување“ на СП.

Толку за сеа....:tv:
 
У маало пуштија некој муабет дека Марадона го вратил Ортега за Светсково. :tv:
 
У маало пуштија некој муабет дека Марадона го вратил Ортега за Светсково. :tv:

Повикан е за пријателската што ќе се одигра со Хаити следната недела:vozbud:
 
Мои фаворите се Бразилцине....се надевам дека ќе ја освојат покрај јаката конкуренција:Шпанија,Холандија,Германија,Англија...па може и Аргентина....
 
Да се надоврзам на претходниот мој пост....

Тие ми се фаворити, а Италија ми е антифаворит. Од кога глеам фудбал не ми се допаѓале, а особено ги замрзев по СП 2006.
Мислам и дека немаат некој сјајна репрезентација за висок дострел... не дека во 2006 ја имаа, ама нема да има дежа ву.

И Аргентинциве никогаш не сум ги сакал, ама сега имаат невиден состав. Најслаба точка им е Марадона, можда и голманската позиција.
Го имаат најдобриот напад дефинитивно... Меси, Игуаин, Милито, Агуеро, Тевез.... овие заедно имаат постигнато можеби преку 100 гола сезонава.
Но Марадона ќе ги викне Палермо, Верон, Ортега и после..... круши. :)
 
Ма каква Аргентина....еве зошто ќе доживеат неуспех....
Имаат тренер дрогираш...кој неможе да води една репрезентација.....човекот не е пример ниту бил пример за младиве фудбалери.....и за крај незнае да скрои асолен состав....како што рече Ел Нињо ќе ги повика некои безвеза играчи и ништо....
 
Аргентина не ми се верува дека ќе ја помине групата , но ајде да почекаме , да не им ги одземаме шансите :)
 
Тој Палермо што го зборите,го повика еднаш и ги извади против Перу во 90 минута.
Зошто да не испробува на пријателски,мора ли секогаш со најсилен состав?
А и немаат поасален плејмејкер од Верон,факт!
 
Тој Палермо што го зборите,го повика еднаш и ги извади против Перу во 90 минута.
Тоа беше апла наместена утакмица , Перу несакајќи израмна во 89 минута , па потоа имаше продолжение додека Аргентина не даде гол ... :tv:
 
Би сакал првенството да го освои еден од Англија, поради поголем број играчи од Манчестер Јунајтед, Португалија, заради Кристијано Роналдо и Шпанија, поради стилот на игра кој го играат.
Се на се, мислам дека ќе биде супер интересно првенство, а голем плус е и наградата за најдобро прославен гол.

:vozbuda:
 
Да бе види
Наместено:tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom