- Член од
- 23 октомври 2010
- Мислења
- 243
- Поени од реакции
- 86
Ошо за мене претставува мудар, просветлен човек. Сум слушала некои негови говори на јутјуб, каде што се гледа неговата духовна развиеност. Ме натера да размислувам за работите кои тој веќе ги сфатил на некој негов начин, како на пример врските меѓу Господ, совршенството и настанокот на светот. Книгата за жената ја имам прочитано, и таму има некои мислења со кои би се согласила, но сепак наоѓам некои размислувања за кои можеби е се’ уште не сум зрела за да ги сфатам. Но секогаш кога одново ќе почнам да читам негово дело, е нова приказна, нови размислувања, и нови увиди.