"Преродени" една третина трговци

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Голем дел од трговците на мало ги затвориле своите бизниси, а останатите се во криза, вели Азески. Тој најави дека бизнис секторот веќе работи на стратегијата за помош на малите бизниси и нивно извозно насочочување.

- Се надевам дека до почетокот на јуни месец тоа ќе го објавиме и ќе објавиме една стартегија за извозот и за оние дејности за кои што знаете, не успеавме да ја убедиме Владата да помогне во санација на нивната состојба. Имаме 9 илјади членки, а 2 до 3 илјади веќе ги затворија своите дејности и излегоа од СК - вели Азески.

Економската криза тешко ја погоди трговијата на мало. Се послабата побарувачка на купувачите, зголемената понуда на пазарот и се поголемите финансиски трошоци ја отежнуваат егзистенцијата на трговците.

Куповната моќ на населението е намалена, граѓаните претежно купуваат храна, која им е неопходна. Облеката е ставена на листа за чекање, само за некои посебни прилики.

Според статистика, остварениот промет на малите трговци лани е за 5% помал во однос на 2008-та. Во периодот од октомври до декември минатата година трговијата на мало опаднала за 2,7 отсто во споредба со истиот период 2008. Граѓаните претежно купувале во готово.

Извор
 
Нема врска ова, нели излеговме од рецесијата? :pos2:
 
Ова се однесува конкретно за Скопје јас мислам дека станува збор за алоцирање на капиталот бидејќи предвидувањата се тие,а трошоците за работење и давачките се сепак високи....така да логична е ликвидацијата на фирмите а капиталот е тука и чека подобри времиња..ајде после дожд велат сонце грее...да се надеваме дека е така(и покрај обилните врнежи и поплави:)),но треба да ја земеме предвид и сивата економија која според проценките е најмалку 30% од БДП а максимумот оди и до 45%..ама ај оптимистичката да ја земеме...еве нека би 30%...сепак е ПРЕМНОГУ во споредба со други земји.


 
Трговците на мало пополека изумираат зошто скоро во секоја населба се отвораат се повеќе и повеќе супермаркети и хипермаркети како: „Веро“, „Тинекс“, „Тедико“, „СП Маркети“, а наскоро ќе почнат со отварање маркети во Скопје и словенечки „Туш“, а „Туш“ има отворено маркети во Штип, Велес, како и во Куманово.Меркатор исто така се очекува да влезе на македонскиот пазар од 2011/2012.Хрватски „Конзум“ на македонскиот пазар не влегува со супермаркети но затоа пак е влезен како откупец на раноградинарски производи.
И што е предноста тука; предноста е дека во овие супер и хипер маркети граѓаните имаат поголем избор на продукти а и поевтини се од трговците на мало.И ситуацијата е ваква каква што е уште пред да почне економската криза; економската криза нема никаква врска со ова.Виновна е конкуренцијата.

Голем дел од трговците на мало ги затвориле своите бизниси, а останатите се во криза, вели Азески. Тој најави дека бизнис секторот веќе работи на стратегијата за помош на малите бизниси и нивно извозно насочочување.
WTF?Нивно извозно насочување од Скопје кон останатите градови во државава да, но надвор од државата овие мали трговци немаат шанси.
Прво нека се сконцентрираат на тоа да ги развијат; од мали да станат гиганти, па за извоз отом-потом.
 
Македонија доживува и преживува економска криза долг период. И тоа не само од осамостојувањето. Всушност и во 80-тите години состојбите во стопанството не биле весели, а потоа само се комплицирале. Така што, во наредниот период треба да се случи вистинско чудо за да се оправат работите. можеби и ќе се средат, ама по неколку децении, на пример. Не верувам дека ваква општествено - економска и морална криза може да се ликвидира само во неколку чекори.
А сивата економија е само показател за нереалната економска политика на власта (на било која власт до сега), за неспособноста за лоцирање на корените на проблемот или на немањето желба да се направи тоа, сеедно. И покрај нечија неспособност, народот мора да живее некако.
Малите трговци, ситните производители и земјоделците само ги следат законитостите на пазарот, не можат да ги диктираат. Во некоја рака, сивата економија кај нас стана катализатор за да не дојде до големи општествени безредија и потреси.
Лошо стојат работиве...
Македонија треба (мора) да е способна да ги заштити своите трговци, своето производство (стопанството, земјоделството) и да не дозволи да биде преплавена од од туѓи производи, од туѓи економии кои ќе профитираат тука се додека целосно не осиромашат.
 
Владата мора, во дел од секунда да реагира на ваквите промени ,како пилот на авион кој ниско лета... а не да се однесува како трапав мајмун и да си ја теши душата со некакви ирационални потези кои....демек го поддржуваат малиот бизнис..., а всушност се негово гушење...
..не смее заради комоцијата со цедење на пари за фиктивни непродуктивни работи...високи фирмарини, телевизарини, казнување за се и сешто, при што тоа казната да има само една цел ДА СЕ ЗЕМЕ ПАРА...итн.итн.
Мора да се најде начин како инкорпорираниот микро бизнис..небитно во која форма ТП, ДОО,ДООЕЛ со до неколку 1-5 вработени да опстане...
....недопустливо е и тие луѓе кои имале иницијатива и се бореле за својата егзистенција....да отидат во невработените.....
Сивата економија МОРА да се искорени....., но не со казнувања, ами со стварање услови на сивоекономистот да не му се исплати да биде СИВ.
Не смее ДРЧНО, заради комоција на одтуѓените однародени локални и државни деспоти...парите однапред да се земаат од оној кој се поти да ги створи.
Никој не јаде пари, туку ги штеди или троши, а при тоа плаќа данок...ДДВ пред се , како главен извор на пари во Буџет....кој мора да биде колку ни е чергата , а не колку некој мисли дека му треба....
 
400.000.000 (да милиони) евра заробен капитал во државни обврзници, ова е износот кој банките наместо во економијата го вбризгуваат во НБМ

100.000.000 евра седат заробени во активирани хипотеки кој не можат да се реализираат.

100.000 Македонци ја напуштиле земјата по визната либерализација, 100.000 помалку купувачи сега или 100.000 повеке печалбари утр.
 
Поарно 100 000 печалбари отколку 100 000 БОТОВИ кои ќе работат кај некој посерко за 100 евра.

И на крај краеви одговара....намалува понуда на труд со што автоматски неговата вредност се зголемува.

400.000.000 (да милиони) евра заробен капитал во државни обврзници, ова е износот кој банките наместо во економијата го вбризгуваат во НБМ

Епа тоа зависи од банките...и логично е чунки со триста давачки и пад на индустријата во прашање е способноста на фирмите за враќање на кредитите....така да правилен потег е..чунки банките имаат штедачи...а они очекуваат камата.

И ако банката не може преку кредитирање на фантомски фирми или фирми со долг до гуша...тогаш мора на друг начин.
 
Ве читам и ви се чудам. Само бла бла муабети, тролување без веза. Покрај економската криза и кај нас дојдоа глобалните проблеми и тоа е главната причина за затварањето на многу трговски фирми, ништо друго. Малите трговци се притиснати од големите ланци кои порано ги немаше кај нас (прост пример Веро, Тинекс, Тедико за прехранбено, кои во почетокот на 90-тите па и крајот ги немаше кај нас или не беа гиганти како денес) Во Европа таа болест е прележана и малите знаат дека неможе да се живее покрај супермаркет до тебе и се преориентираа и живеат некако. Кај нас значи малите трговци не иновираат не ги претат трендовите не исполнуваат стандарди - пропаѓаат. Не мешете влади мади овде барем. Ме мрзи да пишувам реферати да објаснам целосно за овој проблем.
 

100.000 Македонци ја напуштиле земјата по визната либерализација, 100.000 помалку купувачи сега или 100.000 повеке печалбари утр.

Ти ова сериозно? Дај од кај го ископа ова, да видиме и ние? Само сакам веродостоен извор...
 
1.канал 5

2.дневник

3.дневник

прогуглај

Знаеш дека си во право? Само знаеш дека си исто како политичарине? Кажуваш бројки и факти што ти одговараат во дискусијата... ајде сеа јас да ти кажам како е:

100.000 Македонци ја напуштила земјава по визната либерализација(ТОЧНО)
90.000 Македонци ја напуштиле земјава истото време лани(Ова не го кажа)

И за крај, што е битно колку луѓе ја напуштиле Македонија кога тие МОРА да се вратат и пак да трошат НО ПОВЕЌЕ(зашто според тебе биле печалбари, па спечаленото таму ќе го потрошат кај нас)???
 
Знаеш дека си во право? Само знаеш дека си исто како политичарине? Кажуваш бројки и факти што ти одговараат во дискусијата... ајде сеа јас да ти кажам како е:

100.000 Македонци ја напуштила земјава по визната либерализација(ТОЧНО)
90.000 Македонци ја напуштиле земјава истото време лани(Ова не го кажа)

И за крај, што е битно колку луѓе ја напуштиле Македонија кога тие МОРА да се вратат и пак да трошат НО ПОВЕЌЕ(зашто според тебе биле печалбари, па спечаленото таму ќе го потрошат кај нас)???

уште пострашно значи..200.000 биле?

1.страшно ке биде на кус рок, бидејки пазарот ке остане без голема бројка на потрошувачи (па и минимални биле, пак трошеле за леб)

2.ефектите од нивната печалба ке бидат видливи на долг рок, но сега за сега тоа е

уште ги немаме бројките за одливот во стари странски возила
 
уште пострашно значи..200.000 биле?

1.страшно ке биде на кус рок, бидејки пазарот ке остане без голема бројка на потрошувачи (па и минимални биле, пак трошеле за леб)

2.ефектите од нивната печалба ке бидат видливи на долг рок, но сега за сега тоа е

уште ги немаме бројките за одливот во стари странски возила

Кои 200 000??? Тие што си заминале се вратиле... алооо ... не смеат да останат подолго од 3 месеци надвор од Македонија....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom