Benzema (10.12.10 - As):
П: Се сеќавате некогаш да сте постигнале совршен hat-trick, гол со глава, со десна и со лева нога?
В: Ова ми е трет hat-trick во кариерата, но првиот совршен. Можеби постигнав некој кога бев мал, но никогаш како професионален играч.
П: Кој гол најмногу ви се допадна?
В: Мислам дека третиот беше најдобар. Тој најмногу ми се допадна, иако трите подеднакво ме радуваат.
П: За една вечер ја подобривте вашата статистика за оваа сезона. Добар одговор за критиките.
В: Играм во голем клуб и сите зборуваат за мене. Иако не читам весници, ми кажуваат се што пишува. Но не ме интересира што се пишува, затоа што многу од тие нешта се глупости. Јас знам по која насока се движам. Млад фудбалер сум, кој има среќа да игра во Real Madrid и да работи, работи и не престанува да работи.
П: Но трите гола ви помогнаа многу, нели?
В: Секако дека да. Поминав низ тешки моменти откако дојдов овде, но благодарение на натпреварите како овој во средата, сега сум подобар. Јас сум првиот кој забележува кога работам добро и кога не.
П: Мислите дека ги убедивте сите?
В: Сега мислам само на натпреварот против Zaragoza. Се надевам дека ќе бидам во првата 11-ка и дека ќе дадам гол. Разумен човек сум, hat-trick-от е добар, но нема да летнам во облаци поради него.
П: Ви пречи што се шпекулира за нов напаѓач во јануари?
В: Во голем клуб како Real Madrid секоја недела доаѓа некој играч! Јас не се грижам за тоа што се шпекулира. Кога ќе имам минути и можност да играм неколку последователни натпревари ќе го најдам најдобриот Benzema во мене.
П: Цела Франција ја виде вашата брилијантна игра во саботата. Дали е тоа порака и до францускиот селектор?
В: Нема никаква порака. Само знам дека Blanc со внимание следи се што правам во Мадрид. Очигледно е дека е добро да постигнеш hat-trick со Real Madrid.
П: Што ви помина во глава после третиот гол?
В: Сфатив дека исполнив една задача, дека навистина си ја завршив мојата работа. Се наполнив со среќа. Еден гол предизвикува големо задоволство, а три... да не ти кажувам. Против Auxerre поминав незаборавни моменти.
П: Не бевте загрижени откако натпреварот против Valencia го почнавте на клупа?
В: Не, затоа што Mourinho ни ја објасни својата тактика. Сакаше да го засили средниот ред и да не примиме гол. Влегов со 0-0 и победивме 2-0. Така да си отидов задоволен со победата. Mourinho знае што прави. Јас сум тој кој треба да ги искористи минутите кои ми ги дава.
П: Иако Higuaín е повреден, се уште се борите со него за во првата 11-ка....
В: Не борба Higuaín-Benzema. Воопшто. Играме во ист тим и работиме за доброто на екипата. Сакам Pipita да се опорави.
Преземено од
Kolku fanovi ima Real Madrid vo Makedonija