Намалена партиципацијата за студирање

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Не е право. Аман не живеете во социјализам.
Да те прашам колку годинки имаш? Ова беше сериозно прашање... Се кладам дека немаш повеќе од 9 години, зашто во 5 одделени се изучува предмет Граѓанска култура во кои се учат основните човекови права и слободи...
Иначе живееш во Македонија, држава која има свој Устав... е ако не знаеш што е устав стварно немам време да ти објаснувам.. али доколку знаеш еве едно извадоче од тој Устав:

II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

Член 44

Секој има право на образование.

Образованието е достапно на секого под еднакви услови.



:salut:

Што се однесува до оцените, јас завршив во Корчагин, ако некаде е тешко.. :) Тој не да не бил 5.0, него не бил ни одличен во просек... ама ај да не навлегуваме подлабоко, негова работа...
Не бев ни јас одличен во просек, па се запишав на економски, и исчистив прв семестар, значи на секој треба да му се даде шанса да проба:smir:
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Не умри магаре на зелена трева.
Што ако е намалена партиципацијата кога квотите за студирање остануваат исти?
Значи нема да студираат повеќе студенти, туку ист број на студенти ќе студираат поевтино. Со други зборови во цела Македонија имаме ист број на студенти со повеќе пари во џеб запишани на факултети со помалку пари на сметка.

Поради едноставност да речеме дека на општествените факултети тоа ќе влијае на платите на професорите (иако не е баш така). А што станува со техничките и природните науки? Од каде пари за нови компјутери на ФЕИТ? Од каде пари за препарати за лабораториски вежби на медицински? Студентите ќе треба да седат во дрвена клупа и да замислуваат наука?

Нека го направат студирањето и 0 денари, но со целосен концепт за како тоа да се изведе. Има држави со „бесплатно“ образование, ама имаат и данок од 40% или факултетот е изграден на нафтено поле па може да се финансира.
 
E

emission

Гостин
Не ми е јасно дали по нарачка пишуваат оние што се против намалување на партиципација. Во спротивен случај доколку навистина така мисли некој тоа би било идиотизам. Абе да речат дека од утре дека ќе се намали цената на водата, се кладам дека ќе читам коментари дека и тоа би било лош потег , демек би се намалил квалитетот на услугите така. Никако не може да се погоди. За инает на тие што пишуваат дека сакаат да плаќаат поскапо - браво за ваквата одлука. :tv: Конечно и децата кои се од финансиски слаби фамилии ќе видат искра надеж за подобра иднина .
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Не ми е јасно дали по нарачка пишуваат оние што се против намалување на партиципација. Во спротивен случај доколку навистина така мисли некој тоа би било идиотизам. Абе да речат дека од утре дека ќе се намали цената на водата, се кладам дека ќе читам коментари дека и тоа би било лош потег , демек би се намалил квалитетот на услугите така. Никако не може да се погоди. За инает на тие што пишуваат дека сакаат да плаќаат поскапо - браво за ваквата одлука. :tv: Конечно и децата кои се од финансиски слаби фамилии ќе видат искра надеж за подобра иднина .
За жал така е. Ако значително ја намалиш цената на водата, значително ќе го намалиш и нејзиниот квалитет.
Уствари кај ја зема па и ти водата за пример. Пола град наместо од чешма плаќа пари да пие Горска од пластично шише :)
 
E

emission

Гостин
Избери си било што. Може да плаќаш поскапа струја, поскап мобилен, поскап интернет, само за да не убедиш дека е лошо да се намалува цената за студирање. Како портпароли скокнавте за професорите немој кутрите случајно да им се намалеле платите иако тоа никаде не беше спомнато. :toe:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
иии мангуп алал да ти е си ги заебал ... :tapp:
напрајте си муабет на мсн .. не ја тупете со офтопици тука ..

Он:
Намалена партиципација ... супер ... барем тие шо се послаби финансиски а имаат желба и знаење ќе можат да си дозволат ...

прашање до мрчаторите ... и мамините галеничиња кои денар у животот немаат заработено и на кои се мама и тато им плаќа ...
Подобро ќе беше да ја зголемеа партиципацијата? од 1200 на 2000 на пример?
Тебе да ти се смее некој што го познаваш долго време дека си се отпишал во прв семестар од факултет па да видиш како одеднаш менуваш мислење за луѓе.:tapp:
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Избери си било што. Може да плаќаш поскапа струја, поскап мобилен, поскап интернет, само за да не убедиш дека е лошо да се намалува цената за студирање. Како портпароли скокнавте за професорите немој кутрите случајно да им се намалеле платите иако тоа никаде не беше спомнато. :toe:
Никој не рече дека е лошо да се намалува цената на било што, само мора да се има концепт. Платите на професорите што ги спомнуваш се се најмал проблем и еве ќе ти го прикажам тоа со едноставни бројки.

- На медицински факултет партиципацијата била 1200 евра, сега е 400 евра. Тоа е 3 пати помалку.
- Ако професорската плата била 100 000 денари, сега ќе биде 33 000 денари. Тоа е 3 пати помалку.

И мене ако ме прашаш до тука ми е се рамно. Но...

- Ако во препарати за вежби се вложувало 3000 евра, сега ќе се вложува 1000 евра. Тоа е 3 пати помалку.
- Ако годишно се купувале 30 нови компјутери, сега ќе се купуваат 10.
- Ако се трошеле 1000 евра на книги за библиотека, сега ќе се трошат 333.
- И сметките за струја, вода и сл. ќе треба да се намалат за 3 пати.
итн.
итн.
итн.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
смрди на избори оуу шифша нон'н!! :|
Ооу колку си во право за ова!!!
Да се разбереме не сум против одлукава едвај ја дочекав,штанцаа цени до плафони па уште правен приватна квота ја направија 800 евра мајке му како за хирурзи да не спремаат.
Друго ми боде очи,ова можеа до сега да го направат сто пати,ама кога се бореа други студентски здруженија надовор од официјален УКИМ одма искачаа од Влада и викаа абе они се партиски определени.А сега УКИМ побара другиот ден одма се усвои одлуката.
А истиот овој претседател ни наш студентски лани на национална телевизија изјави дека образованието не било за секого ќе студирал тој што имал пари тој што немал не морало.:nesvest:ЕХее лицемерие до немајкаде.
Не се секирајте,имаме доволно работници за да се покрие потребата од трудова сила во било кој сектор ,само нека има работа колку што треба ...ама никако не треба да му се одземе шансата на интелигентен човек да заврши факултет.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
прво честитки до сите кои сте на државните факултети што фаќате попуст.. искрено честитки потово до оние кој се на електро.. си знаат зашто :)

друго.. абе македонче бе прост народ... читам постови им пречи шо ке се намали цената на срудирањето... да даде господ да му умре кравата на комшијата работава... не не.. стварно неможам да си објаснам што има лошо во тоа... ем намалуваат цени им не ви одговара на поединци.. шо сакате? да ги зголемат цените? ако сакате да плаќате повеќе паднете година две или идете на приватен и таман ке сте..

Аххх кога би намалиле и на приватниве.. и ја би се израдувал богами.. 2000 евра година се мнооогу пари! П.С еј стварно бе... има ли некаква шанса да се ургира за намалување на цената за студирање на привативе факултети или слабо... знам сепак с еприватни али ако има некоја капка надеж барем пишете кажете.. дајте некоја идеа....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Дали некој знае, пошто не можев конкретно да најдам...
Ме интересира дали студент кој запишува втора или трета ќе плаќа помалку и конкретно на економски оние што плаќале досега по 600 евра колку сега ќе плаќаат.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Дали некој знае, пошто не можев конкретно да најдам...
Ме интересира дали студент кој запишува втора или трета ќе плаќа помалку и конкретно на економски оние што плаќале досега по 600 евра колку сега ќе плаќаат.
Сите тоа се прашуваат...
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Дали некој знае, пошто не можев конкретно да најдам...
Ме интересира дали студент кој запишува втора или трета ќе плаќа помалку и конкретно на економски оние што плаќале досега по 600 евра колку сега ќе плаќаат.
По веснициве пишува дека новата партиципација важи само за новите генерации, односно оние кои од септември првпат почнуваат прва година.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Штета, ова ќе беше прилично олеснување за сите студенти, односно нивните родители. Би требало сите студенти да се еднакви за време на студирањето али ако е вака мислам дека и овде ќе згрешат како што згрешија со слободните во средно.
Еве тоа што во денешен весник стои е она што Никола.б го спомна.
И споредба со другите држави
На факултетите во земјава студираат околу 40.000 студенти, а одлуката за намалувањето на школарините ќе се применува само за новата генерација бруцоши што ќе стартува од следната учебна година. Веќе запишаните студенти ќе продолжат да го плаќаат школувањето како и досега, се' до неговото завршување. Македонија, досега, беше една од земјите во која висината на школарините беше меѓу најголемите. Од земјите во регионот, во Република Бугарија партиципација за студентите од државна квота нема, а трошоците за кофинансирање се движат меѓу 50 и 200 евра. Република Хрватска за следната академска година првпат одлучи да ги ослободи студентите од партиципација. Во рамките на ЕУ, студирањето во државна квота е бесплатно во Чешка, Данска, Финска, Норвешка, Полска, Шведска. Пониски износи на партиципација од нашите има во Франција и изнесуваат околу 165 евра и во Унгарија, каде што партиципацијата е околу 190 евра.
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
E sega nie veke zapisanite studenti ke izleme na protest, kako moze za nekoi da bide poskapo a za nekoi obratno ne moze taka ili za site ili :pusk:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
А тоа што татко ми ја напумпал мајка ми, една година пред оваа генерација, ме прави помалку важен студент?! Како може тие да плаќаат дупло помала партиципација од мене само зашто се запишале една година покасно? Ајде да беше промена од страна на факултетот, ребаланс на буџетот ова она, тоа е веќе друго. Али ова е промена на ниво на цела држава. Просто ке плаќам поскапа партиципација за исти услови кои ке ги имаат идните бруцоши...Браво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom