Море човек Библијата ја имам читано и пречитано милион пати, многу убаво ти кажав дека во Библијата сите се нарекуваат синови Божји и ќерки Божји. А Исус е посебно истакнат бидејќи повикувал на вера во Бога, па затоа е и истакнат како негов најголем син, а после испаѓа дека е навистина он син од Бога.
Евреите така ги нарекувале сите посветени на Бога.
Дали тоа треба да се сфати буквално и да се поверува дека Исус е син на Бога со самото тоа и он Бог ?
не сите .
ама си постоеле уште во стариот завет ...и пред Мојсеј ( Мојсеј 1300 год пред Исус )
ЕВЕ :
СТАР ЗАВЕТ :
Битие: 6:2 Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.
6:4 Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.
Второзаконие: 32:8 Кога Сèвишниот им го делеше наследството на народите, кога ги разместуваше човечките синови, им ги одреди меѓите според бројот на Божјите синови:
Второзаконие:
32:43 Воскликнувајте, о небеса, со Него обожувајте Го, Божји синови!
1 Летописи: 24:5 Затоа ги поделија со жрепки, едните и другите, зашто посветените кнезови и Божјите кнезови беа и од Елеазаровите синови и од Итамаровите синови.
25:5 Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки.
Јов: 1:6 Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната.
2:1 Еден ден пак дојдоа Божјите синови да застанат пред Господа, а меѓу нив пристапи и Сатаната.
Псалм: 66:5 Дојдете и видете ги Божјите дела: направи чуда меѓу човечките синови.
89:6 Зашто кој Му е рамен на Господа во облаците? Кој Му е сличен на Господа меѓу Божјите синови?
Второзаконие: 32:43 Воскликнувајте, о небеса, со Него обожувајте Го, Божји синови! Воскликнувајте, племиња, со Неговиот народ, вознесувајте ја Неговата сила, Господови пратеници. Зашто ќе ја одмаздам крвта на Своите слуги, со иста мерка ќе им вратам на непријателите, ќе наплати од оние кои Го мразат Него, ќе ја очисти од грев земјата на Својот народ.”
1 Летописи: 23:14 Мојсеј беше Божји човек. Неговите синови се вбројуваат во Левиевото племе.
2 Летописи: 25:7 Но кај него дојде Божји човек и рече: „Царе, израелската војска нека не иде со тебе, зашто Господ не е со Израелците ниту со Ефремовите синови,
Псалм: 29:1 Давидов псалм. (При завршување на Празник) Дајте Му на Господа, о Божји синови, дајте Му на Господа слава и сила!
.
.
.
НОВ ЗАВЕТ :
Римјаните: 8:19 Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови -
Матеј: 5:9 Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат НАРЕЧЕНИ синови Божји!
Матеј: 5:9 Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Лука: 20:36 Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението.
Римјаните: 8:14 Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови.
Галатјани: 3:26 Зашто, сите сте Божји синови преку верата во Христа Исуса,.
.
.
.
.
Божји синови ................пред 2000 год не бил никаков новитет
тоа само Православ Католик Протестант додаваат бомбастични суперлативи ... лажат као "докажуваат" нешто што недржи .