Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398


Мурињо за Руни: Ако го продаваат, јас ќе го повикам. :raz:
 
Член од
9 март 2010
Мислења
47
Поени од реакции
1
Ај честито победа другата утакмица со повеќе голови Мурињо состави добра формација но и играчите играја мн добро НАПРЕД ХАЛА МАДРИД
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
[video]http://rutube.ru/tracks/3691486.html?v=632cab04a3925a6cd3ef5c31e195558d&autoStart=true&bmstart=0[/video]
Full Highlights 2-0 vs Milan :smir:
 
Член од
9 декември 2008
Мислења
656
Поени од реакции
37
Касиљас - Потребна беше една интервенција од него, слобдниот на Пирло го одбрани и тоа е тоа.
Арбелоа - Солидно но треба уште малку самодоверба и да тргне да нафрли неколку топки, 90% ги враќа назат.
Пепе - Си го најде вистинскиот колега до него Карваљо. Со него оваа година ке прават лом.
Карваљо - Едно од најдобрите засилувања во последниве неколку години. :zver:
Марсело - Како прероден е од коа дојде Мурињо. Одбрана дисиплиниран а за напад нема да коментирам секоја чест. Све повеќе наликува на Карлос.
Чаби - Стандарт. Тоа што треба си го врши. Назад во одбрана е присутен, сече напади и дава минимум по 3 одлични долги пасови.
Кедира - Уфф. мислам дека повеќето сакаа Лас да стартува. Ама мислам дека дечково не демантираше сите одлична партија све што требаше си заврши. БРАВО !
Ди Мариа - Две грешки. Едната голема, контрата другата што се обиде да ја шутне со пета можеби требаше да проба со десна. Иначе за пасови одличен поготово оној кон Пипита со глава што ја шутна. Ама како и да е ми се свиѓа како изигра.
Озил - Човеков ке не носи на плеќи 10 години. Ке го носи цел Мадрид. Феноменален играч и нека продолжи вака.
РОНАЛДО - ВАНЗEМАЉСКИ ЧОВЕК. Одлична партија. Неста, Замброта, Гатузо не го видоа. Не беше свирнат и чист пенал врз него. Треба да сме горди што го имаме.
Пипита - Требаше да го РЕАЛизира тоа со глава кога ми ја намести Ди Мариа. Иначе си имаше неколку добро повлечени и нафрлени топки по десна страна.
------
Бензема - Малку играше неможе да се анализира.
Лас - Одврзано куче трча ко луд. Многу се труди.
Гранеро - Убаво си повлече една акција. Толку неможе друго да се анализира малку играше.

Одлична утакмица момци. Доминиравме. НАЈМНОГУ сум задоволен од одбраната од Пепе и Карваљо. Тоа е тоа. Битните утакмици ги победивме. Останува уште една Ајакс гости.
 
Член од
11 април 2010
Мислења
348
Поени од реакции
8
мислам дека ова горе не Џими Џамп :)

како што реков ја експлоатиравме предноста што ја имавме кога роналдињо пато и ибрахимович се во дефанзива тие едноставно не покриваат доволно а тешко може да се очекува од пирло и гатузо да го надополнат тоа..
ниеднаш ни роналдињо ни пато не беше еден на еден со својот чувар тоа е добра работа ја покажува диспилната и компакноста на екипата..
еве некои поединци да истакнаме..
Карвало-уште кога дојде реков дека овој човек ние е бисер за многу малку пари -одличен
Арбелоа-пријатно ме изненади дисциплинирано координирано
Марсело--е сега уште еднаш покажа дека не е до толку глупав колку што го мислев но понекогаш најдобро е да го избира најпросстото решение а не со некои циркуски потези да се обидува..марсело keep it simple ;) тогаш фубалот е најлесен ;)
Кедира-како што кажав и за него одличен дисциплиниран феноменален со топка..најважно од се феноменално позициониран..
Озил-ова позиција е створена за него затоа и Моу го базира системот на него..Моу знае дека кога ке се врати Кака ке добие уште еден феноменален играч на таа позиција(а ако кака се врати во старата форма за мене нема да биде изненадување ако озил веке не биде стартер но добро е да се има квалитетни играчи на таа позиција затоа што таа е највитална во системот што го играме.)
Игуаин-еве сега ке кажам зошто тој игра пред бензема..
Покрива поголем простор во дефанзива повеке трча од Бенз без топка во дефанзива затоа е и стартер
а кога ке се споредува ,,чулото за гол,,тука е далеку напред Бенз ако ме прашувате мене, но бенз мора да свати дека оваа не е Лион само да стои назад и некој друг да го покрива него, тој мора да си ги истрча 10 км на секој натпревар мора да стане Поливалентен играч..

Ако мене ме прашувате милан и нее е некој репер за нашата игра..
да игравме со Челзи или Манчестер и да ги победивме 2-0 тоа веке ке беше нешто..
сметам дека ако денес играме со Челзи ке изгубиме, но има време до Март има време екипата 100% да се вклопи..
а кога тоа ке се случи ке можеме да бидеме над сите..а се дотогаш работа работа и само работа...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398
Абеее, сеа ми текна. :) Како беше она, dodjite sada jer smo se dosta zajebavali.. :pos:
 

Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Страшно одиграна утакмица од страна на Реал Мадрид и Мурињо, .... честито победа па се надевам дека ќе гледаме поубаво издание од Милан на Сан Сиро.
Се надевам дека годинава ќе догурате далеку ако не и во самото финале.
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Вчера по завршувањето на утакмицата Кака ја посетил соблекувалната на Милан да се поздрави со пријателите,па потоа отишол кај Мадридистите да ја споделат победата :)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Роналдо со 40 погодоци за Реал Мадрид


Оваа сезона, најдобриот португалски репрезентативец Кристијано Роналдо продолжува да докажува дека парите дадени занего не биле потрошени залудно.

Синоќа португалецот повторно се запиша во листата на стрелците и ги принуди мадридските медиуми да пресметаат дека во моментов во односот на постигнати погодоци тој ги надминува клупските легенди Алфредо ди Стефано, Хуго Санчез и Раул Гонзалез.

Сепак, тешко е да се направи споредба со легендарните фудбалери на „кралскиот клуб“ во оваа фаза бидејќи Раул има повеќе од 700 натпревари во кои постигнувал 326 гола или просечно по 0.44 на натпревар.

Ди Стефано од своја страна забележал 307 голови во 403 натпревари, што дава просек од 0.76, додека Хуго Санчез 207 пати ја тресел противничката мрежа во 283 натпревари или просечно по 0.73 пати.

До овој момент Роналдо има 40 погодоци во 45 натпревари, што му дава просек од 0.88 по натпревар. Еден од головите кои го изделува весникот „Марка“ е оној на натпреварот со Сосиедад, кога по неговиот удар топката се одби од телото на Пепе и влезе во голот и според некои статистичари дефанзивецот му го „зел“ погодокот на Роналдо.

Минатата сезона Кристијано ја заврши со 33 погодоци во 35 натпревари, а досега има седум. Во текот на месец октомври португалецот се наоѓа во навистина фантастична форма откако постигна два гола за репрезентацијата, четири во првенствените натпревари за Реал, а вчера се запиша во листата на стрелците и на мегадербито со Милан.

http://www.marca.com/2010/10/20/futbol/equipos/real_madrid/1287571825.html

--- надополнето ---

Пепе: Се надевам дека ќе го продолжам договорот со Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид Пепе изјави дека се надева дека ќе го продолжи договорот со тимот, но сепак одлуката за тоа ја остави на својот актуелен клуб.

Неодамна се појавија гласини дека португалскиот репрезентативец не е задоволен од новиот договор кој му го нуди шпанскиот вицепрвак, па се појавија шпекулации за негово заминување.

Во моментов тој ја зема една од најниските плати во тимот - 1.8 милиони евра по сезона и сака да добие барем двојно повеќе, а од друга страна раководството на Реал му нуди 2.5 милиони, што не го задоволува.

Сакам да го продолжам договорот со мојот клуб и се надевам дека раководството ќе излезе во пресрет на моите барања. Јас сум задоволен и навистина добро се чувствувам тука.“ - изјави Пепе и додаде:

Мислам дека веќе го покажав својот квалитет и очекувам да бидам соодветно проценет. Не сакам ништо повеќе.“
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Mouriho (Real Madrid 2-0 Milan): Знаевме како ќе играат. Многу добро го познавам Milan и бевме подготвени. Нашата концентрација, интензитетот.... и сето тоа само неколку денови по победата над Málaga. Среќа што е натпревар за квалификации и головите не прават голема разлика. Да беше елиминација немаше да бидам задоволе...н што не заврши 4-0. Сега ни остануваат два натпревари на гости и да ја завршиме оваа фаза дома против Auxerre и сакам што побрзо да се реши се. Со 10 бодови ќе бидме квалифицирани. Ако не паднеме во Милано, се е решено. Но прво треба да се квалифицираме и после да се бориме да бидеме први во група. Треба да играме со името и мораме да бидеме чесни и сериозни. Ќе играме без да му подариме на никого, ништо.
Секој натпревар е различен. (1.) Со деца кои играат против супер мажи, со километри во нозете и да ги водиш психички е многу важно. Тоа е позитивен сигнал. Не освоивме ништо, иако сме први во група во ЛШ и први во Liga.
Постои позитивна атмосфера меѓу играчите. Конструираме нешто многу важно, но ова е почеток. (2). Овде ќе бидам 4 години и очекувам заедно да освоиме многу нешта.
Потребна ми е помошта од Bernabéu, да ја препознаат работата на играчите. Bernabéu е стадион со интелигентни луѓе, кои го ценат фудбалот и оние кои тоа го заслужуваат. Имав фантастична 11-ка на терен денес и исто така фантастични играчи на клупа.


1. :salut:
2. Амин! :vozbud:
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
495
Поени од реакции
83
Вчера бев логиран на форум ама не пишав, ќе пишев само победаааа или нешто слично, па денес со поладна глава да пишам некој коментар за играта...
Се додека не падна првиот, а Богами и вториот гол, не верувам дека некој играч на Милан фати топка. Откако им сместија два нашиве, со нагласок на првиот од Кристиано, видоа дека Милан не се којзнае што, па утакмицата ја доиграа смирено и без притисок. Со која причина да си ги кршат нозете кога овие недокваканите не знаат да направат акција, а камоли нешто повеќе...
Одлична игра, рутинирана победа и 9 бода. Со едната, ако не и со двете нозе во 1/8 финале.


бтв: Денес Неста наводно слетал во Охрид. Да не знае некој нешто повеќе за ова?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom